ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?
Демократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран
1ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?
2Демократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран
МакедонијаТошковски, Јанев и генералниот секретар на Интерпол УркизаМеѓународната полициска соработка е клучен одговор на современите безбедносни предизвици.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска во Министерството за внатрешни работи остварија официјални средби со генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, кој престојува во официјална посета на Република Македонија. На средбите беше разговарано за понатамошно унапредување на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и Интерпол, за јакнење на оперативната координација, размената на информации, развојот на професионалните капацитети и заедничкото справување со организираниот и транснационалниот криминал, сајбер-криминалот, тероризмот, трговијата со луѓе, илегалната миграција и финансиските истраги. Во рамки на разговорите беше потврдена и важноста од континуирано инвестирање во современи полициски капацитети, примена на нови технологии и натамошно продлабочување на партнерството со Интерпол, како еден од клучните предуслови за ефикасен одговор на современите безбедносни закани. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека посетата на генералниот секретар Уркиза претставува силна потврда за довербата што македонската полиција ја ужива во рамки на најголемата меѓународна полициска организација. „Разговаравме за унапредувањето на нашата соработка во борбата против организираниот и транснационалниот криминал, сајбер-криминалот, трговијата со луѓе, илегалната миграција, тероризмот и финансиските истраги, како и за понатамошното јакнење на размената на информации и оперативната координација. Продолжуваме да инвестираме во модерна, професионална и европска полиција, затоа што само преку силни партнерства, меѓусебна доверба и заедничко делување можеме успешно да се справиме со современите безбедносни предизвици и да обезбедиме поголема сигурност за сите наши граѓани“, истакна министерот Тошковски. Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, ја поздрави активната улога на македонската полиција во меѓународните операции и ја истакна важноста на партнерството со Република Македонија. „Интерпол високо ја цени активната вклученост на македонската полиција во нашите глобални операции и иницијативи. Современите закани бараат меѓународен одговор, а Македонија е доверлив партнер кој покажува професионалност, посветеност и подготвеност да придонесе во заедничката борба против транснационалниот криминал. Ќе продолжиме заедно да ги јакнеме капацитетите, да ја унапредуваме размената на информации и да инвестираме во новите генерации полициски професионалци“, истакна генералниот секретар Уркиза. Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев нагласи дека посетата на генералниот секретар на Интерпол претставува признание за професионалноста и кредибилитетот на македонската полиција и потврда за успешната меѓународна соработка што Министерството ја развива во изминатиот период. „Во рамки на посетата ја претставивме нашата визија за развој на современа, професионална и одговорна полиција, подготвена да одговори на сè покомплексните безбедносни предизвици на денешницата. Особено значајно е што македонската полиција има свои претставници во структурите на Интерпол, а нашето Национално централно биро Интерпол – Скопје секојдневно дава значаен придонес во меѓународната размена на информации и заедничките оперативни активности. Силните партнерства, меѓусебната доверба и заедничката посветеност остануваат најцврстата основа за градење побезбедна иднина за сите наши граѓани“, истакна директорот Јанев. Во текот на официјалната посета, министерот Тошковски и генералниот секретар Уркиза претходно ја посетија Полициската академија во Идризово, каде што се запознаа со процесот на образование и обука на идните полициски службеници и разговараа за натамошно унапредување на соработката во областа на полициската едукација. Во рамки на програмата, генералниот секретар на Интерпол оствари средба и со службениците од Националното централно биро Интерпол – Скопје, го посети Одделот за форензички испитувања при Министерството за внатрешни работи, каде што се запозна со форензичките капацитети на Министерството, а во кругот на МВР положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето во чест на загинатите полициски службеници, оддавајќи почит на нивната жртва и служба во заштита на безбедноста на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?Стево Пендаровски, со својот Фејсбук-статус, практично потврди дека станува збор за објектот во Влае кој се поврзува со семејството на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.Наместо да даде конкретни одговори, Пендаровски се обиде да ја пренасочи темата со политички контранапади. Но, клучните прашања остануваат неодговорени. Во Влае се гради станбен објект во кој како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на Еролд Муслиу, близок соработник на Пендаровски, кого тој го именуваше за директор на Агенцијата за разузнавање во 2019 година. Прашањето е едноставно, од каде се милионите за оваа инвестиција? Дали пријавените семејни приходи на семејството Муслиу соодветствуваат со обемот на инвестицијата? Кој го обезбедува капиталот и дали постојат деловни или финансиски релации меѓу Стево Пендаровски и Еролд Муслиу поврзани со овој проект? Исто така во 2024 година Афродита Муслиу, сопругата на Еролд Муслиу, добила грант од 620 илјади евра, од тогашната влада на СДС, која склучила меморандум со Конзорциум на невладини организации чиј основач е токму сопругата на Еролд Муслиу. Пендаровски не може да ги избегне овие прашања со политички напади и обиди за дефокусирање. Неговата изјава отвори дополнителни дилеми. Пендаровски и Еролд Муслиу јавно да одговорат кој ја финансира изградбата на станбениот објект во Влае? Од кои извори потекнуваат средствата за инвестицијата? Дали постојат деловни или финансиски релации меѓу Пендаровски и Муслиу? Дали доделениот грант од 620.000 евра бил доделен и искористен согласно законските процедури и критериуми? Од надлежните институции бараме да ги проверат сите релевантни финансиски и имотни податоци, како и евентуалното постоење судир на интереси. Доста е со политички дефокусирања и избегнување одговорност. Додека Филипче зборува за некакава организирана криминална група токму врхушката на СДС и лица блиски до СДС меѓу кои и кланот Заеви градат висококатници во Дубаи, купуваат акции во авиокомпании, се луксузирааат на јахти по Егејот, инвестираат во фотоволтаици и градат империи. Доста е со привилегии и молк. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветДемократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во ИранДемократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран, по преземањето на контролата врз американскиот Конгрес.Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, порача дека завршува периодот во кој Конгресот функционирал како продолжена рака на администрацијата на Доналд Трамп. Во меѓувреме, Трамп призна дека војната во Иран во голема мера придонела за изборниот пораз на републиканската партија. Претходно, потпретседателот Џеј Ди Венс го оцени конфликтот како една од главните причини за поразот. Неговите изјави укажуваат на продлабочување на несогласувањата во редовите на републиканците.Сè уште не се познати конечните резултати за две сенаторски места. Во Мисисипи се води исклучително неизвесна трка, додека во Алјаска продолжува пребројувањето на гласовите.По изборните резултати продолжи и падот на цените на нафтата.Цената на барел нафта се спушти под 100 долари, достигнувајќи го најниското ниво во последните два месеца.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо Србија приведени полицајци поради наводна употреба на сила врз демонстрантиВластите во Србија вчера приведоа девет активни полицајци и еден поранешен полицаец поради наводна употреба на прекумерна сила врз приведени лица за време на минатогодишните протести во Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи.Протестите против корупцијата ја зафатија Србија, земја кандидат за членство во Европската Унија, во текот на 2025 и 2026 година, откако на 1 ноември 2024 година во Нови Сад загинаа 16 лица во уривање на бетонската настрешница на обновената железничка станица. Протестите на крајот доведоа до падот од власт на Српската напредна партија (СНС), лојална на поранешниот претседател Александар Вучиќ, на вонредните парламентарни избори одржани на 25 октомври, на кои победи „Студентската листа“, движење без истакнат лидер. Министерството во соопштението наведе дека осомничените, припадници на елитна единица, на 14 и 15 август 2025 година мачеле и застрашувале неколку лица заточени во гаража на владин комплекс во центарот на Белград. „Со примена на сила и закани, тие им нанесени голема болка и тешко страдање на поголем број лица, со намера од нив да изнудат информации, да ги заплашат и незаконски да ги казнат“, се вели во соопштението. Министерството ги објави само иницијалите на уапсените службеници и на поранешниот полицаец. Станува збор за први значајни апсења поврзани со насилството врз демонстрантите кои во текот на изминатите две години излегуваа на улиците. Полицијата за време на протестите користеше солзавец, возила за разбивање демонстрации и шок-бомби за да ги растера собраните граѓани. Десетици студенти и активисти кои учествуваа на протестите ја обвинија полицијата за прекумерна употреба на сила, што резултираше со повреди и психолошки трауми. Српските студенти, активисти, опозициски политичари и организации за заштита на човековите права ги обвинија Вучиќ и СНС за политичко насилство, притисоци врз медиумите, врски со организираниот криминал и широко распространета корупција. Вучиќ и неговите сојузници ги отфрлаат обвинувањата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook