Орце Ѓорѓиевски: Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка
2Орце Ѓорѓиевски: Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка
3Влада за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар:Од првиот момент сме во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следи развојот на настаните.
3Волшебен момент од Светското првенство: Англичаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медал
Веб ТВТошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинетиМинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави серија реформи и засилени контроли во сообраќајот, со посебен фокус на електричните тротинети и функционирањето на системот „Сејф сити“. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФормулаКими Антонели е победник на трката за Големата награда на БелгијаВозачот на Мерцедес, Кими Антонели, уште еднаш покажа колку е доминантен нивниот болид и колку голема предност имаат во однос на сите други во шампионатот. Со оваа победа, италијанскиот тинејџер ја зголеми разликата во генералниот пласма и се поблиску е до првата круна . На победничкиот подиум во белгиското Гран при се искачија и Шарл Леклер од Ферари, како и Макс Верстапен од Ред Бул/ Без подиум на патеката Спа Франкошамп останаа Луис Хамилтон, кој го заобиколи Пјастри четири круга пред крајот, по него следуваа Оскар, Хајар, Норис, Бортолето, Линдблад и Колапинто, кој ги комплетира Топ 10 и возачите во поени. Трката започна хаотично бидејќи уште во првиот круг видовме инцидент и контакт меѓу Расел и Хамилтон. Џорџ излета од патеката и се повлече од трката, а Луис доби казна од 5 секунди, која можеби беше престрога. Од тој момент па сè до крајот на трката, Кими Антонели имаше само една цел – победа. Тој успеа да ги неутрализира одличните возачи како Шарл Леклер, Макс Верстапен и Ландо Норис и да победи на патеката „Спа“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: „Жешката“ Никол Шерцингер повторно во бикиниСветската музичка ѕвезда, пејачката Никол Шерцингер секоја година поголемиот дел од времето во текот на летните месеци го поминува на плажа и, за радост на сите што ја следат, редовно објавува фотографии и видеа на социјалните мрежи на коои е во бикНикол и летово ужива во сонцето, морето и песокот, а речиси секојдневно е активна на социјалните мрежи – на радост на своите верни следбеници. Откако неодамна го прослави својот 49-ти роденден – при што им се обрати на фановите на Инстаграм директно од морето, изразувајќи голема благодарност за уште една година и ценејќи го секој момент – таа сподели уште неколку интересни објави, а последната од нив привлече особено внимание. Таа трчаше по плажата во шарено бикини, оставајќи траги во жешкиот песок; нејзината прекрасна, витка и затегната фигура никого не остави рамнодушен, а на многумина сигурно им беше тешко да се воздржат од коментари пред таква глетка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваТенисер од светскиот врв се ожени со инфлуенсеркаУште еден познат тенисер стапи во брак летово. По светскиот број пет, Алекс де Минор, кој неодамна се ожени со британската тенисерка Кејти Бултер, овој месец се ожени и Томи Пол (29) – поранешен светски број осум и моментално 24-ти на АТП-листата. Американскиот ас се ожени со својата долгогодишна девојка и позната американска инфлуенсерка Пејџ Лоренс (28), по речиси четиригодишна врска. Свадбата се одржа во луксузните градини на Лонг Ајленд. Пејџ Лоренц е позната како инфлуенсерка и креаторка на содржини, основачка на брендот за мода и животен стил „Dairy Boy“ и поранешна скијачка. Двојката ја започна својата врска во 2022 година откако се запознаа на Инстаграм, а се свршија во јули 2025 година на Нантакет – остров што за Пејџ претставува посебно место од нејзиното детство. Нивната свадба привлече големо внимание бидејќи ги спои световите на тенисот и модата. Меѓу гостите и присутните имаше бројни американски тенисери, вклучувајќи ги Френсис Тиафо, Тејлор Фриц и Рајли Опелка. Подоцна, Тиафо објави хумористично видео во кое ја имитираше емотивната реакција на Томи додека ја гледаше невестата како оди кон олтарот. Томи Пол сè уште нема освоено Гренд слем или АТП Мастерс 1000 турнир, но изгради многу успешна кариера и стигна до осмото место на АТП-листата, што претставува негов најдобар пласман во кариерата. До средината на 2026 година, тој имаше освоено четири АТП-титули во поединечна конкуренција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter