Трамп: Бајден треба да полага когнитивен тест, за да дознаеме зошто донесува ужасни одлуки - Канал 5

Трамп: Бајден треба да полага когнитивен тест, за да дознаеме зошто донесува ужасни одлуки

Кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија, Доналд Трамп, денеска изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден „мора да направи когнитивен тест“.

Трамп: Бајден треба да полага когнитивен тест, за да дознаеме зошто донесува ужасни одлуки

-Џо Бајден треба да направи когнитивен тест. Можеби на тој начин би можеле да откриеме зошто носи толку ужасни одлуки, рече Трамп на својата социјална мрежа TruthSocial.

Тој додаде дека веќе направил два теста - „двата без грешка“.

-Сите претседатели или оние кои сакаат да станат претседател мора да го поминат овој тест, рече Трамп.

Критичарите на Бајден побараа поголема транспарентност од Белата куќа кога станува збор за неговото здравје, и физичко и ментално, по неодамнешниот извештај на специјалниот советник Роберт Хурн во кој, меѓу другото, се вели дека американскиот претседател е „добронамерен постар човек со неуспешна меморија“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови униформи, боди-камери и апликација за сејф-сити: Што најави министерот Тошковски?

„Нема да има веќе не видов или не беше така“, секој полицаец во земјава идното лето ќе добие „Боди – камера“ која исто така ќе ја утврдува состојбата на терен, особено при пријави на семејно насилство, најави министерот за внатрешни работи .

Нови униформи, боди-камери и апликација за сејф-сити: Што најави министерот Тошковски?

„Нема да има веќе не видов или не беше така“, секој полицаец во земјава идното лето ќе добие „Боди – камера“ која исто така ќе ја утврдува состојбата на терен, особено при пријави на семејно насилство, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој во вчерашното „Само Интервју“ кажа дека камерите ќе имаат директна видео-врска со команден центар и ќе доведат до попрофесионална полција, а и поради ова, очекува МВР да се прочисти од оние кои ги заобиколуваат процедурите и законите.

-Боди-камера, која што не е обична боди-камера, туку е боди-камера која покрај другото може да преведе и на повеќе од 40 јазици во живо, може да испрати видео-сигнал до команден центар, може врз основа на вештачка интелигенција да утврди одредени факти кои што така едноставно не можат да бидат утврдени и се она што ќе се утврди како фактичка состојба, а при овие констатирања и повици за семејно насилство особено ќе бидат должни да ја имаат боди-камерата на себе,- - Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи.

Наскоро видео-повик со ЦУК и МВР при пријавување ќе можат да остварат и жртвите додека насилникот ги тепа или малтретира во моментот, запис кој како и кај боди камерите на полицајците, ќе се користи како доказ на суд.

-Жртва како што може сега да се јави и гласовно да комуницира со МВР преку ЦУК, така во идинина ќе може да оствари видео-повик со ЦУК и со МВР, кој што видео повик во рамки на доказите кои што ќе бидат евидентирани, ќе можат да се користат во рамки на судска постапка,- - Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи.

До крајот на годината полицајците ќе добијат и нови униформи, налик на австриските, кажа министерот, а како новина ја најави и апликацијата за Сејф – Сити која граѓаните ќе можат да си ја преземат на своите мобилни телефони, преку која, меѓудругото, ќе можат да си ги плаќаат и казните. Наскоро системот ќе може да регистрира и несоодветно паркирање, кое особено ќе се „лови“ на булеварите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расчистено убиството кај Смилковско езеро во Скопје, уапсен 38-годишен скопјанец

Експресно, за само пет дена, полицијата го расчисти убиството на 38-годишниот маж кај Смилковското Езеро во Скопје. 

Расчистено убиството кај Смилковско езеро во Скопје, уапсен 38-годишен скопјанец

Вчера бил уапсен 38-годишниот Б.Ј. од Скопје, против кого денеска Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава по брза постапка за убиство.

Како што информираат од МВР, до осомничениот полициските инспектори дошле по серија оперативни сознанија , а тој во службениот разговор со полицијата го појаснил и начинот на извршување на кривичното дело.

-Вчерта по преземени оперативно тактички мерки на полициски службеници на единицата за насилен кримнал лишен од слобода е Б.Ј. од Скопје поради сторено дело убиство. Лицето е лишето од слобода по претходна пријава на 21 ноември кога поретходна пријав а во СВР Скопје на кога случаен минувач на скопската обиколница „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци забележал безживотно тело на маж. По извршениот полициски увид било утврдено дека станува збор за 38-годишниот Ш.Е. од скопското село Љубин, на чие тело била констатирана прострелна рана во пределот на ногата,- изјави – Гоце Андреевски, МВР.

Инаку, во непосредна близина на телото беше пронајден и автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој претходно го управувал починатиот.

По целосното документирање на случајот, денеска, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, полицијата поднела кривична пријава по брза постапка против Б.Ј. за кривичното дело „убиство“, велат од мвр.

Засега не се знае мотивот за убиството, ниту во каков однос биле осомничениот и убиениот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Имаме индиции за можни инциденти, полицијата е подготвена

 Сакам да им порачам на сите оние кои што – има некои така некои гласини дека ќе имало обиди за незаконити дејствија во текот на утрешниот ден. 

Тошковски: Имаме индиции за можни инциденти, полицијата е подготвена

Воочи утрешниот ден 28 ноември - одбележувањето на денот на албанското знаме и независноста на Албанија, ден што со години наназад е проследен со прослави и кај нас - министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски откри дека полицијата веќе има индиции и најави за евентуални инциденти, за кои објасни дека доаѓаат од одредени провокации на социјалните мрежи. Тошковски вели дека евентуални прекршувања на јавниот ред и мир се очекуваат во делот на сообраќајот, но посочи и дека полицијата е подготвена.

– Сакам да им порачам на сите оние кои што – има некои така некои гласини дека ќе имало обиди за незаконити дејствија во текот на утрешниот ден. Министерството за внатрешни работи ќе биде максимално фокусирано на одржување на безбедноста и редот на државата, така да нема да дозволиме она коешто се случи пред некоја година да имаме доведување во ризик на учесниците во сообраќајот, еве така да речеме, бидејќи не очекувам друг тип на нарушување на јавен ред и мир,- изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Министерот не откри во кои градови покрај Скопје ќе има засилени полициски сили утре, но посочи дека секој кој ќе сака во Македонија достоинствено да го прослави денот на албанското знаме, истото ќе му биде овозможено.

– Па не би навлегувал во детали сега тука, имаше нешто по социјални мрежи, одредени така провокации во насока на нарушување на јавен ред и мир, но спремни се ќе одговориме на сите предизвици и оние коишто ќе си сторат прекршоци ќе си бидат казнети за тоа, а на сите оние коишто ќе си го прослават денот како што доликува ќе им овозможиме услов да си го прослават денот како што доликува,- изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Најпознат случај со инциденти при прославата на албанското знаме доаѓа од пред две години, кога беа уапсени 18 лица во повеќе градови - неколку лица беа приведени во Скопје поради тоа што го кинеле и палеле македонското државно знаме, додека полицијата истата вечер уапси и две лица од Прилеп, кои го запалиле албанското знаме како реакција на снимките од палењето на македонското знаме во Скопје.

Деновиве пред прославата пак се отвори прашањето дали се почитува законот за употреба на знамињата на заедниците – првиот човек на Гостивар објави видео од општината на кое не се гледаше ниту едно македонско знаме, но во одговор за Канал 5 оттаму велат дека сепак на градскиот плоштад го истакнале и државното знаме.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер