ТНТ по две години започна повторно, овој пат се презентираа докази на ЈО

Судењето стартува од почеток поради промена на една поротничка во судечкиот совет.

Со прикажување снимка од надзорна расправа во Собранието на Македонија и презентирање докази од обвинителството, а селектирани од одбраната, денеска во Кривичниот суд започна судењето за предметот ТНТ кој се однесува на уривањето на „Космос" на бизнисменот Фијат Цановски.

Судењето стартува од почеток поради промена на една поротничка во судечкиот совет. Пред почетокот на рочиштето, адвокатот на еден од обвинетите Еленко Миланов поднесе процесен предлог во кој наведе дека доказите кои се кај обвинителството и предложени за изведување, а се однесуваат на 26 аудио снимки од 26 мај 2017 година, како и смс пораки од 12 мај 2017 година, не можат да се применуваат.

-Обвинителството нема овластување да предлага вакви докази од причина што законот за СЈО кој е во сила нема извршители кои можат да применуваат вакви нелегални снимки. Во неделата донесениот Закон за Јавно обвинителство стапува во сила и ќе се применува по 30 јуни 2020 година. Тој факт дека законот со кој во иднина може да се овозможи користење вакви докази е состојба која е идна, неактивна и неприменлива. Затоа овие докази во овој момент треба да бидат издвоени поради немање законска можност да опстојуваат. Доколку по 30 јуни овие законски одредби опстанат, не постои пречка да бидат прифатени, истакна Миланов.

Адвокатот Дончо Наков, пак, побара од судот ново овластување за обвинителот Бурим Рустеми кое, според него, е делегитимирано со законот на СЈО, бидејќи, како што појасни, се работи за предмет кој е од почеток. Наков рече дека материјалните докази кои денеска ќе се презентираат се невалидни бидејќи не се знае како се набавени.

Претседателот на судекиот совет Огнен Ставрев истакна дека обвинителот Рустеми има уредно овласување и дека се работи за ист предмет и не му е потребно ново. Во однос на доказите, Ставрев рече дека сите материјални докази се прифаќаат и ќе бидат презентирани.

Поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски кој на претходните две рочишта беше болен и се одлагаа судењата, рече дека се уште има боледување, но ќе направи напор да остане на судењето доколку не трае долго.

За уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос", меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос" на Фијат Цаноски./МИА

Општина Пустец туристичката сезона ќе ја отвори со „Преспа фест“

Општина Пустец, традиционално, со низа активности го означува почетокот на туристичката сезона, презентрајќи ги природни убавини, културни богатства, македонските традиционални јадења, традиции и обичаи.

Како што информираа од општината, во рамки на отворањето на туристичката сезона а во соработка со Управата на заштитените подрачја Корча, на 7 мај ќе се организира активноста „Преспа фест“.

-На истата ќе бидат истакнати вредностите на културата, традицијата и кујната, со учество на фолклорни групи од Преспа и oд Македонија. Алтивноста ќе почне во 11 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец. Со задоволство упатуваме покана до сите кои сакаат да бидат дел од оваа активност, заедно да уживаме во убавините на природата, вкусовите на традиционалното готвење и фолклорот на преспанскиот крај, додаваат од општина Пустец.

Општина Пустец ја сочинуваат 9 села, распослани на брегот на Преспанското Езеро, кое му дава посебна убавина на овој крај. На туристите им нуди бројни културни, природни и археолошки добра, поради што, последните години станува се попримамлива дестинација.

Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша

Претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ денеска нагласи дека Хрватска е дното на ЕУ кога се гледаат поранешните социјалистички земји, и дека „единствено Бугарија е полоша од нас“.

„Бугарија е единствено полоша од нас и секое утро му се молиме на Бога ништо не им се случи да има кој да биде последен....Тоа не е она со што треба да се задоволиме. Сега немам ништо со ниту една партија, ниту со ниту еден изборен список. За почеток, Хрватска мора да биде некаде на средина, а потоа да размислува да биде најдобра во конкуренција со Унгарија, Чешка, а не со Данска и Шведска, да биде како Словенија, која имаше менаџерски способности и среќа да се развие малку поинаку отколку Хрватска во изминатите 30 години и можете да го видите тоа“, рече Милановиќ.

„Ни треба децентрализација, вели тој. „

Секогаш е големо прашање до кој степен можете да ја дезинтегрирате државата и да ја оставите власта да оди кај народот, најдиректно кај народните избраници, без да ја разнишате државата и да и го одземете она што и треба, што е еден вид вертикала“.

Нивото на децентрализација во Хрватска, вели тој, е „за жал мизерно и никакво.

Сајкоски: Секоја година Битола од владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе добива 11 милиони евра

Секоја година Битола од владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе добива 11 милиони евра, затоа битолчани излезете на 8 мај за победа на ВМРО-ДПМНЕ и победа на Македонија.

И оваа сабота сум во Битола на средба со граѓаните. Сакаме да им укажеме, но и да им гарантираме на битолчани дека Битола е на врвот на агендата на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Сакаме да им гарантираме дека Битола ќе биде културен, образовен, економски и енергетски центар. Ќе вложиме во РЕК Битола , комбинатот ќе биде во полн сјај и ќе бидат реконструирани блоковите.

Сакаме исто така да укажеме дека ќе вложуваме и во општина Битола. Секоја година општината од владата ќе добива 11 милиони евра, ќе се направат влезовите во Битола. Но, владата исто така ќе ја направи обиколницата до Меџитилија, ќе вложи многу средства за градот Битола.

Сакам да ги повикам битолчани во што поголем број на изборите на 8 мај да се приклучат исто како и во првиот круг за да донесеме една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и победа за Македонија.

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер