Тоти ѝ ги украл скапите чанти и чевли на поранешната сопруга, таа му ги „собрала“ Ролексите - Канал 5

Тоти ѝ ги украл скапите чанти и чевли на поранешната сопруга, таа му ги „собрала“ Ролексите

Разводот помеѓу легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти и неговата поранешна сопруга станува се погрд, бидејќи протекуваат детали.

Тоти ѝ ги украл скапите чанти и чевли на поранешната сопруга, таа му ги „собрала“ Ролексите

Имено, Тоти сега тврди дека неговата поранешна сопруга, ТВ водителката Илари Бласи, го напуштила нивниот стан со скапи Rolex часовници, пишува The Times. Од друга страна, тамошните медиуми објавија дека Тоти наводно ѝ ги одзел скапите чевли и ташни, од кои секоја чинела околу 4.000 евра, бидејќи му ги земала часовниците.

И покрај обвинувањата за прељубата на Тоти, што наводно довело до развод, неговите обожаватели веруваат дека тој е исклучително лојална личност бидејќи со години е лојален на својот клуб Рома и родниот град. Тоти и Блази се венчале во 2005 година и имаат три деца. На почетокот на оваа година се појавија гласини дека Тоти е снимен со друга жена.

„Не бев ниту единствен ниту прв што изневерил“, изјави накратко фудбалерот за медиумите.

Имено, новинарите ја открија аферата на Бласи со личниот тренер. Поранешниот фудбалер изјавил дека на нејзиниот мобилен телефон нашол докази за прељуба. Бласи сега преку судови бара враќање на скапите чанти, а судското рочиште е закажано за утре.

„Сè што треба да направи е да ги врати часовниците и се ќе биде во ред“, рекол извор близок до Тоти, според Тајмс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти

Општина Центар спроведува редовна есенска дератизација на целата територија на локалната самоуправа, со која се опфатени околу 2 000 шахти.

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти

Дератизацијата се спроведува со цел сузбивање на штетните глодари и спречување на ширење заразни болести, како дел од континуираните мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

„Ова е редовна дератизација што ја спроведуваме на целото подрачје на општината. Пред неколку недели реализиравме и вонредна дератизација за сузбивање на глодарите и спречување на потенцијални извори на зарази“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Препаратот што се користи е сертифициран и одобрен од Министерството за здравство, а наменет е за контрола на штетниците, без да претставува ризик за другите животински видови. Системската дератизацијата е дел од редовнитепревентивни активности за одржување на хигиената и заштита на јавното здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасено мече фатено во стапица на планината Јакупица

На планината Јакупица во велешко спасено е мече фатено во нелегално поставена стапица. 

Спасено мече фатено во стапица  на планината Јакупица

Животното го пронашле ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес.

Тие слушнале силно рикање и го забележале мечето заробено во сајла.

Во близина била и неговата мајка, која го набљудувала настанот. Во акцијата учествувале инспектори, ловџии, еколози, полицајци и ветеринар.

Мечето било пронајдено на локалитетот Чеплес, во близина на рибник Нежилово.

Ветеринар од Скопската зоолошка градина го успал животното за да го прегледа.Стапицата била отстранета, а мечето немало видливи повреди.станува збор за мажјак стар околу три години и тежок 70 килограми.По прегледот, мечето било пуштено назад во природата.за случајот бил известен јавен обвинител од велес.Полицијата ја запленила стапицата за вештачење и поведување кривична постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата  за лечење на пациентите за наредните две години.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години ова беше истакнато на прес-конференција и едукативен симпозиум „Мисли на ретки: препознај и упати“ на здружението на граѓани за ретки болести „живот со предизвици“ Битола, националната алијанса за ретки болести на македонија и здружението на лекари по општа,семејна медицина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер