Тојота ќе оживее уште еден легендарен модел (ФОТО)

Supra и GT86 беа само вовед во најдоброто - враќањето на јапонското беби- Ферари познато и како Мистер два.

Погодувате, станува збор за Toyota MR2, модел кој имаат многу фанови. И по неколку најави, досега пристигнува најсериозниот што го објави јапонскиот Spyder7. Според нив, Toyota успеала да го затвори буџетот за развој на спортски модел кој има за цел да ја оживее никогаш заборавената класика.

Како и во случајот со GT-86, па дури и со Suprа, проектот за нов автомобил вклучува силен партнер. Прво беше Субару, а потоа БМВ. Приказната вели дека Toyota веќе е во сериозни преговори со Lotus, а не е исклучен ниту Porsche.

Јапонскиот сајт наведува дека новиот модел ќе има PHEV погон со централно поставен V6 мотор. Перформансите не се познати, но моќноста на моторот треба да биде помеѓу 350 и 400 КС. Естетскиот пример ќе биде Алесандро Волта (на сликата) прикажан во 2004 година во Женева, според Spyder7.

Премиерата на новиот MR2 нема да се случи пред 2024 година. Интересно е тоа што моделот ќе биде позициониран над Supra со цена од околу 6 милиони јени (околу 53.000 долари).

СДСМ: Враќањето на Ставрески е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не е поместена од режимската матрица

Прес-конференција на СДСМ, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски нема никаква промена. Таму е присутна истата режимска матрица на Никола Груевски.

Последен доказ за тоа е и враќањето на висока партиска функција на кумот на Груевски и поранешен министер за финансии Зоран Ставрески.

Тоа е истиот Ставрески кој во 2012 на црниот понеделник даде налог на собраниското обезбедување насилно да ги исфрли прво новинарите, а потоа и пратениците од собраниската сала.

Ставрески кој како министер за финансии ја презадолжи државата за да се финансира проектот Скопје 2014. Ставревски кој беше десна рака на Никола Груевски во водењето погубни економски политики за што тој самиот кажа „Трошиме за чоколадо а немаме ни за леб"

Денес, тој ист Зоран Ставрески ќе ја контролира работата и ќе им наредува на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова значи дека градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе одговараат пред Ставрески и ќе работат во негов интерес наместо да одговараат пред граѓаните и да работат во нивен интерес.

Се појасно станува брзањето на Мицковски да ја превземете власта. Под притисок на бегалецот од Будимпешта, правите план за негово враќање. По негова насока ги враќате на пртиски позиции неговите најблиски соработници. Ги спремате ли и судиите кои ќе треба да го ослободат Груевски од секаква вина? Пак го отворивте Тефтерчето?

На Република Македонија и е потребна интеграција со светските демократски текови, а не враќање во минатото.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Петков: Бугарија треба да го преиспита пристапот кон Македонија на конструктивен начин

 Петков рече дека за да стигне до Скопје со авион морал да лета преку Виена и праша зошто нема железничка линија која ќе ги поврзе Бугарија и Македонија.

Една од првите задачи на новиот министер за надворешни работи на Бугарија и идниот бугарски премиер е да се формираат работни групи меѓу Бугарија и Македонија кои ќе опфатат различни области. Ова го коментираше Кирил Петков, копретседавач на „Продолжуваме со промената" која победи на парламентарните избори во Бугарија, во програмата „Седмицата" на бугарското приватно национално радио „Дарик".

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, овие работни групи треба да бидат слични на оние во преговорите меѓу идните коалициски партнери во Бугарија.

Да има работни групи за економија, инфраструктура, култура, историја, човекови права и да почнат да работат на секоја од овие теми што е можно потранспарентно, за да можат двата народа да се запознаат со реалните теми и секој да почне да размислува која е цената ако нема добрососедство меѓу двете земји и обратно – какви се успесите ако има вистинско добрососедство.

Според Петков, така темата за историјата, која не треба да се игнорира, ќе стане една од темите на разговор, но нема да биде единствена.

Петков рече дека за да стигне до Скопје со авион морал да лета преку Виена и праша зошто нема железничка линија која ќе ги поврзе Бугарија и Македонија.

Тој праша и зошто не се одржуваат конференции за различни индустрии, со што ќе се поврзат бизнисите на двете земји да работат заедно и зошто нема заеднички концерти. Да ги имавме овие работи, рече Петков, како би изгледале нашите економии.

-Тогаш подготвеноста за компромиси за прашања што се важни за нас како народ и за нив како народ би требало полесно да ги решаваме, коментираше Петков.

Но, според него, тоа не може да се случи, ако за тоа зборуваат само Бугарија и Македонија, туку целиот контекст мора да се отвори. Добрите резултати, рече, доаѓаат преку работа, а не преку добри идеи и слогани.-А најтешко е кога лидерите не се виделе или ако се гледаат на секои шест месеци, смета Петков.

Според него, најмногу можеме да добиеме со добрососедство и во иден момент да ги решиме овие проблеми, кои ги нарече „мали". Да бидеме, како што рече, дел од европското семејство што ќе биде многу добро и за целиот регион. /MИА

ССМ најави голем работнички протест, можен е и генерален штрајк

Сојузот на синдикатите на Македонија најави дека на 12 декември, со почеток во 12 часот и 12 минути во Скопје ќе организираат протест со цел за заштита на економските и социјалните права на своите членови и на сите работници од работниот однос.

Од ССМ велат дека поттикнати од актуелната општествено- економска социјална состојба, недостатокот на слух од страна на државните институции за нивните поднесени барања, тие на протестот ќе побараат исполнување на следниве барања: зголемување на минимална плата и скалесто покачување на останатите плати, недела неработен ден и К-15 за сите работници.

Во наредниот период, а во зависност од резултатите и брзината на преговорите, ССМ ќе повика на генерален штрајк кој ќе продолжи преку изразување на разни форми на изразување на работничкото незадоволство и синдикален притисок, стои во сопштението.

притисни ентер