Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
1Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
СветТрамп не сака средба со Путин се додека не биде сигурен за постигнување договор за мир во УкраинаАмериканскиот претседател Доналд Трамп не планира средба со рускиот претседател Владимир Путин се додека не верува дека е постигнат договор што ќе обезбеди мир меѓу Русија и Украина.„Мора да знаеме дека ќе постигнеме договор, нема да губам време“, изјави Трамп во Доха. Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, претходно за Си-Ен-Ен во Вашингтон изјави дека верува оти неговата земја, САД и Украина се блиску до дипломатско решение за ставање крај на војната во Украина. Потоа Дмитриев рече дека средбата меѓу Доналд Трамп и Путин не е откажана, како што изјави американскиот претседател, и дека двајцата лидери веројатно сепак ќе се сретнат. Трамп е во посета на Катар, на првата станица од неговата голема азиска турнеја, што ќе кулминира со средба со кинескиот претседател Си Џинпинг в четврток. Американскиот претседател рече дека се надева на „многу добар состанок“ со својот кинески колега и очекува Пекинг да постигне договор за избегнување дополнителни 100-процентни царини што треба да стапат на сила на 1 ноември. Во меѓувреме, Трамп рече дека е „отворен“ за средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за време на турнејата, негова прва посета на регионот откако се врати на власт во јануари. Тој ќе ги посети Малезија, Јапонија и Јужна Кореја. Во Куала Лумпур, американскиот претседател ќе учествува на самитот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) денеска, кој постојано го игнорираше за време на неговиот прв мандат. Се очекува да склучи трговски договор со Малезија и да биде сведок на потпишувањето на мировниот договор меѓу Тајланд и Камбоџа, со кој беше прогласен прекин на огнот на 29 јули. Американскиот претседател ќе отпатува утре за Јапонија каде што следниот ден ќе се сретне со Санае Такаичи, која оваа недела стана првата жена премиер на јапонската влада. Турнејата ќе заврши во Јужна Кореја, каде што се очекува Доналд Трамп да присуствува на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) што започнува в среда, на чии маргини ќе се сретне со Си Џинпинг во Гјонгџу в четврток.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗајакнати акциски контроли за брзо возење – констатирани 628 прекршоциНа 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли .На 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон санкционирање на возачите кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. При спроведените контроли констатирани се вкупно 628 прекршоци. Од нив, 344 прекршоци се констатирани кај возачи кои ја надминале дозволената брзина надвор од населено место, додека 284 прекршоци се однесуваат на возачи кои ја надминале пропишаната брзина во населено место. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи. Во текот на контролите констатирани се и 66 прекршоци од друг вид. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и намалување на ризиците предизвикани од непочитување на ограничувањата на брзината, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаД-р Василевски петти ден штрајкува со глад пред Медицинскиот факултетПетти ден само со вода и електролити и без како што самиот посочува, ниту „залак“, доктор Дарко Василевски го продолжува штрајкот со глад на во паркот пред деканатот на Медицинскиот факултет. Вели исцрпен е, но се чувствува добро, и физички и психички. Досега од итна медицинска помош потреба немал, а првите, евентуални потешкотии и можна опасност по здравјето очекува по седмиот ден. Најтешки моменти, кога е сам во шаторот, му се недостасувањето на семејството, особено на 14 годишниот внук, и студот кој го облева во зори. -Мислам дека некаде после седмиот ден би можел да почувствувам изнемоштеност, слабост, срце биење, малаксалост, сепак и покрај тоа што внесувам течности, електролити, сепак организмот си бара и храна. Колку може да биде опасност за вас? Може. Кој е најзагрижен? Мислам дека внук ми, нему му е од една страна интересно, чичо спие во шатор, а од друга страна го чувстувам по гласот дека мисли дека нешто лошо ќе ми се случи. 13 – 14 години има. Он ми недостасува најмногу. Синоќа беше не сакам да доаѓа премногу често, малечок и би влијаело тоа на него. А, на вас? Мислам дека уште повеќе,- - д-р Дарко Василевски. Добар дел од неговите пријатели во клиничкиот центар го посетуваат и му даваат совети како да го одржи организмот во кондиција, но најгласен, вели, е советот да си оди дома и да си го чува здравјето. Но, дециден е, ништо нема да го одврати од замисленото и покрај, според него, молкот од институциите. Оптимист е и очекува совеста, како што вели, на крајот да проработи кај надлежните... -Се надевам дека на крајот ќе проработи разумот, дека ќе престане игнорантскиот однос и дека имаат шанса некои да станат херои од целата оваа ситуација. Од нив зависи дали ќе станат херои или ќе останат запаметени по некои други работи. Се надевам, јас сум оптимист и секогаш ги барам позитивните и добри страни во секој еден човек, така да се надевам дека и овде ќе проработи нечија свест и совет,- - Д-р Дарко Василевски. Василевски очекува да му се објасни зошто не е избран на конкурсот за вработување на медицинскиот факултет, и да се објавават критериумите и ранг-листите според кои биле избрани двајцата кандидати пред него. Воедно очекува да се преиспита дали бил дискриминират поради возраста, оти има 45 години, наместо да се земат предвид стручноста, искуството и знаењето. Од Медицинскиот факултет пак кажаа дека постапката била објективна и транспарентна, без Василевски да биде поставен во подредена положба, туку едноставно дека избраните кандидати биле подобро рангирани според формалното образование и интервјуто. Според податоците од деканатот, Василевски бил со просек од 8,20, а кандидатите кои биле вработени, со 9,29, односно 9,21. МОН во меѓувреме го повика да поднесе претставка за да се провери законитоста на постапката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаЃорѓиевски: Темелно се чистат Камениот мост и плоштадот ,,Македонија”Во тек е темелно чистење на Камениот мост и плоштадот „Македонија“, кои се лицето на нашиот град.Тука се среќаваат генерации, се пречекуваат гости и се создаваат спомени што остануваат за цел живот. Токму оттука многубројни туристи ја понесуваат својата прва слика за Скопје како град со душа, историја и препознатливо место на светската туристичка мапа. Затоа, овие симболи заслужуваат постојана грижа и внимание. Скопје заслужува да биде чисто, уредено и гордо на своите обележја. А сите ние имаме обврска да го чуваме она што ни припаѓа заеднички – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Во рамките на овие активности се отстрануваат натписите, графитите и насобраната нечистотија, со употреба на специјално средство и чистење под притисок, за овие простори повторно да го добијат својот уреден и достоинствен изглед. Дополнително, привршуваат активностите за архитектонско осветлување на Камениот мост и за повторно пуштање во употреба на подната фонтана, која со години беше оставена да пропаѓа. Светлината и водата повторно ќе внесат живот и убавина во срцето на градот, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08