Тони Цетински е ослободен од обвинение за сообраќајката во која загина човек

Хрватскиот пејач и музичар Тони Цетински е целосно ослободен од обвинението за направената сообраќајна несреќа , во која загина 62- годишен човек.

Цетински направи сообраќајна несреќа на 3. ноември минатата година , кога во тесна уличка во Ровињ прегази пешак , кој лежел на улицата. Општинскиот суд во Пазин денеска го ослободи од обвинението на Обвинителството од Пула , според кое Цетински со својот автомобил го прегазил човекот кој пијан со 3,46 промили алкохол во крвта лежел на плочникот .

Цетински на него налетал со својот Мерцедес . Во обвинението се наведува дека седел во наведната положба , па затоа не го видел човекот , што во текот на вештачењето беше побиено.

Адвокатот на Цетински се осврна и на неговата претходна прекршочна историја, односно дека имал два прекршока во сообраќајот за неколку години, а Цетински рече дека патувал околу 100.000 километри годишно, што не е толку страшно со оглед на количината на време што го поминува во неговиот автомобил. .

Цетински се изјасни во јавноста и пред судот дека жали што се случила несреќата, но тој не може да влијае на ситуацијата заради нетранспарентност на улицата и фактот дека воопшто не го видел човекот како лежи на патот.

Инаку, скоро сите интервјуирани сведоци потврдија дека улицата каде што се случила несреќата е многу тесна , дека немало знак за ограничување на брзината во моментот на уличната несреќа и дека неодамна бил поставен знак за ограничување на брзината од 20 километри на час.

Судскиот процес за овој случај започна на 22 мај и беше затворен со завршни зборови минатата недела.

„Она што најмногу го паметите е моментот на несреќата и фактот дека не можев да направам ништо за да ја избегнам. Не можев да му помогнам на човекот“, рече Цетински по судењето. „Тоа е она што ќе остане во мојата совест цел живот“, додаде тој.

Стојоски собори државен рекорд во дисциплината 400 метри со пречки стар 44 години

Јован Стојоски е нов македонски рекордер во дисциплината 400 метри со пречки. 

На Меѓународниот турнир во Марибор викендот Стојоски патеката 400 метри со пречки ја истрча за 53,56 секунди.

- Освоено прво место на Меѓународниот митинг во Марибор. Ова е моја втора трка во оваа дисциплина. Сега имам девет државни рекорди, објави Стојоски на својот фејсбук-профил.

Досегашниот државен рекорд на оваа делница изнесуваше 55,11 секунди поставен 1980 година.

Во Штип одржана манифестацијата „Велигденски игри без граници“

Во ЗОО парк „Бриони“ во Штип денеска се одржа манифестацијата „Велигденски игри без граници“ во која учествуваат деца од штипските градинки. 

Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Кирил Зајков вели дека во соработка со локалната самоуправа и градинките денеска по третпат се организира „Велигденски игри без граници“ и се надева дека ќе прерасне во традиција.

-По повод велигденските празници, ЗОО парк „Бриони“ во соработка со Општина Штип и градинките во општината го организира третиот по ред настан „Велигденски игри без граници”. Настан во кој учествуваат децата, настан од децата за децата, настан во кој имаме разни игри со цел анимација на децата, славење на велигденските празници на симболот на христијанството и јајцата. Овој настан преминува во традиција во кој ние како ЈП „Исар“ учествуваме во организацијата заедно со Општина Штип и се надеваме дека ова прекрасна традиција ќе продолжи и во годините кои следуваат, рече Зајков.

Гордана Сиљановска- Давкова на трибината на тема "Жени"

Во рамките на Активностите на претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на трибината на тема „Жени“ која се одржа во Јавна соба.

Таа истакна : Во мојата програма има посебен дел посветен на жените. Подолго светот живеел како патријархат отколку матријархат. Повеќе жени во политика, повеќе гаранции за помалку насилство. Срамота е 30 години да не сме имале жена претседателка, жена премиер. Да им ставиме крај на Венецијанските трговци.

Жените имаат што да покажат, имаме вулканска сила! Работата е мажите да се инспирираат од нас жените. Времето на жените доаѓа. Сега е време за машка еманципација. Македонија е во женски род, политиката е во женски род. Женскоста е квалитет неискористен. Промените наскоро доаѓаат.

притисни ентер