Тинејџерка од Сараево киднапирала и злоставувала двајца мажи

19 годишнас девојка е уапсена вчера во полициска акција под кодно име „Липа“во БиХ за, како што пишува Тузлански.ба, предизвикала сериозни телесни повреди, незаконско лишување од слобода и неовластено производство и дистрибуција на наркотични средства

Станува збор за Арабела Авдиќ, пишуваат медиумите во БиХ, а таа е осомничена дека две години држела двајца мажи во стан во сараевската населба Алипашино Поље и ги злоупотребувала, удирајќи ги со тупаници и ги повредувала со нож.

При претрес на нејзиниот стан во сараевската општина Нови Град, полицијата пронашла хероин, амфетамин, канабис и други предмети.

Арабела исто така била уапсена во декември минатата година заедно со 25-годишник под сомнение дека се обидела да ограби продавница.

Со 10.000 фунти ќе се казнуваат прекршителите на самоизолоција во Британија

Британците, кои ќе ги прекршат новите правила на самоизолација со кои треба да се соочат поради контакт со некои од заразените со ковид-19, се соочуваат со големи казни, до 10 000 фунти, објави британскиот премиер Борис Џонсон.

„Луѓето кои ќе изберат да ги игнорираат правилата ќе се соочат со значителни казни“, рече Џонсон.

Новите правила, кои бараат самоизолација за луѓето кои биле во контакт со некој заразен со ковид-19, ќе стапат на сила на 28 септември, а некои работници со ниски примања ќе добијат државна поддршка во вредност од 500 фунти, доколку претрпат загуба на заработката, соопштија од владата.

Во Велика Британија, во последните 24 часа се пријавени 4422 нови случаи на коронавирус, околу илјада повеќе од претходниот ден, што е највисоко за еден ден од 8 мај.

Досега се регистрирани вкупно 390.358 инфекции со коронавирус во земјата, додека починале 41.759 лица.

Најновиот пораст на бројот на новоинфицирани доаѓа откако британските власти објавија дека дополнителните ограничувања ќе стапат на сила во централните и северните делови на Англија од вторник, со цел да се намали зголемувањето на бројот на заболени од ковид-19.

Контактот помеѓу различни домаќинства ќе биде забранет, додека работното време на угостителските објекти што работат до доцна навечер ќе биде ограничено.

Објавувањето на казните од Џонсон доаѓа по вчерашниот протест во центарот на Лондон, каде повеќе од илјада луѓе се собраа против ограничувањата на движењето, преземени за да се забави ширењето на коронавирусот. Полицијата приведе 32 лица.

Протестот беше организиран во моментот кога премиерот Борис Џонсон размислува за редефинирање на мерките за ограничување на движењето низ Англија.

Се дезинфицираат училиштата во Карпош пред почетокот на учебната година

Од утре ќе се врши дезинфекција на девет основни општински училишта во општина Карпош пред почетокот на учебната година од 1 октомври.

Минатата недела беше целосно дезинфицирано ООУ „Лазо Трповски" во Карпош 3, а утре дезинфекцијата ќе продолжи во ООУ „Петар Поп Арсов, во Карпош 4, „Аврам Писевски" во Бардовци и „Христијан Тодоровски Карпош" во Карпош 1.

Во вторник ќе се дезинфицираат просториите на училиштата „Јан Амос Коменски" во Тафталиџе 1 и „Братство" во Тафталиџе 2. Во среда „Војдан Чернодрински„ кај Млечен, како и школото „Владо Тасевски" во Козле и „Вера Циривири Трена" во Карпош 2.

Од Општината денеска информираа дека планот е дезинфекцијата да заврши до четврток.

– Општина Карпош спроведува сеопфатна дезинфекција во предучилишните и училишните установи секои шест месеци во годината, а годинава имавме и вонредна дезинфекција во март поради вонредната состојба со пандемијата. Интенција на локалната самоуправа е сите установи безбедно ќе ги пречекаат учениците во новата учебна година и да им обезбеди здрави и хигенски услови за престој и работа, велат од Општината.

МВР:Санкционирани 123 возачи во Прилеп, меѓу кои и 21 мотоциклист

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при МВР вчера во периодот од 17.00 часот до 23.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од учесници во соообраќајот на подрачјето на ОВР Прилеп.

Притоа, изречени се 123 санкции, меѓу кои за управување на моторно возило без положен испит 18, за нерегистрирани возила – 35, за возење под дејство на алкохол – 4, за управување на технички неисправно возило – 9.

При контролата санкционирани се и 21 мотоциклист, кај кои се констатирани низа прекршоци, меѓу кои 6 поради управување без положен испит, 3 поради тоа што не биле регистрирани.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли и во наредните денови, со кои ќе бидат опфатени сите учесници во сообраќај во сите градови во државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението на МВР.

притисни ентер