Финансиска полиција: Кривична пријава за проневера во службата при наплата на јавни давачки од технички прегледи на моторни возила
ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?
1Финансиска полиција: Кривична пријава за проневера во службата при наплата на јавни давачки од технички прегледи на моторни возила
2ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?
3Демократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран
Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
1Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
Шоу бизТом Хенкс му одговори на 8- годишното момче кое има проблем со своето име , Корона (ВИДЕО)Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон се првите славни личности кои објавија дека се позитивни на коронавирус и останаа во изолација 2 недели во Австралија.Додека се борел против вирусот, едно 8-годишно австралиско момче му испратило писмо со поддршка до Хенкс во кое се вели, меѓу другото, дека бил исмејуван на училиште поради неговото име. Поточно, името на момчето е Корона Де Вриш и тој се пожалил дека е тажен затоа што другите деца на училиште го исмеваат. "Го сакам моето име, но на училиште ме нарекуваат коронавирус. Многу сум тажен и лут кога луѓето ме нарекуваат така", напиша момчето. Откако актерската двојка се опорави целосно од коронавирусот, Том се сети на Корона и му испрати машина за пишување од фирмата Корона, на која му напишал писмо. "Мислам дека оваа машина за пишување ќе ти одговара. Поради твоето писмо, мојата сопруга и јас се чувствувавме прекрасно. Ти благодарам што беше толку добар пријател. Пријателите ги прават своите пријатели да се чувствуваат добро кога се на дното. Те видов и на ТВ. Иако се вратив во Америка и сега сум целосно здрав, сè уште се чувствувам подобро заради твоето писмо “, напиша Хенкс. View this post on Instagram Hey folks. Good News: One week after testing Positive, in self-isolation, the symptoms are much the same. No fever but the blahs. Folding the laundry and doing the dishes leads to a nap on the couch. Bad news: My wife @ritawilson has won 6 straight hands of Gin Rummy and leads by 201 points. But I have learned not to spread my Vegemite so thick. I travelled here with a typewriter, one I used to love. We are all in this together. Flatten the curve. Hanx A post shared by Tom Hanks (@tomhanks) on Mar 17, 2020 at 2:19pm PDT „Прашајте ги родителите како работи машината за пишување и напиши ми уште едно писмо. Имаш пријател во мене“, заврши актерот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ЖивотВидео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водатаДесетици китови се пронајдени на плажа на Северниот остров во Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да вратат неколку преживеани во водата, соопшти Министерството за заштита на природата.Во соопштението се наведува дека најмалку 20 китови се насукале долж брегот кај Нгави, во близина на Кејп Палисер – најјужната точка на Северниот остров. Досега, два кита се успешно вратени во морето. Како што пренесе „Радио Нов Зеланд“, локалните жители изјавиле дека во текот на ноќта на брегот се насукале околу 50 китови. Повеќето угинаа од здобиените повреди, а волонтерите се обидуваат да ги одржат во живот останатите и да им помогнат да се хидрираат, користејќи кофи со вода и крпи. Насукувањето на китови е честа појава долж бреговите на Нов Зеланд и Австралија. Големи популации на китови-пилоти живеат во длабоките океани околу овие островски земји, но сè уште не е познато зошто поединци од овие видови завршуваат насукани на брегот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаКендрик Нан испиша историја против Реал МадридКошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан имаше неверојатна четврта четвртина и постави нов рекорд.Американскиот бек одигра спектакуларно второ полувреме против Реал во Мадрид и собори импресивен рекорд, кој до синоќа го држеше играчот на Црвена ѕвезда, Џаред Батлер. Нан постигна 23 поени во четвртата четвртина и, заедно со Матијас Лесор, беше најзаслужен за спектакуларната победа на Панатинаикос над Реал во евролигашкото дерби. Играчот на Панатинаикос го надмина претходниот рекорд од 22 поени, поставен од Џаред Батлер против Асвел на 23 декември 2025 година. Неговиот учинок претставува и втор најдобар поентерски резултат во една четвртина во Евролигата во тој период, при што му недостасуваа само три поени за да го израмни рекордот на Карсен Едвардс од 26 поени во една четвртина, остварен во регуларниот дел од сезоната 2024/25. Нан исто така го израмни својот личен рекорд по број на погодени шутеви за два поена на еден натпревар во Евролигата без ниту едно промашување, реализирајќи совршени 8 од 8 обиди од внатрешноста на линијата за три поени. На крајот, тој го заврши натпреварот со 33 поени, а за неговата неверојатна партија по натпреварот зборуваше и Жељко Обрадовиќ. „Не е лесно по неговата повреда, сите мораме да имаме трпение со него. Мораме да бидеме свесни за квалитетот што го поседува тимот. Одигравме одлично во напад, но мораме да го подобриме и сегментот во одбраната.“Тагови: Евролигата Панатинаикос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФинансиска полиција: Кривична пријава за проневера во службата при наплата на јавни давачки од технички прегледи на моторни возилаУправата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против лицето М.Н. во својство на одговорно лице – управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила.Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против лицето М.Н. во својство на одговорно лице – управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривичнo делo “Проневера во службата “од член 354 од Кривичниот законик на Република Македонија. Според прибраните докази постојат основи на сомнение дека пријавениот во својство на одговорно лице-управител, во периодот од 01.01.2022 до 31.12.2025, искористувајќи го овластувањето на друштвото за вршење технички прегледи на моторни возила, противправно присвоил парични средства наплатени од физички и правни лица при регистрација на моторни возила, наменети за повеќе субјекти по основ на јавни давачки. На овој начин, на правниот субјект му прибавил противправна имотна корист во вкупен износ од 41.518.042 денари, на штета на општините, Министерството за животна средина, Службата за помош и информирање, Црвениот крст на Република Македонија и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Дополнително, со цел прикривање на трагите на кривичното дело, во текот на 2022 и 2024 година, пријавениот извршил противправен отпис на јавни давачки во вкупен износ од 17.090.623 денари, при што во сметководствената евиденција го намалил долгот кон наведените субјекти и прикажал помал износ на обврски по основ на јавни давачки.Тагови: финансиска полиција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook