Трамп ја отфрли можноста да употреби сила за да го преземе Гренланд - Канал 5

Трамп ја отфрли можноста да употреби сила за да го преземе Гренланд

Доналд Трамп ја исклучи можноста да користи сила за присвојување на Гренланд, но побара неодложни преговори за сопствеништво врз островот. 

Трамп ја отфрли можноста да употреби сила за да го преземе Гренланд

Тој се пожали дека САД најмногу вложиле а ништо не добиле од НАТО, затоа за возврат го бараат клучниот стратешки остров, кој според Трамп може да биде заштитен единствено од Америка.

-Луѓето мислеа ќе користам сила. Нема потреба да користам сила, не сакам и нема да користам сила. Се што САД бара е место наречено Гренланд, кое веќе го имавме но и го вративме на Данска. Според моето мислење, ние плаќавме 100% од НАТО затоа што тие не си ги плаќаа сметките. Се што бараме е да го добиеме Гренланд со право на сопственост зошто тоа ви треба за да може да го браните, не можете да го браните ако е под закуп. Тие имаат избор – можете да кажете „да„ и ќе ви бидеме многу благодарни, или може да кажете „не„ и ние тоа ќе го запаметиме. - Доналд Трамп, претседател на САД

Пред долгоочекуваниот говор на Трамп, во Давос генералниот секретар на НАТО Марк Руте се обиде да ја смири тензичната атмосфера околу овој раскол во НАТО – тој го пофали Трамп за неговото лидерство во рамки на Алијансата и рече дека заедничката цел на НАТО и САД е одбрана на Арктикот од Русија и Кина.

-Кога е во прашање Арктикот, мислам дека претседателот Трамп е во право како и останатите НАТО лидери. Треба да го браниме Арктикот, знаеме дека морските патишта се отвораат, знаеме дека Кина и Русија имаат зголемена активност во Арктикот. Моментално не сум многу популарен среде вас бидејќи го бранам Доналд Трамп, но навистина верувам дека може да бидете среќни што е тука, бидејќи ја натера Европа да направи исчекор, да се соочи со последиците дека мораме повеќе да се погрижиме за сопствената безбедност.- Марк Руте, генерален секретар на НАТО

Утре во Брисел се очекуваат лидерите на земјите членки на ЕУ на итниот состанок на кој Унијата треба да истапи со консолидиран одговор на барањата на Трамп но и на заканите за американски тарифи за сите европски земји кои ќе застанат на патот на целосно американско сопствеништво врз Гренланд. Во пресрет на состанокот, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, предупреди дека Унијата е подготвена да се одбрани од принуди.

-Обединети сме во целосна поддршка и солидарност со Кралството Данска и Гренланд. Само тие, Данска и Гренланд, може да одлучуваат за својата иднина. Подготвени сме да се одбраниме себеси, нашите земји-членки, нашите граѓани и компании од каква било форма на принуда.- Антонио Кошта, претседател на Европски совет

Трамп во својот говор остана дециден дека островот на кој тој планира да гради противракетен систем Златна Купола, е исклучително потребен за националната безбедност на САД а со тоа и на целокупната северноатлантска алијанса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 109 мигранти загинаа кога бродот се преврте во близина на Џибути

Најмалку 109 мигранти, меѓу кои и 15 деца, загинаа, а повеќе од 116 се водат како исчезнати откако брод со околу 350 луѓе се преврте на пат од Џибути кон Јемен, соопшти Меѓународната организација за миграции (ИОМ). 

Најмалку 109 мигранти загинаа кога бродот се преврте во близина на Џибути

Бродот се преврте во текот на ноќта меѓу 8 и 9 октомври во близина на Гухере, северно од Обок, пристанишен град во Џибути. Според податоците на ИОМ, повеќе од 80 луѓе ја преживеале несреќата и сите тие се државјани на Етиопија, пренесува Срна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Алкараз изненади со нов имиџ

Вториот светски тенисер Карлос Алкараз изненади со нов изглед.

Фото: Алкараз изненади со нов имиџ

Шпанскиот тенисер се појави на тенискиот терен без препознатливата брада, но со мустаќи.

Карлос Алкараз се појави на мечот од второто коло во Шангај со нов, интересен изглед. Шпанскиот тенисер ја избричил брадата и остави само мустаќи, а потоа на теренот ја оправда улогата на фаворит.

Во второто коло го победи Аргентинецот Хуан Мануел Серундоло со 6:3, 6:3 и се пласираше во третото коло. Мечот траеше само 66 минути.

Новиот изглед не бил случаен. Алкараз открил дека сè започнало откако победил на турнирот во Токио, каде што ја освоил својата прва титула по враќањето по повредата на зглобот.

Тој се договорил со членовите на својот тим дека, доколку победи на турнирот, сите ќе пуштат мустаќи и ќе настапат во Шангај со тој изглед.

„Ќе ги задржат цела недела. Отсекогаш сум сакал да излезам на теренот со мустаќи. Пред Токио рековме: 'Ако победам на турнирот, сите мора да имаме мустаќи и да играме со нив во Шангај'. Навистина е забавно, се смееме и уживаме“, објасни Алкараз.

По победата, тој се потпиша на камерата со пораката „Тим Мустаќи“, со што дополнително покажа дека целата приказна ја прифатил како забавен предизвик заедно со луѓето од својот тим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Винисиус му се извини на Реал, потоа ги нападна судиите: „Каква срамота!

Бразилецот Винисиус Жуниор им се извини на соиграчите и на навивачите на Реал Мадрид поради исклучувањето на натпреварот против Виљареал, но набрзо потоа се огласи и ги критикуваше судиските критериуми.

Винисиус му се извини на Реал,  потоа ги нападна судиите: „Каква срамота!

Бразилскиот фудбалер доби директен црвен картон во 72. минута, откако за време на натпреварот го повлече Нејтан Салиба за коса.

Реал Мадрид оствари минимална победа над Виљареал, но натпреварот го одбележа еден необичен потег на бразилскиот напаѓач. Винисиус влезе во игра во второто полувреме, а само 20 минути подоцна беше исклучен по проверка преку ВАР.

Инцидентот се случи близу средината на теренот, во ситуација кога топката не беше во непосредна близина.

Контроверзниот Вини го повлече Салиба за косата, поради што судијата, по прегледувањето на снимката, одлучи директно да му покаже црвен картон.

Поради исклучувањето, голот што Бразилецот го постигна во продолжението на акцијата беше поништен.

По натпреварот, Винисиус се огласи на социјалните мрежи и им се извини на Реал Мадрид и на навивачите. „Радоста продолжува, им се извинувам на тимот и на навивачите“, напиша Винисиус на Инстаграм.

Сепак, тој не застана тука. Во следната објава, тој сподели неколку ситуации за кои смета дека покажуваат нееднакви критериуми при судењето, тврдејќи дека токму тој бил казнет во случаи кога други играчи поминале без истите санкции.

„Кој доби жолти и црвени картони овде? Само Винисиус, каква штета!“, напиша Бразилецот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер