Цветаноски: Ниту еден месец не издржа студентскиот „Стив Наумов“- влага по реконструкцијата од 10 милиони!
1Цветаноски: Ниту еден месец не издржа студентскиот „Стив Наумов“- влага по реконструкцијата од 10 милиони!
3Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот
Таткото на Меган Маркл се соочува со тешки обвинувања за силување деца, синот тврди дека пронашол снимки (ВИДЕО)
2Таткото на Меган Маркл се соочува со тешки обвинувања за силување деца, синот тврди дека пронашол снимки (ВИДЕО)
СветТрамп има здравствени проблеми- се огласи Белата куќа На американскиот претседател Доналд Трамп му е дијагностицирана хронична венска инсуфициенција, нарушување на циркулацијата на крвта, откако забележал „благ оток во долните екстремитети“, откри денеска портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит.Левит го даде изненадувачкото соопштение додека одговараше на шпекулациите за неодамнешните модринки на рацете на Трамп, за кои рече дека биле оценети како „благ оштетување на меките ткива предизвикани од чести ракувања и употреба на аспирин“ за превенција од срцеви заболувања, објави Њујорк пост. „Во духот на транспарентност, претседателот сакаше денес да ја споделам неговата лекарска белешка со сите вас“, рече портпаролката на Белата куќа. „Во текот на изминатите неколку недели, претседателот Трамп забележа благ оток во долните екстремитети, кој, како дел од рутинската медицинска нега, беше темелно оценет од Медицинската единица на Белата куќа“, прочита таа. „Претседателот беше подложен на сеопфатен васкуларен преглед, вклучувајќи дијагностички тестови - беа извршени билатерални доплер ултразвуци на долните екстремитети, а беше пронајдена хронична венска инсуфициенција... честа состојба, особено кај луѓе над 70 години.“ Таа додаде: „Важно е да се напомене дека немало докази за длабока венска тромбоза или артериска болест... Исто така, беше извршен ехокардиограм, кој потврди нормална срцева структура и функција; не беа идентификувани знаци на срцева слабост, бубрежна слабост или системска болест.“ Не беше веднаш јасно како Трамп, кој има 79 години, ќе биде лекуван за оваа состојба. „Неодамнешните фотографии од претседателот покажуваат благи модринки на задниот дел од раката“, исто така призна таа. „Ова е во согласност со благи оштетувања на меките ткива предизвикани од често ракување и употреба на аспирин, кој се зема како дел од стандарден режим за превенција на кардиоваскуларни заболувања. Ова е добро познат и безопасен несакан ефект од терапијата со аспирин и претседателот останува во одлична здравствена состојба, како што мислам дека сите го гледате тука секој ден.“Тагови: Белата куќа Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦветаноски: Ниту еден месец не издржа студентскиот „Стив Наумов“- влага по реконструкцијата од 10 милиони!Ни еден месец не издржа реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“!Влага, вода што протекува од сите страни, нема греење, нема топла вода! Нели „Стив“ ќе беше хотел од А-категорија? Вака ли изгледа хотел од А-категорија, со прокиснати соби и влага по ѕидови? Се потрошија 10 милиони, а наместо подобри услови, студентите немаат ниту основни услови за живот! За што се потрошија милионите? Каде завршија парите? Повторно во сомнителни партиски тендери? Очигледно, поважно е да се набават автомобили на лизинг, отколку обезбедување достоинствени услови за студентите. Двојно ја зголемивте партиципацијата за сместување. За што студентите плаќаат 6.600 денари месечно? За прокиснати соби и мизерни услови? Веќе не можете да ги лажете студентите! Бараме итно одговорност. Проверка, објавување на сите трошоци и договори и утврдување одговорност! За секој потрошен денар мора да има отчет. На денот на ВМРО ова е порака од младите до арамиите на власт: ќе одговарате!, рече Бојан Цветаноски, потпретседател на СДММ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба08:59Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба08:59
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
БалканСамитот ЕУ- Западен Балкан ќе се одржи на 25 ноември во Брисел Лидерите на Европската Унија и Западен Балкан ќе се сретнат во Брисел на 25 ноември, објави денеска Европскиот совет.Лидерите на Европската Унија и Западен Балкан ќе се сретнат во Брисел на 25 ноември, објави денеска Европскиот совет, додавајќи дека самитот ќе ја истакне важноста на односите меѓу ЕУ и Западен Балкан. Европската Унија ќе биде претставена на самитот од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, кои повторија дека иднината на Западен Балкан лежи во Европската Унија. „Нивниот пристап е наш приоритет, наша заедничка амбиција и клучна геополитичка инвестиција во овие турбулентни времиња. ЕУ е и ќе остане најсигурен партнер на овој регион“, нагласи Коста. Во соопштението се вели дека Самитот е можност да се потврди посветеноста на ЕУ на перспективата за членство на Западен Балкан, како и да се охрабрат партнерите да ги забрзаат решителните реформи и да ги исполнат обврските потребни за напредок на нивниот пат кон ЕУ. Исто така, беше објавено дека лидерите ќе го оценат напредокот во постепената интеграција на Западен Балкан во ЕУ, особено преку Планот за раст на Западен Балкан и ќе разговараат за тоа како понатаму да се унапреди овој процес, а ќе разгледаат и заеднички предизвици и начини за зајакнување на безбедноста и отпорноста во сè посложена геополитичка средина. Претходниот самит ЕУ-Западен Балкан се одржа на 5 јуни годинава во Тиват.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКостадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со ЗаконодавецотПретседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, се обрати на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“.Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, се обрати на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“, којашто се одржа на 22 октомври 2026 година во Приштина, по повод 17-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Косово. Дел од делегацијата се судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер. Костадиновски говореше во рамки на втората панел-сесија, на темата „Уставните судови, демократијата и владеењето на правото“, осврнувајќи се на улогата на уставното судство во заштитата на демократските вредности, институционалната рамнотежа и границите на уставносудската контрола. Во фокус на неговото обраќање е судскиот активизам како гарант за заштита на демократските вредности. Костадиновски го истакна значењето на уставниот дијалог, меѓусебното почитување на надлежностите и аргументираното толкување на Уставот. Тој нагласи дека уставните судови мора да бидат доволно храбри да носат и непопуларни одлуки кога тоа го налага заштитата на уставните вредности, но истовремено и доволно воздржани за да не ја преземат улогата на законодавецот. „Силен уставен суд не е оној што има најголема моќ, туку оној што има најголем авторитет да ја заштити уставноста“, истакна Костадиновски, посочувајќи на значењето на правната аргументација, доследноста, независноста и довербата во уставното судство, соопштуваат од Уставниот суд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook