Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
СветТрамп: САД ќе испратат контингент ракети „Патриот“ во УкраинаАмериканскиот претседател Доналд Трамп ќе испрати ракети „Патриот“ во Украина, наведувајќи дека на Киев му се потребни за да се одбрани од Русија.-Рускиот претседател Владимир Путин зборува убави работи, а потоа навечер бомбардира сè, рече Трамп, пренесуваат британските медиуми. Тој не прецизираше колку ракети ќе бидат испратени во Украина, но истакна дека Европската Унија ќе ги надомести трошоците за ракетите. -Ќе ги испратиме „патриотите“ што им се очајно потребни, бидејќи Путин изненади многу луѓе. Тој зборува убави работи, а потоа бомбардира. Постои еден мал проблем, а тоа е што не ми се допаѓаат такви работи. Во основа, ние испраќаме разни парчиња софистицирана воена опрема во Украина. Тие ќе ја платат целата цена за тоа, бидејќи така ни одговара, рече Трамп. Зборувајќи за потенцијален договор за прекин на огнот во Појасот Газа, Трамп изрази надеж дека тоа ќе се случи оваа недела. -Преговорите се во тек и се надевам дека ќе можеме да постигнеме договор до крајот на неделата, рече Трамп. Американскиот претседател истакна дека разговарал со заменик-директорот на американското ФБИ, Ден Бонгино, за да го намали незадоволството на јавноста од тоа како Министерството за правда на САД го заврши случајот со обвинувањата против Џефри Епштајн и неговиот наводен список на клиенти. На прашањето на новинарите дали Бонгино ќе остане на таа позиција, Трамп одговори позитивно.Тагови: Доналд Трамп украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонија го празнува 23 Октомври- Денот на македонската револуционерна борба Македонија денеска го одбележува 23 Октомври – празник кој потсетува на стремежот за слобода, самостојност и државност. На овој ден во 1893 година, во Солун, биле поставени темелите на Македонската револуционерна организација, чија борба подоцна ќе го достигне својот врв со Илинденското востание во 1903 година. Почетоците на организираното револуционерно движење се поврзуваат со група македонски интелектуалци, кои во сложени историски околности решиле да преминат од зборови на дела. „На овој ден кога ја основаа организацијата, ја основаа македонските интелектуалци – револуционери: Даме Груев професор, Христо Татарчев лекар, Иван Хаџиниколов книжар, Петар Поп Арсов професор... Овие високи македонски интелектуалци се определиле на дејствување и историското значење на овој ден е затоашто го означува почетокот на револуционерната борба на македонскиот народ, за ослободување и за своја држава. Она што треба да се нагласи дека после овој ден кој го празнуваме како празник се поставува основата за продолжување на борбата, по кој следува Илинден 1903 како втор голем македонски национален празник..“ Според професорот Миновски, доколку организацијата не ги поставела темелите и програмата за создавање сопствена држава, понатамошната борба за ослободување на македонскиот народ ќе била многу потешка. По повод празникот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека историските идеали денес треба да се преточат во чесна работа, праведност и реформи за просперитетна држава. Честитка упати и претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој повика на единство, меѓусебно почитување и заедничка одговорност за градење демократско и стабилно општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува еднакво и почитувано. Во чест на македонските револуционери, денес се положи свежо цвеќе пред споменикот на основачите на ВМРО во паркот „Жена борец“ во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаБрод е погоден со дронови на 25 километри од брегот на Романија- има загинати и исчезнати (ВИДЕО)Романските власти најавија операција за пребарување и спасување во Црното Море откако избувна пожар на товарен брод. Едно лице загина, а тројца се водат како исчезнати. Властите не соопштија што го предизвикало пожарот на бродот, но неколку локални медиуми објавија дека бил погоден од беспилотни летала. Според Романската поморска администрација, инцидентот се случил околу 13 наутички милји источно од пристанишниот град Констанца и бил пријавен околу 10 часот по локално време. Екипажот на бродот се состоел од десет украински и тројца азербејџански државјани. „Најновиот инцидент со брод во Црното Море е дел од руската ескалација во регионот“, рече романскиот претседател Никушор Дан. 10 лица спасени од близок трговски брод Министерството за внатрешни работи соопшти дека граничната полиција добила извештај од Поморскиот координативен центар за пожар на трговски брод кој „претрпел сериозна штета и се превртел, со непосреден ризик од потонување“. Видеото што го споделил поранешниот советник на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко, покажува дека бродот е пред потонување. „Од 13-те лица на бродот, десет беа спасени од друг трговски брод што беше во близина. Девет лица се живи, а едно почина. Три лица сè уште се водат како исчезнати“, се вели во соопштението на министерството. Романската поморска администрација го идентификуваше бродот како товарен брод „Хорив“, кој пловеше под знамето на Коморите. Според податоците од веб-страницата MarineTraffic, која го следи морскиот сообраќај, бродот исплови од Турција на 21 октомври и се упати кон романското пристаниште Сулина. „Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преостанатите тројца членови на екипажот“, потврди поморската администрација. Таа додаде дека поради неповолните временски услови и слабата видливост, не било можно да се изнајми хеликоптер. The Comoros-flagged merchant ship Khoryv sank in the Black Sea off the coast of Romania this morning. Preliminary reports suggest the vessel may have been sunk by a drone attack. There were 13 crew members on board - 10 Ukrainian nationals and three Azerbaijani nationals, according to the Romanian Naval Authority. So far, rescue teams have pulled nine people alive from the water and recovered one body. The search and rescue operation is ongoing. — Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) October 23, 2026 Страв од ширење на војната Инцидентот следува по серија напади со беспилотни летала врз најмалку седум товарни бродови покрај бреговите на земјите-членки на НАТО, Романија и Бугарија, во текот на октомври. Нападите ги поттикнаа стравувањата дека војната на Русија во Украина се шири во соседните области на Црното Море. Неодамнешните напади во ексклузивните економски зони на двете земји се закануваат на важна меѓународна морска рута. Две лица загинаа во нив, а најмалку 25 лица сè уште се водат како исчезнати. Во саботата, романските пилоти, ангажирани во задачи за надзор на воздушниот простор, соборија два дрона во романските територијални води на Црното Море.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаГоривата во Европа уриваат рекорди- дизелот и бензинот поскапеа и до 42% Цените на горивата и мазивата за патнички автомобили во Европската Унија во септември беа за 31,4 проценти повисоки отколку во истиот месец во 2025 година, објави Евростат.Растот на цените се забрзува од месец во месец. За споредба, зголемувањето на годишно ниво во јули изнесуваше 16,9 проценти, додека во август достигна 23,8 проценти. Според Европската статистичка служба, растот во септември беше поголем отколку во јули и август во дури 26 земји-членки на ЕУ (во споредба со 2025 година), објави Кликс. Најголем скок во три европски земји Во споредба со септември минатата година, цените на горивата скокнаа за повеќе од 40 проценти во три земји: • Бугарија: 42,2% • Естонија: 40,6% • Литванија: 40,2% Уште 12 земји-членки забележаа раст од повеќе од 30 проценти - од 37,5 проценти во Чешка до 30,3 проценти во Португалија. Од друга страна, најмал годишен пораст е забележан во Унгарија (6,9%), по што следат Ирска (17,7%) и Шведска (19,9%). Месечно зголемување на цените на дизелот и бензинот На месечна основа (септември во споредба со август), цените на дизелот во ЕУ се зголемија во просек за 5,9%, а цените на бензинот за 6,7%. Еден месец претходно, цените на дизелот се зголемија за 8,3% во споредба со јули, додека цените на бензинот се зголемија за 3,3%. Дизел: Цените се зголемија во 26 земји помеѓу август и септември. Најголеми зголемувања се забележани во Шведска (12,8%), Латвија (10,3%) и Полска (9,7%), а најниски во Шпанија (2,4%), Хрватска (2,5%) и Романија (3%). Бензин: Зголемувања се забележани и во 26 земји-членки. Највисок месечен раст е забележан во Шведска (13,8%), Полска (9,7%) и Естонија (9,5%), додека најнизок е во Кипар (3,8%), Романија (4,2%) и Словенија (4,6%). Немаше промена само во Малта, каде што цените на дизелот и бензинот се фиксни од 2020 година.Тагови: горивата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05