Анчелоти: Ѓулер ќе биде клучен играч на Реал

 Турскиот талент Арда Ѓулер следната сезона ќе биде меѓу носителите на играта на Реал Мадрид, најави тренерот на Кралскиот клуб, Карло Анчелоти.

Деветнаесетгодишниот Ѓулер прв пат се најде во почетниот состав во Ла Лига и го постигна својот втор гол во дресот на Реал Мадрид во вчерашната победа од 1-0 на гостувањето против Реал Сосиедад.

Според информациите, турскиот играч за врска е незадоволен од малата минутажа што ја добива и размислува да ја смени клупската средина како позајмен фудбалер во новата сезона, но Анчелоти во него гледа еден од клучните играчи во новата сезона.

„Арда ќе биде многу важен играч за нас во иднина и нема сомнеж дека ќе остане тука следната година. Тој е многу млад, но малку по малку учи каква е неговата улога во овој тим. Тој постигна повеќе голови отколку што одигра натпревари. Тоа е талент“, рече Анчелоти.

Христијан Мицкоски во „Само Интервју“

Дами и господа, вечерва во Само Интервју ќе гостува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Убедливата победа ја донесе партијата блиску со апсолутно мнозинство во Собранието.. Ќе успее ли новиот мандатар лесно да се договори со Таравари и лидерите на Вреди за нова владина коалиција? Како гледа на заканите од ДУИ, и дали и дефинитивно вратата за соработка со нив е затворена?

Кои се можните постизборни комбинаторики со ЗНАМ и Левица и важи ли се уште девизата „во политиката никогаш не вели никогаш“?

Македонија ја доби првата жена претседател во историјата... каква стратегија ќе кројат заедно за европската иднина, што ќе прават со францускиот предлог и Договорот со Бугарија?

Кои ќе бидат клучните топ приоритети на новата Влада и има ли магично решение за борбата со корупцијата?

Вечерва во Само Интервју кај Гоце Михајлоски, ќе гостува Христијан Мицкоски, веднаш по вестите...

Вечерва во САМО ИНТЕРВЈУ: Гостин - мандатарот за состав на новата Влада, Христијан Мицкоски

Со Гоце Михајлоски ќе ги анализираат изборните резултати, ќе се зборува за идните коалициски партнери, за борбата со корупцијата и криминалот, дали ДУИ ќе замине во опизиција, за слободата на медиумите, но и за најважната тема: реформите на системот..

Вечерва, со почеток во 18.30 ч. на Канал 5 ТВ, во емисијата Само Интервју гостин ќе ни биде мандатарот за состав на новата Влада на Македонија, г-дин Христијан Мицкоски.

Ова ќе биде негово прво интервју од позиција на иден Премиер и јавноста ќе ги добие одговорите за идните чекори во политичката, општествената но и правосудната сфера.

Интимните односи после 30-тите се менуваат – Обратете внимание на овие 3 работи!

Ситуацијата не мора да е нужно полоша, туку напротив.

Многу луѓе, кога влегуваат во триесеттите, забележуваат промени во нивните интимни односи. Некои од најчестите проблеми во младоста, како што се предвремената ејакулација кај мажите или тешкотиите во постигнувањето оргазам кај жените, полека се надминуваат, но се појавуваат нови промени на кои треба да им се посвети внимание.

Потребно е повеќе време за да се возбудите, но и да ја достигнете кулминацијата. Намалувањето на нивото на половите хормони во телото влијае на времето потребно за постигнување на возбуда. Наместо неколку секунди, сега се потребни пет до десет минути за да се доведе телото во состојба на вистинска возбуда. Ова исто така значи дека продолжувањето на предиграта е клучно за квалитетни се*и.

1. Оргазмот е почест во триесеттите

Истражувањето на магазинот „Топ Санте“ покажало дека жените во триесеттите почесто доживуваат оргазам отколку во дваесетите. Ова е резултат на подобро познавање на сопственото тело, поголема самодоверба и подобра комуникација со партнерот.

2. Влијанието на хормоните врз сексуалниот живот

Хормоните, начинот на живот, контрацепцијата и разни нарушувања можат да влијаат на сексуалниот живот. Жените во триесеттите може да доживеат посилно навлажнување на интимната област како резултат, што не е ништо за грижа. Добро е да се знае дека вистинското решение е подолга предигра и употреба на лубриканти. Истото може да се случи и кај мажите, може да имаат послаба и поретка ерекција, што може да биде последица на уринарни инфекции, стрес и хормони.

3. Сексуалниот живот станува подобар

Иако луѓето имаат помалку секс кога влегуваат во доцните триесетти, истражувањата покажуваат дека повеќето од нив чувствуваат дека нивниот сексуален живот е подобрен. Сега во самата врска се ужива повеќе, се воведуваат повеќе емоции, а партнерите се поактивни и попретприемнички во кревет.

Иако се менуваат, овие промени не се нужно на полошо. Едноставно, потребно е да се прилагодите на новите околности и да уживате во квалитетен сексуален живот и по триесет.

притисни ентер