Кејн: Поранешните англиски репрезентативци знаат колку е тешко да се игра на големи турнири

Англискиот напаѓач Хари Кејн ги коментираше критиките кон националниот тим поради настапот на Евро 2024 година.

Претходно, поранешниот англиски напаѓач Гери Линекер го нарече настапот на тимот на Европското првенство „глупав“.

- Поранешните играчи мора да разберат дека е многу тешко да не се слушаат критиките сега, особено за некои нови играчи во оваа средина кои не се навикнати на тоа. Секој има свое мислење, но поентата е дека нашиот тим не освоил ништо многу, многу долго време. И многу од овие играчи беа дел од тоа, па знаат колку е тешко.

Реалноста е дека знаат колку е тешко да се игра на големи турнири, колку е тешко да се игра за репрезентацијата. Сите сакаме да го освоиме еврото. Многу подобар начин е да им помогнеме на момците што е можно повеќе, да им влееме доверба, изјави Кејн за „Evening Standard“.

Во првите две кола од групната фаза на ЕП 2024, Англија ја победи Србија (1:0) и ремизираше со Данска (1:1). Избраниците на Герет Саутгејт на 25 јуни ќе се сретнат со репрезентацијата на Словенија.

Утре без струја делови од општините Карпош и Гази Баба

Утре без снабдување со електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош и Гази Баба, информираат од РЦУК.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Будимпештанска“ и „Љубица Георгиева“ во општина Карпош.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 9:00 до 11:00 часот ќе имаат дел од корисниците од село Стајковци, место викано Попово Маало во општина Гази Баба.

Кевин Спејси повторно обвинет за сексуален напад

Американскиот глумец Кевин Спејси се соочува со уште една тужба за сексуален напад.

Имено, во Велика Британија, денеска против него е поднесена граѓанска тужба пред Високиот суд во Лондон, нешто повеќе од 18 месеци откако беше ослободен од сите обвиненија во претходното кривично судење.

Според судските документи, предмет се води и против лондонскиот театар „Олд Вик“, каде што Спејси работи како уметнички директор од 2003 година, но подобности за тужбата не се достапни.

Обвинителската адвокатска канцеларија потврди дека тужбата е поднесена.

Сите средни училишта во Сеул добиле дојави за поставени бомби

Сите средни училишта во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, добиле преку факс закани на јапонски јазик дека ќе бидат кренати во воздух, соопшти денеска јужнокорејската полиција.

Во соопштението се наведува дека полицијата трага по лицето кое ги испратило заканите, а училиштата ги зајакнале безбедносните мерки.

Во факсот се укажува дека бомбите веќе се поставени во сите средни училишта во Сеул и дека ќе почнат да експлодираат в петок попладне по локално време, соопшти полицијата.

притисни ентер