Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
1Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
ЖивотТинејџерка тврди дека направила над 100 естетски операции на лицето (ВИДЕО)16-годишната тинејџерка, позната како „најмладиот зависник од естетска хирургија во Кина“, тврди дека претрпела не помалку од 100 инвазивни козметички процедури во текот на последните 3 години, во обид да го подобри својот изглед.Џоу Чуна, младата кинеска инфлуенсерка со повеќе од 300 000 следбеници на платформата за микроблогирање Сина Веибо, ја изградила својата кариера преку Интернет врз пластичната хирургија, документирајќи ја нејзината трансформација, пренесува Одити Централ. Чуна не е единствената девојка која се обратила за козметички подобрувања на многу рана возраст, но нејзиниот случај се смета за уникатен поради големиот број процедури што ги направила (околу 100) за релативно краток период (3 години). Иако тврди дека имала сериозни несакани ефекти поради зависноста од пластичната хирургија, како што се губење на меморијата и трајни лузни, 16-годишното девојче вели дека сето тоа се исплати. Џоу им кажува на своите придружници дека била многу грда пред операцијата. Таа вели дека била навредувана и малтретирана поради тоа, па решила дека треба да го подобри својот изглед. Веќе на 13-годишна возраст, Чуна започнала да им досадува на своите родители да и платат за операција на очните капаци, која е популарна меѓу жените во Азија, и покрај нивниот отпор, но тие на крајот и го дозволиле тоа. Родителите се обиделе да ја одвратат од понатамошни операции, но таа вели дека чувствувала дека луѓето подобро се однесуваат кон неа, па затоа решила да продолжи. Со текот на годините, таа била под нож околу 100 пати и иако претежно биле едноставни процедури, имало и покомплексни, и вели дека сè уште нема намера да запре. Девојчето исто така тврди дека потрошило околу 4 милиони јуани (500.000 евра) на нејзината опсесија, а најголемиот дел го платиле нејзините родители, сопственици на профитабилна компанија. Чуна исто така вели дека не им дала избор на своите родители. Таа се заканила дека ќе го напушти училиштето ако не и платат за нејзините операции. „Никогаш нема да бидам задоволна со својот изглед“, ведли 16-годишното девојче. "Секогаш мислам дека ќе изгледам подобро по следната операција. Некој ме праша дали жалам за тие операции, но единствено жалење е што не сум започнала порано". Таа вели дека повеќе не може да живее без пластична операција, иако некои и оставиле трајни лузни. „Никогаш не се плашам од болка, се плашам од грдотија“, вели таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалДербито во ЗМанлестер за бранителот на тронот ПСЖ, Реал со пресврт до триумф во Рим Спектакл во Манчестер и Рим, но не помалку возбудливо беше и во другите градови, каде што се одигра 2. коло од Лигата на шампионите! Фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа Манчестер Сити со 4:2 на „Етихад“, додека Реал Мадрид, по неверојатен пресврт, ја победи Рома со 4:3 на Олимпискиот стадион. Уште од самиот почеток, ПСЖ покажа дека е подготвен за уште еден голем европски подвиг, а прашањето за победникот практично го реши уште во првото полувреме. Од друга страна, Реал Мадрид и Рома приредија вистински фудбалски трилер во италијанската престолнина. Кралевите од Мадрид со резулатски превсрт ги освоија бодовите против Рома. среда ЛАСК Линц - Ливерпул 3:6 Феенорд - Комо 3:2 Бетис - Порто 3:2 Рома - Реал Мадрид 3:4 Астон Вила - Фенербахче 6:0 Боде Глимт - Борусија Дортмунд Манчестер Сити - Пари Сен Жермен 2:4 Шахтјор - АЕК 3:1 Слован Братислава - Штутгарт 0:3 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:39
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
ТехнологијаМаск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува Илон Маск посочи дека американската влада можеби стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува и да остане поврзано со интернет мрежата Старлинк и Спејс икс.„Старлинк“ е витална алатка што му овозможува на Киев да насочува беспилотни летала кон руски цели, а исто така и да го штити сопственото небо, но во вторник вечерта Украина соопшти дека неочекуваните нови ограничувања на брзината ги нарушуваат нејзините мисии на бојното поле. Советник на Зеленски рече дека верува оти ограничувањата не се случајност и се поврзани со најновите тензии меѓу Киев и Вашингтон. Маск рече дека „Старшилд“ е контролирана од американската влада и „сите ограничувања на брзината или употребата ги одлучува американската војска и на крајот Маск - пишувајќи на X - одговараше на молбите од украинските власти за враќање на поврзаноста, вклучително и од Зеленски, кој за британските медиуми изјави: „Се надевам дека е грешка, можеби технички проблем. Владата на САД не коментираше.во раните утрински часови во четврток, руските напади убија две лица во регионот Дњепропетровск, изјави регионалниот гувернер. Иако обете компании се во сопственост на „Спејсикс“ на Маск, „Старлинк“ е цивилна услуга што користи сателити во ниската земјина орбита за да обезбеди пристап до интернет, особено во оддалечени области, додека „Старшилд“ е дизајниран за владина и воена употреба.најмалку 600.000 луѓе низ цела Украина останаа без електрична енергија, а жителите рекоа дека не добиле никакво предупредување за дроновите пред да удрат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВидео: Апокалиптични сцени во Истанбул: Улици под вода, буица носи возила, затворени училиштаОбилните дождови предизвикаа големи поплави низ Истанбул, при што улиците се претворија во реки, автомобили останаа заглавени во водата, а беа поплавени и домови и деловни објекти. Во невремето настрада и едно момче, откако стапна во локва во парк. Момчето, идентификувано со иницијалите М.И., починлоа во паркот „Чукур Бостан“, во истанбулската населба Балат, во општината Фатих. Според информации од кабинетот на гувернерот на Истанбул, момчето било пренесено во болница во бесвесна состојба, но починало и покрај напорите на лекарите да му го спасат животот. Надлежните органи започнаа истрага за да ги утврдат сите околности на овој случај. 🇹🇷 De violentes inondations soudaines ont frappé Istanbul, en Turquie, emportant des véhicules et submergeant les transports en commun https://t.co/SfeVIyGZ31 — Press TV Français (@fr_presstv) October 15, 2026 Разорните врнежи предизвикаа хаос низ градот, при што службите за итни случаи примија вкупно 2.518 повици поврзани со временските неприлики. Евидентирани се 1.277 случаи на поплавување, 15 свлечишта и 47 ситуации во кои луѓе останале заглавени поради водата. Исто така, пријавени се 13 паднати дрвја и два оштетени покриви. Според достапните податоци, невремето зафатило 808 станбени објекти, 280 деловни простории и 76 возила. Куќи, продавници, патишта и подвозници се поплавени, а бројни автомобили останаа заробени во водата. Во еден дел од градот, минувачи спасија жена која била носена по улицата од водената стихија, додека пожарникари извлекоа лице заробено во поплавен подрум. İstanbulda yağan güclü leysan nəticəsində küçələri su basıb. #İstanbul #leysan #oxuaz https://t.co/ep0LovPVNG — Oxu.Az (@oxuaz) October 15, 2026 Најсилните врнежи беа регистрирани во областа Омерли, во општината Бејкоз, на азиската страна на Истанбул. Таму беа измерени 193,84 литри дожд на квадратен метар. Во Арнавуткој беа регистрирани 125,9 литри на квадратен метар, додека во областа ИТУ Маслак, во општината Саријер, наврнаа 124,72 литри. Во Чаталџа беа измерени 75,2 литри на квадратен метар, во Картал 14,3 литри, а во Бакиркој 6,8 литри. Количината на врнежи на одредени локации доведе до брзо излевање на водата на улиците и поплавување на објекти, што дополнително го отежна движењето на граѓаните и одвивањето на сообраќајот. Поради опасните временски услови, властите одлучија во четврток да ја прекинат наставата во училиштата низ Истанбул. Исто така, забранет е сообраќајот за мотоцикли поради опасностите на патиштата.Тагови: Истанбул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook