Трагедијата во Тетово во фокусот на денешната собраниска седница

Трагедијата во Tетово, барањето за оставка на првите луѓе во здравство и текот на истрагата за пожарот во фокусот на денешната собраниска седница.

Ивана Стојановска е пред Собранието .

Но, и текот на истрагата и утврдувањето на одговорност е тема на дебата во собранието.

Има ли денеска нови детали околу потрагата по одговори за пожарот во тетовската модуларна болница?

ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе предлог одлуката за разрешување на министерот Венко Филипче и побараа веднаш да се стави на дневен ред?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Поради обилни врнежи и блокирани патишта, сообраќајот се пренасочува од Хиподром

Поради обилни врнежи и блокирани патишта, сообраќајот од Велес и од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата.

Сообраќајот од правец од Велес кон Скопје и од правец од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата поради обилни врнежи и блокирани сообраќајници, информираат од АМСМ.

Оттаму додаваат дека регионалниот пат од село Желино кон село Сиричино е блокиран во двата правци поради надојдена вода од невремето.

Во Автокоманда билборд падна врз два автомобила.

Норис: Требаше да победам, но лошо стартував

Возачот на Мекларен, Ландо Норис жали што не победи на шпанското Гран при.

Британецот кој тргна од пол-позицијата, денешната трка на „Барселона-Каталуња“ ја заврши на второто место, зад возачот на Ред Бул, Макс Верстапен. Трет заврши Луис Хамилтон од Мерцедес.

- Требаше да ја победам трката. Не успеав на почетокот, толку е едноставно. Автомобилот беше неверојатен денес. Бевме најбрзи на патеката, без сомнение. Само изгубив сè на почетокот, го цитира Норис „Скај Спортс“.

Со 219 бодови, Верстапен продолжува да води во Формула 1 поредокот за возачи оваа сезона. Норис се искачи на второто место (150 поени), а зад него е Шарл Леклер од Ферари (148).

ЦУК: Во поплавена куќа во општина Јегуновце има заглавено семејство

ЦУК: Во поплавена куќа во општина Јегуновце во с. Сиричино има заглавено семејство. Тетовската ТППЕ работи на нивно извлекување.

притисни ентер