Том Круз настојувал Вал Килмер да се врати во „Топ ган 2“ - Канал 5

Том Круз настојувал Вал Килмер да се врати во „Топ ган 2“

Ѕвездата од „Топ ган“, Том Круз му оддаде почит на неговиот „човек за поддршка“ од филмот, Вал Килмер на настанот „Синема-кон“ (CinemaCon) вчера.

Том Круз настојувал Вал Килмер да се врати во „Топ ган 2“

Американската акциона ѕвезда на настанот во Лас Вегас го промовираше новиот филм „Невозможна мисија: Финална одмазда“ (Mission: Impossible - The Final Reckoning), но кога излезе на сцената, неговиот колега и пријател од пред 40-на години му беа на ум. Тој повика на минута молчење за легенарниот „Ајсмен“.

- Би сакал да му оддадам почит на еден мој драг пријател, Вал Килмер. Немам зборови да ви кажам колку му се восхитувам на неговата работа, колку бев благодарен и почестен кога тој се ни приклучи во „Топ ган“ и се врати подоцна за „Топ ган: Маверик“... Килмер ги сакаше филмовите и ни даде многу на сите со своите изведби, рече Круз.

Круз заврши со заблагодарување кон починатиот пријател, велејќи: Ти посакувам сѐ најдобро на претстојново патување.

Вал Килмер почина на 1 април, од пневмонија, на 65-годишна возраст, потврди неговата ќерка Мерцедес Килмер. На глумецот му беше дијагностициран рак на грлото во 2014 година, поради што делумно ги изгуби гласот и говорот потоа.

Последната (епизодна) улога му беше токму во вториот дел од „Топ ган“. Џери Брукхајмер, кој ги продуцираше двата филма од 1986. и 2022 година, за „Холивуд репортер“ (Hollywood Reporter) изјави дека Круз инсистирал Килмер да ја повтори својата улога.

- Тој рече: „Не го снимам овој филм без Вал“! Круз е движечката сила во остварувањето на тој повторен собир. Сите го сакавме (Вал), но Том беше навистина категоричен дека ако сака да треба да направат „Топ ган 2“, Вал мора да биде во него, изјави продуцентот.

YouTube video

Ќерката на Килмер, Мерцедес, која го продуцираше документарниот филм „Вал“ од 2021 година, рече дека отишла на снимањето на таа сцена само за да биде сведок на тој повторен собир.

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Поубавите половини на српските фудбалски ѕвезди,  Предраг Рајковиќ, Александар Митровиќ и на Зоран Бамби Тошиќ го „запалија“ интернетот!

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Девојките и сопругите на скапоплатените фудбалери отсекогаш важеле за вистински убавици кои предизвикуваат воздишките меѓу мажите каде и да се појават.

Така е и со сопругите на српските спортисти кои речиси секојдневно ја креваат температурата на социјалните мрежи.

Деновиве на Инстаграм особено се активни поубавата половина на голманот на новиот шампион на Саудиска Арабија, Ал Итихад, Предраг Рајковиќ - Ана, сопругата на најдобриот стрелец во дресот на Србија, Александар Митровиќ - Кристина и избраничката на Зоран Бамби Тошиќ - Јована Гајиќ.

Во преден план на фотографиите се бујните гради и облини на овие убавици.

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Светската фудбалска ведета, Португалецот Кристијано Роналдо повторно е најплатениот светски спортист. 

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Португалскиот ас трета година по ред, а петти во кариерата е најплатениот спортист во светот со годишна плата од 275 милиони долари, објави магазинот Форбс.

На второ место на листата на најплатени спортисти на Планетата е американскиот кошаркар Стеф Кари од Голден Стејт Вориорс со 156 милиони долари, а трет е британскиот боксер Тајсон Фјури со 146 милиони долари.

Четвртото место го зазема НФЛ ѕвездата Дак Прескот со 137 милиони, додека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси од третото падна на петтото со заработка од 135 милиони.

Најкорисниот кошаркар во НБА лигата, Србинот Никола Јокиќ е 41-ви со заработка од 57,6 милиони долари.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Кој би рекол дека светската музичка ѕвезда Никол Шерцингер има 46 години.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Најсексапилната пејачка во светот според нејзините милиони фанови, со нови фотки иако е длабоко влезена во петтата деценија од животот повторно покажа како блеска во бикини.

Никол уште еднаш ги почести своите фанови со атрактивен изглед во бикини.

По нејзиниот деби настап на овогодинешната Мет Гала, убавата Никол Шерцингер е на заслужен одмор.

Пејачката неодамна на Инстаграм објави жешки фотографии од уште пожешка плажа, а судејќи по објавата, таа ужива „за сите пари“.

притисни ентер