ТППЕ Куманово преку донација од Австрија, доби противпожарно возило со корпа и хидраулична скала - Канал 5

ТППЕ Куманово преку донација од Австрија, доби противпожарно возило со корпа и хидраулична скала

Територијалната противпожарна единица од Куманово доби современо противпожарно возило со корпа и хидраулична скала висока 32 метри преку донација од Тирол, Австрија. 

ТППЕ Куманово преку донација од Австрија, доби противпожарно возило со корпа и хидраулична скала

Возилото ќе се користи за интервенции, за спасување од висококатници и вонредни состојби.

Претставниците на локалната власт и на ТППЕ Куманово, денеска ги примија претставниците од австриската амбасада и од Тирол. Возилото, значително ги зголемува капацитетите на кумановската територијална противпожарна единица. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски потсети на претходната соработка со Тирол и студиските посети и нагласи дека Куманово е избрано како една од општините во Македонија за реализација на реформите во противпожарните служби. Претходно беше адаптираше и гаражниотпростор на ТППЕ Куманово.

-Во оваа прилика сакам да се заблагодарам во име на граѓаните на општина Куманово и во мое лично име да се заблагодарам на граѓаните на Австрија и на покраината Тирол. Ќе продолжиме да ги користиме нивните искуства. Целта е Куманово да стане пилот-проект за реформи на противпожарниот систем каде што покрај професионалната пожарна единица ќе обезбедиме услови за функционирање и на доброволни противпожарни друштво во самиот старт на три различни пунктови во селата Пчиња, Табановце и Орашац каде што општината ќе има обврска да изгради во рамки на постоечките капацитети и места за паркирање и складирање на опремата и места за тренинг на добоволците. Целта е да се приближиме на системот којшто република Австрија го има во моментот и тоа е еден од најдобрите не само во Европа, туку и во светот. Во иднина ќе обезбедиме преку донации и наши средства да се доопреми единицата, изјави Димитриески.

Општина Куманово активно соработува со австриската амбасада и со Тирол на зајакнување на капацитетите капацитети на противпожарните единици. Во рамките на проектот е предвидено и зголемување на нивото на волонтеризмот. Во градот веќе функционира доброволно противпожарно друштво и се зголемува бројот на членови. Куманово ќе настојува во руралните средини да воспостави доброволни противпожарни друштва кои ќе добијат и теренски возила за интервенција.

Координаторот на проектот Петар Логар, рече дека проектот почнал со посредство на австрискиот амбасадор во Македонија, Мартин Памер. Вакви проекти се спроведуваат веќе 15 години на Балканот, особено во Хрватска. Како што посочи Логар, имале неколку средби и најави дека доколу во Куманово се најдат доволен број на доброволци-пожарникари ќе следи доопремување на службата со нови возила, но и во обука на пожарникарите и во покраината Тирол и во Хрватска. За претставниците на Австрија е многу важно да се изгради пожарникарска служба за млади луѓе во Куманово, со што значително ќе се обезбеди сигурноста на граѓаните.

-Ние сме сојузна покраина и имаме околу поволна жители колку што има во цела Македонија. Имаме 23.000 доброволци, волонтери. Во Македонија има 800-тини доброволци кои се ангажираат уште во училишна возраст со обука на младите. Голем дел од учесниците, после 16 години остануваат доброволно. Волонтерите уживаат во пријателствата кои ги стекнуваат на обуката и задоволство им е што можат да сторат нешто добро за заедницата. Не добиваат парични средства, само обука и секако заштитна опрема, изјави Логар.

Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски рече дека возилото е исклучително потребно во Куманово кое има висококатници и поради бројноста на жителите. На скалата има хидраулична корпа и на возилото се монтира дополнителна опрема и од него може да се гаси.

-Тројца пожарникари следеа обука и во Австрија и во Хрватска, по што ги обучија колегите. Над 70 проценти од пожарникарите се оспособени да работат со возилото. Инаку, вакво возило на ново е околу 950.000 евра. Ова возило е 26 години старо, но е во извонредна состојба изјави Илиевски.

Од ТППЕ Куманово најавија дека ќе ги исполнат сите услови, вклучително и формирање на доброволните друштва, но и потребните санации. За кумановските пожарникари е важна и обуката која ќе следи во Австрија и Тирол.

-Нашиот возен парк е стар во просек 40 и нешто години. Ќе бидеме презадоволни доколку го смениме возниот парк. Работиме на реновирање на гаражниот простор, ќе продолжиме на реконструкција на целиот дом на пожарникари, изјави Илиевски.

Во мај, годинава претставници од Тирол ја посетија општина Куманово, додека претходно претставници од општината и ТППЕ Куманово остварија работна средба во Австрија каде се информираа за програмските активности за заштита од пожари во Тирол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата...

Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата, граѓанскиот сектор и локалните заедници.

Јаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата...

Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 претставува значаен стратешки документ што го препознава придонесот на образованието во создавање сообраќајна култура и долгорочно унапредување на безбедноста во сообраќајот, рече министерката за образование и наука проф. -д-р Весна Јаневска на промоцијата на новата Стратегија.

„Образованието е еден од најмоќните превентивни механизми. Знаењата, ставовите и навиките што придонесуваат за безбедно учество во сообраќајот треба да се развиваат од најрана возраст, почнувајќи од предучилишното воспитание и продолжувајќи низ сите нивоа на образовниот процес. Темите за безбедноста во сообраќајот се интегрирани во воспитно-образовната работа, преку наставни и воннаставни активности, како и кампањи во соработка со Министерството за внатрешни работи, со стручни организации и со единиците на локалната самоуправа“, посочи министерската Јаневска, додавајќи дека податоците за сообраќајните незгоди и ризичното однесување на младите учесници во сообраќајот укажуваат дека е неопходен уште покоординиран пристап.

Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието ќе работи на дополнително унапредување на воспитно-образовните содржини и активности со кои учениците ќе стекнуваат практични знаења, ќе ги препознаваат ризиците во сообраќајот и ќе развиваат навики за одговорно и безбедно однесување, вклучително и за правилна употреба на заштитната опрема.

Јаневска нагласи дека успешната едукација не е можна без подготвени наставници и современи наставни ресурси и затоа, дел од активностите ќе бидат насочени кон јакнење на компетенциите на наставниот кадар и обезбедување соодветни едукативни материјали и алатки за работа со учениците.

Ја поддржа идејата за јакнење на безбедносните зони околу училиштата, парковите и центрите на населбите, преку партнерства со општините и граѓанските организации.

„Создавањето побезбедна средина околу местата каде што престојуваат децата е заедничка обврска на сите институции и на целата заедница. Подеднакво важно е младите да стекнат основни знаења и вештини за соодветно постапување во првите критични минути по сообраќајна незгода, во соработка со Црвениот крст и со здравствените институции“, рече министерката.

Успехот на Стратегијата зависи од способноста за заедничко и координирано делување. Јаневска ги охрабри училиштата, институциите, семејствата, граѓанскиот сектор и локалните заедници да градат трајна култура на безбедност, неопходна како одговор на ризиците со кои се соочуваме како општество.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на самит во Дизелдорф: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашања

Премиерот Христијан Мицкоски учествуваше на Самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија.

Мицкоски на самит во  Дизелдорф: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашања

„Во Дизелдорф учествував на Самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија, каде на панелот "Отпорност како императив за севкупното општество" истакнав дека Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашања. Сега се соочуваме со вештачко барање од земја членка ма ЕУ, а сето тоа може да се гледа и како на рушење на отпорноста на ЕУ, а кога постои таква дупка во системот, тогаш станува збор за ранливост на системот. Не секогаш рушењето на системот е предизвикано од оружје, туку и со други ресурси. Затоа е потребна робусна акција на ЕУ кога земја кандидат се бори со прашања од минатиот век поставени од земја членка на ЕУ.

Членството во ЕУ значи промена со додавање вредности, а не промена на идентитет. Почнавме пред 26 години, дури и пред Хрватска, којашто сега е земја членка на ЕУ.

Се бориме за нашите права, дел сме од НАТО, целосно усогласени со надворешната политика на ЕУ, ја штитиме ЕУ од нелегална миграција од членки на ЕУ, и така ќе продолжиме.“- објави Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фондот ги засилува контролите во здравствените установи за спречување неоснована наплата на здравствени услуги

Фондот за здравствено осигурување ги засилува контролите во здравствените установи со кои има склучено договор, со посебен акцент на проверката на наплатата на здравствените услуги и откривањето евентуални неправилности.

Фондот ги засилува контролите во здравствените установи за спречување неоснована наплата на здравствени услуги

Фондот за здравствено осигурување ги засилува контролите во здравствените установи со кои има склучено договор, со посебен акцент на проверката на наплатата на здравствените услуги и откривањето евентуални неправилности при наплата на услуги што се покриени од задолжителното здравствено осигурување.

Целта на засилените контроли е да се утврди дали здравствените установи доследно ги почитуваат договорните обврски и законските прописи, особено во делот на евентуална двојна наплата, односно случаи во кои за иста здравствена услуга се наплатуваат средства и од Фондот и од осигуреникот.

Фондот потсетува дека за здравствените услуги што се обезбедуваат на негов товар, во здравствените установи со кои има склучено договор, осигурениците немаат обврска да плаќаат дополнителни износи, освен законски утврденото учество со лични средства (партиципација), доколку за конкретната услуга е предвидено такво учество.

Ова се однесува на здравствените услуги опфатени со задолжителното здравствено осигурување во примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита, согласно утврдените права и услови за нивно остварување.

Во рамките на контролите, особено внимание ќе се посвети на усогласеноста меѓу извршените и фактурираните здравствени услуги, износите наплатени од осигурениците и почитувањето на прописите за учество со лични средства.

Фондот потсетува дека здравствените установи имаат обврска на видно и достапно место да ги истакнат информациите за висината на партиципацијата, согласно важечките прописи, а за извршените плаќања да издаваат соодветен законски доказ за наплатата.

Осигурениците имаат право на јасна информација за здравствените услуги што ги покрива Фондот, како и за износот што евентуално се должни да го платат по основ на партиципација.

Доколку при контролите се утврдат неправилности, Фондот ќе преземе соодветни мерки во рамките на своите надлежности, согласно договорите склучени со здравствените установи и важечките законски и подзаконски прописи.

Воедно, осигурениците кои располагаат со информации за евентуална неоснована наплата на здравствени услуги можат да се обратат до Секторот за контрола на Фондот, при што нивните пријави ќе бидат разгледани со почитување на приватноста и заштитата на личните податоци, согласно закон.

Со засилените контроли Фондот ја потврдува својата определба за доследно почитување на правата на осигурениците, одговорно користење на средствата од задолжителното здравствено осигурување и поголема отчетност во работењето на здравствените установи со кои има склучено договор.

Заштитата на правата на осигурениците и законитото користење на средствата на Фондот остануваат наш врвен приоритет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер