3Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
МакедонијаОдбележана десетгодишнината од Светскиот ден на поправки во СкопјеПоправките ги поврзуваат луѓето“-Одбележана десетгодишнината од Светскиот ден на поправки во Скопје.Скопје, 18 октомври 2026 година —Здружението АРНО, во соработка со Општина Кисела Вода, МАТА (Македонска Артизанска Трговска Асоцијација) и Домот за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје, вчера го одбележа Светскиот ден на поправки — по трет пат во Македонија и по повод 10-годишнината од глобалната иницијатива. Настанот се одржа под овогодишното мото „Поправките ги поврзуваат луѓето“ и беше проследен со заеднички обраќања и две работилници за поправки. „Вклучувањето на постарите лица не е само хуман гест — тоа е зачувување на знаење и мудрост. Затоа денес АРНО потпиша меморандуми за соработка со МАТА и со Домот за стари лица ‘Мајка Тереза’. Денес исто така најавуваме нови активности преку ИПА проект во рамки на кој ќе се учат вештини за поправки овде во „Ништо ново“, но ќе има и доста застапување, промовирање на македонски зелени бизниси и кампањи — за да покажеме дека поправките не се само прашање на лична еколошка свест, туку системска промена која е дел од европското законодавство“, изјави Ирина Јаневска од АРНО. Како долгогодишен партнер и поддржувач на центарот, од Општина Кисела Вода нагласија дека ваквите иницијативи се клучни за заедницата: „Поправките не претставуваат само начин за продолжување на векот на предметите — тие ги спојуваат генерациите и овозможуваат вредна размена на искуства. Општина Кисела Вода продолжува да биде стабилен партнер, градејќи простор за креативност, едукација и меѓугенерациско поврзување. Нека овој јубилеј биде потсетник дека поправањето е одговорен чин: грижа за предметите, грижа за природата и, пред сè, грижа едни за други“, изјави Бети Стаменкоска Трајкоска, градоначалничка на Општина Кисела Вода. Фокусот кон меѓугенерациското учење и меките вештини го надополнија и од МАТА: „Денес МАТА е овде да го претстави проектот „Со рачни изработки до личен развој: Развој на меки вештини преку одржлива мода“ (Craft2grow), финансиран од Европската Унија преку Еразмус+ програмата. Проектот е директно поврзан со развој на меките вештини како ефективна комуникација, тимска работа, емоционална интелигенција и емпатија, и решавање на проблеми преку одржлива мода. Развивме прекрасни алатки кои се достапни на оваа платформа и секој може да ги користи. Се радуваме што ќе соработуваме со АРНО и што знаењето ќе се пренесува и понатаму“, изјави Катерина Златановска Попова од МАТА. „Нашите корисници силно веруваат во идејата и мотото на Светскиот ден на поправки — ‘Поправи, не фрлај’ — бидејќи тоа секојдневно го живееме во нашиот Дом. Домот за стари лица „Мајка Тереза“ датира од 1964 година, а ние сме горди што нашиот мебел, инвентар и дел од опремата, и по толку години, се сочувани и функционални. Дел од нашите корисници знаат и умеат да поправат работи со сопствени раце, бидејќи тоа им е длабоко вкоренето во начинот на размислување. Преку секојдневните активности го намалуваме отпадот, штедиме ресурси и ја практикуваме оваа филозофија во три клучни области: електрониката, модата и мебелот. Нашата цел е преку соработката со АРНО и МАТА да добиеме поддршка. Секако, вклучувањето на корисниците во активностите директно ќе придонесе за нивна подобра социјализација и активен живот“, изјави Јорданчо Јосифов, раководител на Домот за стари лица „Мајка Тереза“. Ова е трета година како АРНО го одбележува Светскиот ден на поправки во Македонија, надоврзувајќи се на претходните успешни акции — од собирање и поправање играчки донирани на семејства со помалку можности од Општина Кисела Вода, до минатогодишните едукативни кампањи посветени на софтверското застарување и грижата за дигиталните уреди. Иницијативата Светски ден на поправки е координирана од The Restart Project и меѓународни мрежи, кои преку собирање податоци и долгогодишен активизам се едни од клучните двигатели во борбата за промена на европското законодавство. Имено, од 2027 година во Европската унија батериите на телефоните ќе мора да се менуваат лесно, гаранциите за уредите ќе траат подолго, а резервните делови ќе бидат достапни по разумни цени. Одбележувањето на Светскиот ден на поправки заврши со свечено сечење на торта и две практични работилници за возрасни — учење на традиционалната јапонска Сашико техника со дизајнерката Ирина Тошева, како и работилница за креативни поправки на текстил, водена од Оливија Георгиевска од МАТА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаГермански тајкун призна дека учествувал во соборувањето на Себастијан Курц: Успешно го соборивме Поранешниот извршен директор на германската финансиска и технолошка компанија „Вајркард“, Јан Марсалек, кој е во бегство од 2020 година и е баран на меѓународно ниво, тврди дека имал улога во политичкиот пад на поранешниот австриски канцелар.Поранешниот извршен директор на германската финансиска и технолошка компанија „Вајркард“, Јан Марсалек, кој е во бегство од 2020 година и е баран на меѓународно ниво, тврди дека имал улога во политичкиот пад на поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц, според истражните документи добиени од мрежата на глобални репортери „Аксел Спрингер“. Во порака од 22 октомври 2021 година, упатена до Орлин Русев, кој предводеше шпионска група во Велика Британија поврзана со руското разузнавање, Марсалек изјави дека тие „успешно го собориле“ Курц, благодарение на запленувањето на мобилниот телефон на еден од неговите блиски соработници, објавува „Билд“. Курц ја објави својата оставка од функцијата австриски канцелар само 13 дена пред да ја испрати пораката. Според истражните документи, Марсалек тврдел дека запленувањето на телефонот овозможило пристап до пораки што го компромитирале тогашниот австриски лидер. Меѓу другото, станува збор за телефонот на Томас Шмид, поранешен висок функционер во австриското Министерство за финансии и близок соработник на Курц, кој беше запленет од австриските истражители во ноември 2019 година. Податоците пронајдени на телефонот, вклучувајќи ги и претходно избришаните пораки, станаа важен доказ во истрагите за корупција, политички назначувања и користење државни пари за финансирање на политички поволни истражувања и медиумски содржини. На 6 октомври 2021 година, австриските истражители ја пребараа канцеларијата на канцеларот, Министерството за финансии и седиштето на Австриската народна партија (ÖVP), а Курц ја објави својата оставка три дена подоцна. Тајунот Марсалек напиша во истата преписка дека преостанатите пораки од телефонот политички го „убиле канцеларот“, но истражните документи не даваат независни докази дека тој всушност го организирал запленувањето на уредот. Особено е нејасно дали Марсалек со терминот „ние“ мислел на компанијата Wirecard или на руската разузнавачка служба за која е осомничен дека работи, објавува Bild. 🔴Exklusiv: Der flüchtige frühere Wirecard-Vorstand Jan Marsalek hat behauptet, am Sturz des österreichischen Bundeskanzlers Sebastian Kurz beteiligt gewesen zu sein. Das geht aus Ermittlungsunterlagen hervor, die uns exklusiv vorliegen. Mit @haylesdixon & @camillahmturner: https://t.co/Gh9eEe8mNM — Tim Röhn (@Tim_Roehn) November 7, 2026 Марсалек е во бегство од јуни 2020 година, кога беше откриено дека околу 1,9 милијарди евра недостасуваат од билансите на компанијата по финансискиот колапс на Wirecard. Покрај финансиските измами, европските власти го истражуваат под сомнение за шпионажа за Русија. Русев, на кого Марсалек му ги испратил контроверзните пораки под кодното име „Руперт Тих“, подоцна беше осуден во Велика Британија на десет години и осум месеци затвор за активности поврзани со руска шпионска мрежа. Поранешниот австриски канцелар не сакаше да коментира за најновите наоди. Неговата придружба рече дека Курц отсекогаш верувал дека обвиненијата против него се политички мотивирани и дека бил шокиран кога дознал за можните врски на случајот со Русија. Британскиот пратеник Греам Дауни рече дека наодите се загрижувачки, предупредувајќи на поширок модел на руски обиди да влијаат на политичките процеси и да ги дестабилизираат демократиите во Европа. Истрагата продолжува, а британските истражители им доставија на австриските колеги дел од комуникациите запленети за време на апсењата на членовите на шпионската мрежа. Австриските власти, исто така, истражуваат дали лица од нивните разузнавачки структури му пренесувале информации на Марсалек, а индиректно на Русија.Тагови: Себастијан Курц тајкун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСе урна преполна трибина во Норвешка- еден навивач заврши во болница, натпреварот е прекинат Натпревар од норвешката лига помеѓу Тромсе и Боде Глимт беше прекинат по 40 минути игра поради сериозен инцидент на стадионот Алфхајм, каде што дел од гостинската трибина се урна под тежината на навивачите. Едно лице е однесено во болница.Според норвешките медиуми, до пет лица паднале откако се урнала конструкцијата, а хоспитализираниот навивач бил свесен, потврди Симен Педерсен, службеник за односи со медиумите на Боде Глимт, објави Ројтерс. Инцидентот се случил зад еден од головите, додека гостинските навивачи скокале и пееле. Еден очевидец, Андрине Моен, изјави за локалниот весник VG дека подот одеднаш се урнал и редот пред неа се преполовил. Според неа, најмалку две лица паднале низ подот на трибината, но не е познато од која висина паднале или колку луѓе биле вклучени во инцидентот. Полицијата започна истрага и е одлучено дека оштетената трибина повеќе нема да се користи. Гостинските навивачи прво биле евакуирани, а потоа преместени на страничните трибини на стадионот. Натпреварот продолжи во 16 часот, а Боде/Глимт успеаја да се вратат на фудбалските обврски и да поведат непосредно пред крајот на првото полувреме. Ола Бринхилдсен постигна гол во втората минута од судиското продолжение (45+2). До крајот, Бринхилдсен го зголеми резултатот на 2-0 во 73-тата минута.Тагови: навивач трибина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗаврши ли времето на Нетанјаху- Ајзенкот е новиот мандатар за состав на владата на Израел Израелскиот претседател Исак Херцог ја започна прес-конференцијата со изјава дека одржал консултации со претставници на сите партии, по израелските избори кои резултираа со политичка блокада.Тој ги опиша разговорите како „тешки и длабоки“, објави Скај Њуз. „Стана јасно дека сите граѓани на Израел, без оглед на нивните ставови, начини на живот или верувања, имаат еднаков глас, независно од тоа од која страна или партија доаѓаат“, вели тој. „Основното прашање е: кој има најголеми шанси да формира влада? „Затоа, во својство на претседател, одлучив мандатот за формирање влада да му го доделам на претседателот на партијата ‚Јашар‘, Гади Ајзенкот.“ За контекст: Како што веќе известувавме, Бенјамин Нетанјаху се бори да остане на функцијата, откако неговата верско-националистичка коалиција го загуби мнозинството на изборите одржани на 27 октомври. Опозицискиот кандидат Ајзенкот, поранешен началник на Генералштабот, настапи како главен ривал, предводејќи блок од партии кои имаат за цел да го сменат израелскиот премиер со најдолг стаж на власт.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44