Трамп до својот министер: Пит, ти прв рече да го нападнеме Иран (ВИДЕО) - Канал 5

Трамп до својот министер: Пит, ти прв рече да го нападнеме Иран (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп на вчерашната тркалезна маса на националните воени и судски лидери во Мемфис изјави дека неговиот секретар за одбрана Пит Хегсет е првиот што предложил напади врз Иран.

Трамп до својот министер: Пит, ти прв рече да го нападнеме Иран (ВИДЕО)

„Му се јавив на Пит, му се јавив на генералот [Ден] Кејн, повикав многу наши големи луѓе, имаме многу големи луѓе и реков: „Ајде да разговараме“, рече Трамп.

„Имаме проблем на Блискиот Исток. Имаме земја позната како Иран која не е ништо друго освен промотор на теророт 47 години и тие се многу блиску до стекнување нуклеарно оружје“, продолжи тој.

„Можеме да продолжиме и да го зголемиме бројот на војници од 50.000 на 55 и 60 илјади без крај, или можеме да застанеме, да одиме на кратко патување на Блискиот Исток и да елиминираме голем проблем“, рече Трамп, свртувајќи се кон министерот за одбрана.

„И Пит, мислам дека ти беше првиот што излезе и рече: „Ајде да го направиме ова бидејќи на имамот не може да му се дозволи да има нуклеарно оружје. Така, сега водиме навистина добри дискусии. Сѐ започна минатата, ух, ноќи, малку, ноќи пред тоа...“ рече тој.

Иран: Немаше преговори, тоа се лажни вести

Тврдењето на Трамп дека членовите на неговата администрација одржале „многу добри и продуктивни“ разговори за прекин на огнот со Техеран претходно истиот ден, беа отфрлени од иранскиот режим, иронично користејќи го терминот на Трамп, како „лажни вести“.

Мохамед Багер Галибаф, претседател на иранскиот парламент, рече: „Не се воделе преговори со САД, а лажните вести се користат за манипулирање на финансиските и нафтените пазари и за да се избега од стапицата во која се заробени САД и Израел“.

Запрашан за негирањето на Иран пред да се качи на претседателскиот авион, Трамп рече: „Па, тие ќе мора да добијат подобри луѓе за односи со јавноста. Имавме многу значајни разговори. Тие беа предводени од [Стив] Виткоф и [Џаред] Кушнер. Тие поминаа совршено“.

Ескалација на конфликтот и пораст на цената на нафтата

Како одговор, Иран започна нов бран ракетни напади врз американските и израелските сојузници преку Заливот во понеделникот вечерта, при што се огласија сирените за воздушни напади во Тел Авив.

Администрацијата на Трампова е понудила низ различитих оправдања за свој одлуку да се придружи израелско напад на Иран. Меѓу нив се тврдењата дека Техеран ги продолжил своите обиди да изгради нуклеарна бомба и претставува непосредна закана за САД, и покрај изјавата на Трамп минатата година дека ги „уништил“ нивните способности со целни напади.

Нападите успеаја во нивната примарна цел да го убијат ајатолахот Али Хамнеи на првиот ден од операцијата, ставајќи крај на неговото 47-годишно владеење како врховен водач.

Но, непријателствата доведоа до одмазднички напади врз цели низ целиот регион, во кои досега загинаа 13 американски војници, додека глобалните цени на горивото се зголемија откако Техеран го блокираше Ормускиот теснец, низ кој минува една петтина од светската нафта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стравот од отказ ги замолчува укажувачите, новиот закон за нивна заштита чека во Собрание

Иако Македонија повеќе од една деценија има Закон за заштита на укажувачите, граѓаните ретко се охрабруваат да пријават незаконско или неправилно работење во институциите и со тоа да спречат евентуални штети и коруптивни дејанија. 

Стравот од отказ ги замолчува укажувачите, новиот закон за нивна заштита чека во Собрание

Стравот од губење на работното место, притисоците и недоволната институционална заштита се главните причини што ги обесхрабруваат граѓаните да пријавуваат корупција.

Претседателот на Транспаренси Интернешнл-Македонија, Благоја Пандовски, вели дека улогата на укажувачите во борбата против корупцијата е исклучително важна а оние што се осмелуваат да пријават неправилности често трпат последици токму од лицата што ги пријавиле.

Бројот на укажувачи е многу мал бидејќи, како што кажав општеството не дава добра заштита на укажувачите. Тие не можат да ги остварат своите права како укажувачи, односно да ја остварат својата заштита преку суд и судските постапки и често трпат голем број на последици. Луѓето се демотивираат кога треба да пријават одредено кривично дело или неправилност знаејќи дека нема да добијат заштита,- изјави Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл-Македонија.

Пандовски вели дека не му се познати причините за одолговлекувањето на усвојувањето на новото законско решение за заштита на укажувачите, кое е подготвено уште во 2023 година.

-Дали треба политички консензус за ова законско решение, треба просто да се изгласа во Собранието со просто мнозинство и да се донесе – вели Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл-Македонија.

На слабостите во системот за заштита на укажувачите предупредува и Европската комисија во последниот извештај за Македонија за 2026 година. Брисел нотира дека постојното законско решение сè уште не е усогласено со европското законодавство, а недостигаат и ефикасни механизми за заштита на лицата кои пријавуваат неправилности од вознемирување и отпуштање од работа. Во текот на 2025 година биле евидентирани само 27 пријави од укажувачи за незаконско, недозволено или неетичко однесување на раководни лица, што е далеку помалку од државите од регионот за евидентираните пријави од укажувачите, стои во извештајот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Со поддршка од Европската Унија и конкретни реформи градиме модерна, професионална и ефикасна полиција

Тошковски денеска присуствуваше и се обрати на пленарниот состанок на Секторската работна подгрупа „Внатрешни работи“, кој се одржа во свечената сала на Владата.

Тошковски: Со поддршка од Европската Унија и конкретни реформи градиме модерна, професионална и ефикасна полиција

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше и се обрати на пленарниот состанок на Секторската работна подгрупа „Внатрешни работи“, кој се одржа во свечената сала на Владата, а на кој присуствуваше и претставничката на Делегацијата на Европската Унија, Роберта Кортезе, како и претставници на дипломатскиот кор, надлежните институции и меѓународните организации.

Основната задача на оваа секторска работна подгрупа е поддршка на секторскиот пристап во процесот на програмирање и спроведување на проектите финансирани со средства од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската Унија, како и унапредување на координацијата меѓу институциите и меѓународните партнери во реализацијата на утврдените реформски и стратешки приоритети.

На пленарниот состанок беа презентирани стратешките, планските и програмските документи, тековните проекти и новите проектни иницијативи на Министерството за внатрешни работи, а се дискутираше и за досегашниот напредок во спроведувањето на реформите, актуелните предизвици и можностите за натамошна поддршка и модернизација на институцијата.

Министерот Тошковски во своето воведно обраќање ја нагласи цврстата определба на Министерството за внатрешни работи за доследно спроведување на реформските процеси, исполнување на обврските што произлегуваат од Реформската агенда и континуирано усогласување со европските стандарди и најдобрите практики.

„Европската интеграција е наш клучен и стратешки приоритет. Свесни сме дека напредокот во оваа област не се мери само преку исполнување на формално утврдени обврски, туку пред сè преку конкретни и одржливи резултати, зајакнати институционални капацитети и унапредување на квалитетот на услугите и безбедноста на граѓаните“, истакна министерот Тошковски.

Тошковски изрази благодарност за континуираната поддршка од Европската Унија и меѓународните партнери, особено преку Инструментот за претпристапна помош – ИПА, како и преку другите програми и проекти насочени кон зајакнување на институционалните, човечките и техничките капацитети на Министерството за внатрешни работи. Притоа, нагласи дека успешноста на ова партнерство подразбира заедничка посветеност, јасно дефинирани приоритети, одговорност и сопствена институционална иницијатива во реализацијата на реформите.

Во своето завршно обраќање, министерот Тошковски изрази задоволство од конструктивната дискусија и презентираните проектни иницијативи, кои отвораат дополнителни можности за модернизација на македонската полиција и унапредување на ефикасноста на Министерството за внатрешни работи.

„Презентираните идеи и иницијативи отвораат можности за понатамошно унапредување и модернизација на Министерството за внатрешни работи. Сметам дека наша заедничка задача во наредниот период е идентификуваните можности да ги преточиме во конкретни активности, со јасно дефинирани цели и очекувани резултати. Притоа, од особено значење ќе биде да обезбедиме соодветна институционална координација, реална проценка на потребите и одржливост на предложените решенија“, потенцираше Тошковски.

Министерот Тошковски ја потврди посветеноста на Министерството за внатрешни работи на исполнувањето на обврските од Реформската агенда, спроведувањето на препораките на Европската комисија и утврдените реформски приоритети во рамки на евроинтеграцискиот процес.

Тошковски посочи дека преку континуиран дијалог, силна институционална координација и партнерска соработка со Европската Унија и меѓународните партнери, Министерството за внатрешни работи ќе продолжи да гради модерна, професионална, ефикасна и одржлива институција, која работи според европските стандарди, во служба на граѓаните и во функција на остварувањето на стратешката цел – полноправно членство на Македонија во Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започна јавната расправа за Кривичениот законик: Построги казни за корупција и злоупотреби - затворски казни до 15 години

Низа забелешки за новиот Кривичен законик но и предупредување дека некои решенија мора дополнително да се преиспитаат пред законот да биде усвоен беа изнесени на денешната прва јавна расправа. 

Започна јавната расправа за Кривичениот законик:  Построги казни за корупција и злоупотреби - затворски казни до 15 години

Од Коалицијата Сите за правично судење со конкретни забелешки на членот 464 кој се однесува на несовесно работење во службата. Сметаат не се доволно јасно опфатени сите категории службени лица, особено оние во државната администрација, што може да отвори прашања за нивната кривична одговорност.

-Може да значи алтернативно толкување на овие одредби, невоедначена пракса, меѓутоа исто така ризикуваме службените лица во органи на државната управа да не бидат опфатени со членот „Несовесно вршење на службата“, односно да нема кривично гонење на, да речеме, полициски службеници заради несовесно вршење на службата, вработени во министерства и слично кои имаат директна интеракција со странки и заради невршење на службени дејствија граѓани да можат да трпат последици,- изјави – Дарко Аврамовски – Коалиција „Сите за правично судење“.

На членот кој се однесува на злоупотребите при јавните набавки забелешки имаат од Центарот за граѓански комуникации. Предупредуваат дека предложениот текст е без поширока формулација што би овозможила кривично гонење и за други облици на злоупотреба на постапките за јавни набавки, иако очекувале, како што велат, квалитетно решение кое ќе овозможи ефикасна борба против злоупотребата на јавните средства.

Дали се исполни ова наше очекување? Не. Од едноставна причина што се остана на концептот на набројување на одреден број на дејствија — во конкретниот случај во членот, нов член кој е нели вграден и се однесува на злоупотребите во областа на јавните набавки, се наведени четири дејствија. Нема можност за повреди и да се каже отворена листа да биде во насока на тоа да се каже „и други повреди на Законот за јавни набавки“. Оттука, имајќи го предвид понуденото решение, сметаме дека овој член нема да овозможи ефикасна борба против корупцијата и санкционирање. изјава – Сабина Факиќ – Центар за граѓански комуникации.

Академик Владо Камбовски кој ја водеше работната група која работеше на новиот закон, појасни дека фамозниот член 353 не се губи, туку злоупотребите кај јавните набавки, концесиите и јавно-приватните партнерства се издвојуваат како посебни, специјални дела. Министерот за правда Јетон Шасивари вели дека предлог текстот е усогласен со директивите на ЕУ.

-Има десетина глави на кривични дела каде што посебно се казнува како потежок облик на основното дело ако тоа дело е извршено од страна на службено лице, се разбира, со злоупотреба на положбата. Значи тоа се специјални дела на злоупотреба на положбата. Така и злоупотребата на постапката на јавен повик и концесија, јавно-приватно партнерство, јавни набавки е специјално дело во однос на општото дело на злоупотреба на службената должност. Што ќе биде направено тука? Прво, ќе биде дефинирано делото на злоупотреба при вршење на јавните набавки, потпишување на договори за концесија, јавно-приватно партнерство, согласно препораките на Европската комисија. изјави – Владо Камбовски – Академик.

-Па според Реформската агенда, декември 2026 ни е краен рок за усвојување на Кривичниот законик. Затоа навремено е испратен во Европската комисија. Очекуваме најмногу за четири недели дека ќе добиеме оценка и коментари, забелешки, препораки. Истовремено паралелно е објавен во ЕНЕР, каде што очекуваме коментари, забелешки и предлози од сите чинители во нашето правосудство, така да сме транспарентни околу носење на новиот Кривичен законик. изјава – Јетон Шасивари – Министер за правда.

Иако крајниот рок за усвојување на новиот Кривичен законик е декември 2026 година, неговата целосна примена се очекува од 1 јануари 2028 година. По донесувањето, околу една година ќе следи период на подготовка за да се усогласат ЗКП и останатите закони.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер