Тошковски и Поклукар: Одлична соработка на полето на безбедноста, Словенија ја дава својата поддршка во секој чекор - Канал 5

Тошковски и Поклукар: Одлична соработка на полето на безбедноста, Словенија ја дава својата поддршка во секој чекор

Денеска во Охрид, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, оствари работна средба со делегација на Министерството за внатрешни работи на Словенија, предводена од министерот Боштјан Поклукар.

Тошковски и Поклукар: Одлична соработка на полето на безбедноста, Словенија ја дава својата поддршка во секој чекор

На средбата фокусот беше ставен на унапредувањето на меѓусебната соработка и продлабочување на одличните пријателските врски меѓу двете министерства и полиции во борбата против организираниот криминал, ситуацијата со илегалната миграција, внатрешната контрола и соработката помеѓу центрите за обука на полициските службеници. Македонската делегација на средбата предложи потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Центарот за обука на МВР и словенечката полициска академија за зајакнување на соработката во областа на образованието и заедничките обуки на кадетите и полициските службеници од двете полиции.

Министерот Тошковски се заблагодари на министерот Поклукар за целата поддршка што Словенија и словенечкото министерство за внатрешни работи постојано ни ја даваат како министерство и држава, како во справување со пожарите минатата и оваа година така и целата поддршка што ни ја дадоа во справување со последиците од трагедијата која се случи во Кочани оваа година.

„Република Словенија и нивното министерство се едни од клучните партнери и поддржувачи во реформите кои ги правиме, преку користење на нивното знаење и искуство, како за новите закони за полиција и внатрешни работи. Отпочнуваме соработка и во нашата иницијатива за отворање на Регионална асоцијација на полициски академии, обуки за полициските службеници со цел професионализација, доедукација со цел креирање на ефикасна европска полиција.“, образложи министерот Тошковски.

Тошковски потенцираше дека преку министерот Поклукар, пријателската Словенија уште еднаш ја потврдува својата поддршка како еден од нашите најголеми поддржувачи во процесот на евроинтеграции, со тоа што се вложи со целиот негов тим да бидат на располагање на македонските полициски службеници и МВР во однос на исполнување на сите услови и критериуми зададени од Европската унија.

Словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар го потенцираше огромното пријателство и соработка меѓу нашите народи и држави се пренесува и на министерствата за внатрешни работи и потенцираше дека и во иднина можеме да сметаме на нивната целосна поддршка како во искуство и знаење така и на конкретни проекти и ситуации со цел да придонесуваме кон поголема безбезбедност на регионот, нашите држави и нашите народи.

„Наша оценка е дека министерството за внатрешни работи и македонската полиција прават одлична работа и тоа секогаш сум го истакнувал и во Европа како член на советот на министри за внатрешни работи на Европа. Одличната идеја за Регионална асоцијација на полициски академии ќе ја поддржиме и учествуваме во неа за да креираме професионални полиции на Балканот за побезбеден регион за сите. Ние сме веќе сојузници заедно во НАТО и нашата поддршка ќе продолжи во секој ваш чекор кон приклучување во нашето европско друштво на нации каде е и вашето место“, потенцираше словенечкиот министер Поклукарч.

Поклукар истакна дека Словенија целосно ја поддржува Македонија на интегративниот пат кон Европската Унија и ја изрази спремноста за помош на европскиот пат кој на крај носи огромни бенефити за граѓаните и функционирањето на институциите и изрази надеж дека заслуженото место на Македонија во ЕУ ќе дојде што поскоро.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Да не наседнеме на нивниот блеф“- прва реакција на Финска по барањето од Русија да излезат од НАТО

Руските барања НАТО да го намали своето присуство во земјите на источните граници на алијансата се тест за решителноста на САД и Европа во преговорите, изјави финскиот министер за одбрана Анти Хаканен.

„Да не наседнеме на нивниот блеф“- прва реакција на Финска по барањето од Русија да излезат од НАТО

„Русија сака европските членки на НАТО да ги ограничат своите активности за да им служат на руските интереси, а такви работи не се предмет на преговори“, изјави Хаканен за новинарите во Хелсинки.

Неговата изјава дојде откако германскиот весник „Билд“ објави дека Русија предложила нов европски безбедносен поредок кој, меѓу другото, би вклучувал повлекување на Финска од НАТО и отстранување на воените бази на алијансата од балтичките држави. „Самата идеја за предлагање нешто вакво е апсолутно скандалозна. Русија го знае тоа“, рече финскиот министер за одбрана.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес ги отфрли тврдењата дека Москва поставила услов за повлекување на Финска од НАТО. „Не знам ништо за тоа. Не, такви услови не се поставени. Дефинитивно не е дискутирано“, нагласи Песков.

Одлуката за приклучување кон НАТО беше донесена по руската инвазија на Украина

Финска, која беше дел од Руската империја пред повеќе од еден век и водеше две војни против својот источен сосед за да ја зачува својата независност, се приклучи на НАТО во 2023 година.

Одлуката за приклучување кон Алијансата беше донесена малку повеќе од една година откако рускиот претседател Владимир Путин ја започна инвазијата на Украина. Со влегувањето на Финска во НАТО, Алијансата значително ја прошири својата граница со Русија, а финско-руската граница денес сочинува повеќе од половина од вкупната копнена граница на НАТО со Русија.

„Јасно гледаме дека Русија не е сериозна во врска со мировните преговори“

„Русија очигледно се осмели да ги тестира САД и Европа во последните денови за да види колку се подготвени да попуштат“, рече Хакканен, осврнувајќи се на дводневните разговори меѓу Русија и Украина во Абу Даби. Според него, руските барања покажуваат дека Москва не е сериозна во врска со мировните преговори.

„Јасно гледаме дека Русија не е сериозна во врска со мировните преговори, туку всушност ги проширува своите барања од војната во Украина до промена на европскиот безбедносен поредок за да биде поповолен за Русија“, рече тој.

Финскиот министер, исто така, предупреди дека ваквите потези не се нови во преговарачката стратегија на Русија. „Сите западни носители на одлуки треба да забележат дека ова е дел од психолошката стратегија на Русија што се спроведува со децении, постојано поместувајќи ги границите на барањата во преговорите, така што нивниот исход е неповолен за нас“, рече Хаканен.

„Не треба да наседнеме на нивниот блеф“, заклучи тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна зграда во Најроби- најмалку тројца загинати, се пребаруваат урнатините за преживеани

Шест лица загинаа откако се урна осумкатна зграда во изградба на автопатот Момбаса, во близина на терминалот на железницата Стандарден гауџ (SGR) во Најроби, Кенија.

Се урна зграда во Најроби- најмалку тројца загинати, се пребаруваат урнатините за преживеани

Зградата се урна околу 9:52 часот наутро по локално време, додека градежните работници наводно биле на местото, објави Ројтерс.

Според прелиминарниот извештај од Тимот за итни случаи и спасување на округот Најроби, горната бетонска плоча се урнала, предизвикувајќи дел од структурата да се сруши и работниците да бидат закопани под урнатините.

Досега пет лица се извлечени живи и итно префрлени во болница за медицинска помош, додека шест смртни случаи се потврдени.

Три тела беа пронајдени за време на првичните утрински операции за спасување, додека уште три тела, сите мажи на средна возраст, подоцна беа извлечени од урнатините.

„Точниот број на работници на местото во моментот на уривањето сè уште се утврдува. Тимовите за пребарување и спасување активно ги пребаруваат урнатините за евентуални преостанати заробени лица“, се вели во извештајот, меѓу другото.

Спасувачките тимови, вклучувајќи ја Противпожарната бригада на округот Најроби и тимот за урбано пребарување и спасување (USAR), продолжуваат да ги пребаруваат урнатините како дел од операцијата за пребарување и спасување. Властите на округот Најроби апелираа до граѓаните и возачите што го користат автопатот Момбаса во близина на терминалот SGR да се оддалечат од непосредната област на несреќата за да им се овозможи на службите за итни случаи да извршат спасувачки операции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кошта бара европските преговарачи да имаат заеднички став за Украина на преговорите со Русија и САД

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска во Даблин изјави дека Европа мора да зборува со еден глас во мировните преговори за завршување на војната во Украина. 

Кошта бара европските преговарачи да имаат заеднички став за Украина на преговорите со Русија и САД

Тој истакна дека ова не е во спротивност со договорот според кој Европа ќе биде претставена во преговорите од повеќе луѓе.

„Претседателот на САД, Доналд Трамп, исто така, има двајца претставници, има три или четири лица во украинската делегација“, рече Кошта на прес-конференцијата. Тој го коментираше договорот според кој Европа ќе биде претставена во преговорите од институциите на Европската Унија и пет земји од таканаречената група Е5 - Германија, Франција, Обединетото Кралство, Италија и Полска. „Важно е да се има тим и да се зборува со еден глас и тоа е она што се согласивме да го направиме“, рече Кошта.

Европа се согласи кој ќе ја претставува во преговорите

Договорот беше постигнат по дводневни дискусии во Даблин. Лидерите на педесет европски земји се собраа таму вчера на самитот на Европската политичка заедница, а во петокот на неформалниот самит на Европската Унија. Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф разговараа со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, а потоа во Даблин со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

По средбите, тие изјавија дека Русија се согласила со вклучување на европски претставници во следната рунда мировни преговори, кои се водат со американско посредништво. Сепак, сè уште нема потврда од Москва дека Русија е подготвена за учество на европски претставници во преговорите.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека прво треба да се утврдат вистинските намери на Европејците и дали сакаат да придонесат во мировните напори. Дури потоа, рече Песков, ќе биде можно да се донесе одлука за преговори во проширен формат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер