ЖивотТоплотниот бран во Средоземното Море им се заканува на екосистемите, предупредуваат научниците Високите температури низ Европа овој месец предизвикаа морски топлотен бран во Медитеранот кој може да ги уништи екосистемите и да доведе до исчезнување на голем број видови во наредните недели, предупредуваат научниците.Екстремните горештини од изминатите недели предизвикаа шумски пожари и доведоа до илјадници смртни случаи низ Европа, но високите температури не само му штетат на животот на копното. Потоплиот воздух заедно со променливите морски струи и стабилната површина на морето ги загреаа крајбрежните медитерански води за неколку степени над просечната температура која во овој период од годината се движи меѓу 24 и 26 степени. Морето меѓу шпанските Балеарски Острови и италијанскиот брег е за 5 степени потопло од истото време минатата година, објави шпанската метеоролошка агенција АМЕТ, предупредувајќи дека температурите околу шпанскиот брег ќе бидат за 3 до 4 степени повисоки барем до средината на август. Властите во Кабо де Гата, на југоистокот на земјата, известија дека таму во понеделникот е забележана највисоката температура на морето во последните десет години - 28 степени. Морските топлотни бранови, многу помалку истражени од оние на копното, стануваат сѐ почести поради климатските промени и вршат дополнителен притисок врз екосистемите веќе погодени од прекумерниот риболов и загадувањето со пластика. Океанологот Жан-Пјер Гатузо изјави дека морето во близина на францускиот град Ница на 25 јули било 29,2 степени, што е за 3,5 степени повеќе од истиот ден минатата година. „Ова е апсолутен рекорд од најмалку 1994 година, а многу веројатно и пред тоа“, рече тој. „Океаните и морињата се еден вид сунѓер за топлина“, објаснува Гатузо. Морските топлотни бранови го погодија Медитеранот од 2015 до 2019 година, што доведе до исчезнување на морскиот свет, според студијата на шпанскиот Институт за поморски науки. Но, предупредува Гатузо, овој пат „тие се подолги и нивната големина е поголема“, најавувајќи го колапсот на екосистемот во август.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалАртета: Не сум многу задоволен затоа што сакавме да го победиме Баерн во МинхенАктуелниот европски вицешампион Арсенал одигра одличен меч на гости на Алианц арената во Минхен против германскит првак Баерн, и покрај многуте шанси на двете страни и извонредниот фуддбал мечот заврши без победник, 2:2. Гигантот од Лондон со ремието во Минхен ја прекинаа низата победи во групната фаза во Лигата на шампионите започната уште минатата сезона, но сепак предводникот на топчиите Артета треба да биде задоволен од епилогот на дербито. По мечот во Минхен, тренерот на Арсенал, Микел Артета израи мало незадоволство зошто неговиот тим не победил. Топчиите имаа поголем посед на топка, упатија повеќе удари кон голот на противникот, изведоа повеќе корнери, но на крајот се задоволија со еден освоен бод на теренот на германскиот првак. „Го прифаќам ремито, но тоа не значи дека сме многу среќни. Тоа е така затоа што се подготвувавме да дојдеме тука и да победиме. Сакавме од првата минута да го притиснеме Баерн. Бевме доминантни во првите 20-25 минути кога и дадовме гол за водство. Но, во раната фаза се случи повредата на Бујако Сака. Потоа, направивме некои грешки и Баерн Минхен е тим кој тоа знае да го казни. Ова беше дуел на два тима кои сакаат постојано да напаѓаат. Моите играчи покажаа дека сакаат да играат без калкулации, да победат. Тоа многу зборува за нашата екипа и за духот кој го имаме. Честитки за играта на моите фудбалери, успеаа да се вратат и кога бевме во негатива“, рече Артета по дуелот на „Алијанц Арена“. Стратегот на Арсенал, го искажа својот став и за повредата на Сака воопшто не делува наивно, но дека е потребно да има детални прегледи, за да се знае колку долго ќе паузира. „Ваквите натпревари имаат голем интензитет во текот на сите 90 минути. Видовте и на ПСЖ – Барселона што се случи, кога се повредија неколку фудбалери. Повредата на Букахо не изгледа добро, но ќе чекаме конкретни резултати“, додаде Артета. Инаку во вчерашните мечеви од 3 коло во Лигата на шампионите постигнати се следниве резултати. Астон Вила - Викинг 3:1 (2:0) Баркли 23, Буендија 37.п, Хегхајм 62. аг - Кристијансен 84 Баерн - Арсенал 2:2 (1:1) Дејвис 35, Кејн 61.п - Езе 25, Рајс 81 Бетис - Феенорд 1:0 (0:0) Околу 59 п.н.е Клуб Бриж - Ленс 3:0 (1:0) Ванакен 45+3, вели 50, Форбс 72 Интер - Шахтјор 1:0 (0:0) 77 август Реал Мадрид - Лајпциг 4:1 (1:0) Силва 44, Ѓулер 52, Мбапе 83, Диоманде 87 - Гомис 85 Спортинг - ЛАСК 2:3 (1:1) Суарез 5.п, 89 - Ланг 15, Калајџиќ 63, Данек 68 Комо - М. Јунајтед 4:1 Паз 2, 57, Дувикас 49, Рамон 76 - Циркзе 90+1 Лил - Галатасарај 2:4 Дијаун 7, 39 - Акгун 2, Батраков 44, Озер 52. аг, Осимен 61Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора.Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската унија. На главната сесија, Мицкоски ќе ги образложи македонските можности и ставови поврзани со економијата, безбедноста како и европските интеграции и конкурентноста на регионот.Самитот е завршен настан на претседавањето на Црна Гора, а покрај лидерите од Западен Балкан, учествува и канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц кој е силен поддржувач на напредокот и интеграцијата на регионот во Европската унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот-Вози одговорно. Секој живот е важен.По повод претстојниот празник 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба и продолжениот викенд, се очекува зголемена раздвиженост во сообраќајот, особено на патните правци надвор од населените места. Поради тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. РСБСП укажува: Почитувајте ги ограничувањата на брзината. Не управувајте со возило под дејство на алкохол и психотропни супстанци. Не користете мобилен телефон додека возите. Користете сигурносен појас на секое патување. Обезбедете ги децата во соодветно детско седиште. Одржувајте безбедно растојание и избегнувајте ризични маневри. Проверете ја техничката исправност на возилото пред патување. Доколку сте уморни, направете пауза и одморете се. Нека празничните денови бидат исполнети со убави моменти, безбедни патувања и среќно враќање дома. Вози одговорно. Секој живот е важен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter