Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
СветТрамп ѝ даде 50 дена на Русија: Им испраќам супериорно оружје на НАТО за да го испратат во Украина (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп разговара со медиумите заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, од Белата куќа.Во разговор со новинарите, Трамп ѝ се закани на Русија со нови тарифи од 100 проценти ако не постигнат мировен договор во Украина во рок од 50 дена. „Многу сум незадоволен од Москва“, рече тој. Потоа Трамп додаде дека постигнал договор за испорака на оружје во Украина. „Ќе испратам врвно оружје до НАТО, кое потоа ќе може да го испрати во Украина. Денес постигнавме договор дека ќе им испратиме оружје, а тие ќе платат за него“, рече тој. Потоа додаде дека војната во Украина мора да заврши. „Ова е воена опрема вредна милијарди долари што ќе ја купат САД, ќе оди во НАТО и ќе биде распоредена на бојното поле многу брзо“, објасни американскиот претседател. Тој рече дека ракетите „Патриот“ ќе бидат испратени „за неколку дена“ и „наскоро ќе почнат да пристигнуваат“. Трамп рече дека Украинците „продолжуваат да се борат со голема храброст“, но дека губат голема количина воена опрема. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, потоа испрати порака дека Русија не ги бомбардира украинските градови за воени цели, туку за да предизвика паника кај населението. Руте: Ова е историска одлука Потоа Руте ја оцени одлуката на Трамп како историска. „Ова е навистина голема работа“, рече Руте, додавајќи дека тоа е одлука што ќе ѝ овозможи на Украина да ја одржи својата одбрана од Русија. Тој истакна дека европските земји ќе ги покријат трошоците за купување оружје, на што Трамп додаде: „Тоа има совршена смисла“. Руте заклучи дека овој модел на градење европска одговорност доаѓа како продолжение на успехот на неодамнешниот самит на НАТО, велејќи дека „Европејците сега ја преземаат водечката улога“. Американскиот претседател претходно денес посочи дека ќе даде „голема изјава“ за војната меѓу Русија и Украина.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче го известил раководството за разрешувањето на Славјанка ПетровскаПретседателот на СДСМ Венко Филипче ја разреши пратеничката Славјанка Петровска од фукцијата заменик – координаторка на пратеничката група на партијата. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја разреши пратеничката Славјанка Петровска од функцијата заменик-координаторка на пратеничката група на партијата. На координација која се одржала вчера, Филипче ги известил присутните за одлуката, а Петровска во изјава за Канал 5 потврди дека го потпишала известувањето до претседателот на Собранието Африм Гаши. Таа вели дека не и била посочена конкретна причина за разрешувањето, но реагира на обвинувањата што, ги упатил партискиот лидер против неа, а кои смета дека оделе во прилог на ВМРО-ДПМНЕ. Таа порачува дека останува верна на социјалдемократските принципи и дека нема да отстапи од своите политички ставови. „ Функција како функција, менлива е и менлива, се разбира дека за мене тоа не е никогаш ниту било, нити е проблем, затоа што никој не може да ми ја одземе мојата социјалдемократска определба. Јас ништо не сум направила спротивно на интересите на партијата и не може едно раководство или тесен круг на луѓе околу Венко Филипче да се претставуваат дека се тие коишто го зборуваат гласот на членството. Јас кажав и на самата координација, доколку има потреба за елаборирање и објаснување на моите политички ставови кои се однесуваат на партиското раководство, апсолутно јас сум подготвена да се соочам и со членовите на Централниот одбор, но и со членовите на Конгресот на партијата.“ Разрешувањето доаѓа откако Петровска ја поддржа платформата „Разговори за иднината во 12:05“, која бара оставка од Филишче и реформи во партијата. Во гостувањето во „Само интервју“, Игор Ивановски од платфоркмата објасни дека иницијативата не е насочена само кон промена на претседателот, туку и кон промена на начинот на кој партијата ја води опозициската политика. „Они мислат дека бројот на соопштенија е политичко, партиско, опозициско дејствување? И тоа сè во погрешен тајминг: кога треба да се збори за локални проблеми за граѓаните, тие зборат за Бугарите во Устав. Сега, кога имавме сериозен, и сè уште не е завршен проблемот на тотално руинирање на нашиот безбедносен, правосуден, политички систем со учество или под водство на Бугарија, а тоа е бегството на Ива Михајлова, пример. Имате ситуација кај што Артан Груби излегува од куќен притвор внимавајте – и прави фешта во Чаир. СДСМ на пратенички прашања поставува прашање за ископ на земја.“ Од друга страна, Филипче во телевизиско интервју за Алсат ги отфрли обвинувањата дека актуелното раководство ја губи поддршката во партијата. Воедно, ги обвини иницијаторите на платформата за поврзаност со власта и порача дека нема да дозволи овие случувања да ја поделат партијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонија го празнува 23 Октомври- Денот на македонската револуционерна борба Македонија денеска го одбележува 23 Октомври – празник кој потсетува на стремежот за слобода, самостојност и државност. На овој ден во 1893 година, во Солун, биле поставени темелите на Македонската револуционерна организација, чија борба подоцна ќе го достигне својот врв со Илинденското востание во 1903 година. Почетоците на организираното револуционерно движење се поврзуваат со група македонски интелектуалци, кои во сложени историски околности решиле да преминат од зборови на дела. „На овој ден кога ја основаа организацијата, ја основаа македонските интелектуалци – револуционери: Даме Груев професор, Христо Татарчев лекар, Иван Хаџиниколов книжар, Петар Поп Арсов професор... Овие високи македонски интелектуалци се определиле на дејствување и историското значење на овој ден е затоашто го означува почетокот на револуционерната борба на македонскиот народ, за ослободување и за своја држава. Она што треба да се нагласи дека после овој ден кој го празнуваме како празник се поставува основата за продолжување на борбата, по кој следува Илинден 1903 како втор голем македонски национален празник..“ Според професорот Миновски, доколку организацијата не ги поставела темелите и програмата за создавање сопствена држава, понатамошната борба за ослободување на македонскиот народ ќе била многу потешка. По повод празникот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека историските идеали денес треба да се преточат во чесна работа, праведност и реформи за просперитетна држава. Честитка упати и претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој повика на единство, меѓусебно почитување и заедничка одговорност за градење демократско и стабилно општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува еднакво и почитувано. Во чест на македонските револуционери, денес се положи свежо цвеќе пред споменикот на основачите на ВМРО во паркот „Жена борец“ во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУГолемите го прават тоа што сакаат, а малубројните тоа што мораат, Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ.Големите го прават тоа што сакаат, а малубројните тоа што мораат, Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ, проследен со бројни условувања, одложувања и неправедни удари, но државата мора да постапува мудро и трпеливо, порача премиерот Христијан Мицкоски на свечената академија по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, која се одржа во МНТ под мотото „Свои на своето“. Говорејќи за евроинтегративниот процес, премиерот ја истакна измореноста на граѓаните од долгото чекање за членство во Европската Унија, како и од условите и билатералните спорови со кои се соочува земјата. - Иако многумина веќе се скептични и уморни од услови, критериуми, билатерални спорови, ќе мора да бидеме мудри. За малубројните народи иднината е во мудроста и единството. Јас на политиката не гледам како на натпревар во мускули, туку повеќе како на партија шах. И големите се победуваат со мудрост. Со мудрост може да има иднина кога веќе природната предодреденост, поставеноста и геополитиката не ни одат во прилог. Затоа честопати ми велат: „Напуштете ги преговорите“. Лесно е да се каже. Но така ја отфрламе единствената шанса да влеземе во клубот и да разговараме рамноправно на истата маса, изјави премиерот. Осврнувајќи се на односите со Бугарија, Мицкоски порача дека нема да прифати отстапки што ги смета за спротивни на интересите на македонскиот народ, ниту, пак, како што рече ќе падне на провокации. На неразумните чекори одговарам со разум, на провокациите со принципи, на притисоците со отпорност, не трчам трка на 100 метри, туку маратон и Никогаш не се покајав за тоа што водам промакедонска политика, кажа Мицкоски. -Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото, туку со обезбедување иднина која им припаѓа на нашите деца. А оние кои се шнајдери на историјата, што мислат дека со вето можат да ни ја прекројат историјата, им порачувам: нашето паметење не подлежи на нивно одобрување. Ниту еден притисок не може да го избрише Гоце Делчев од срцето на македонскиот народ. Затоа што Гоце е вткаен во нашата борба, во нашата слобода, во нашето постоење, изјави Мицкоски. Мицкоски во својот говор предупреди и дека нестабилноста во Европа и на Балканот може да се одрази и врз Македонија, споменувајќи активности на безбедносни служби и одредени опозициски структури кои според него би можеле да се обидат да ја вовлечат земјава во регионални проблеми. Тој ги повика граѓаните да не подлегнуваат на, како што ги нарече, вештачки наметнати прашања и хиперболизирани етнички теми. -А на Балканот службите никогаш не престануваат да работат. И нема да ме зачуди доколку има и такви кои ќе се обидат да нè вмешаат во нивните проблеми или да префрлат дел од нивниот амбиент во нашето секојдневие. А што се однесува до домашни актери за таква игра, тоа е многу лесно. Има неколку од опозицијата, што за пари и лажни ветувања за фотелја чуда умеат да прават, кажа Мицкоски. Осврнувајќи се на историското дело на македонските револуционери нагласи дека нивниот пркос, мудрост и храброст се дел од наследството на македонскиот народ. Да бидеме свои на своето, со корен во минатото и со верба во иднината, порача Мицкоски нагласувајќи дека слободата за која се бореле и ги положувале животите револуционерите носи одговорност за тоа каква држава ќе им оставиме на идните генерации. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook