Манасиевски: СДС декласиран во Брвеница 4 спрема 1, Филипче и неговите колеги слават како да дошле на власт
2Манасиевски: СДС декласиран во Брвеница 4 спрема 1, Филипче и неговите колеги слават како да дошле на власт
3Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем
ЖивотТинејџерка од САД го убила силувачот, сега треба да му плати отштета на неговото семејство Тинејџерка кој избодела до смрт маж за кој тврди дека ја силувал, судот во американската сојузна држава Ајова ја осудил на пет години условно.Пипер Луис (17) исто така мора да плати 150.000 долари како реституција на семејството на Захари Брукс. Минатата година таа се изјаснила за виновна за убиство од небрежност и намерна повреда. Доколку ја прекрши условната казна, се соочува со 20 години затвор. Судот наредил дека таа мора да живее во специјален објект и да носи мониторинг уред. „Духот ми е уништен, но сè уште сјае низ пламенот. Погледнете ме како рикам, сјаам и растам. Јас сум преживеана“, изјавила Луис вчера, а пренесе Би-би-си. Во 2020 година, тинејџерката спиела во ходникот откако избегала од насилнички дом. Мажот ја примил и почнал да ја продава на други за секс. Луис изјавила дека еден од мажите кои платиле за неа бил Брукс (37) и дека ја силувал многу пати. Тинејџерката, која тогаш имала 15 години, го избодела Брукс повеќе од 30 пати во јуни 2020 година. Иако прифатила дека сторила кривично дело, таа ги бранела своите постапки. „Одзедов нечиј живот. Но тој ден не мислев. Чувствував дека не сум безбедна и дека сум во опасност, поради што го направив тоа. Но, тоа не го негира фактот дека направив кривично дело. “ изјавила Луис. Полицијата и обвинителството не оспоруваа за време на судењето дека Луис била сексуално злоставувана и тргувана. Но, обвинителството тврдело дека Брукс спиел кога таа го избодела и затоа не претставувал непосредна закана во тој момент.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНа улиците во Париз се„војува“, но натпреварот од Лигата на шампионите ПСЖ-Барселона ќе се одиграПретстојниот дуел на гигантите меѓу брнителот на титулата Пари Сен Жермен и шпанскиот првак Барселона во Лигата на шампионите нема да биде одложен ниту откажан.Претстојниот дуел на гигантите меѓу брнителот на титулата Пари Сен Жермен и шпанскиот првак Барселона во Лигата на шампионите нема да биде одложен ниту откажан, и покрај насилните протести што ја потресуваат Франција – потврди францускиот министер за одбрана, Себастијан Лекорни. Лекорни во синоќа изјави дека побарал од регионалните власти да воведат делумни полициски часови во некои градови, со цел да се заштитат граѓаните и бизнисите по немирите што се случија за време на викендот. Touchdown in Paris. 🇫🇷 https://t.co/oKL7evXSdR — FC Barcelona (@FCBarcelona) October 19, 2026 „Решен сум да воспоставам ред“, рече францускиот премиер, додавајќи дека, доколку е потребно, би можела да се воведе вонредна состојба. Сепак, тој оцени дека локалните и делумни забрани за движење во моментов претставуваат посоодветно решение. Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, потврди дека не постојат планови за откажување на натпреварот. ПСЖ во вторник навечер ќе ја пречека Барселона на стадионот „Парк на принцовите“, а почетокот на натпреварот е закажан за 21:00 часот по средноевропско време. Сепак, немирите ги погодија и француските фудбалски клубови. Марсеј пријави значителна штета на својата официјална продавница на познатата авенија „Ла Канебиер“, додека Лил соопшти дека нивната продавница во центарот на градот претрпела големи оштетувања и била ограбена. Двете продавници се привремено затворени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаНова функција на Фејсбук: Сами кажете што сакате да гледате„Фејсбук“ воведува функција која ви овозможува, со свои зборови, да наведете каков вид содржина би сакале да гледате почесто или поретко на вашата почетна страница.Новата функција, наречена „Вашиот алгоритам“ (Your Algorithm), им овозможува на корисниците директно да влијаат врз алгоритмот што препорачува содржина, наместо целосно да се потпираат на автоматските препораки на платформата, соопштија од „Мета“. Корисниците можат да ги опишат своите интереси и преференции користејќи природен јазик, а овие промени се одразуваат врз препорачаната содржина во реално време. Истовремено, „Мета“ го ажурираше менито што се појавува при кликнување на трите точки до некоја објава, со што на корисниците им се олеснува прилагодувањето на нивните преференции. Од таму, тие можат да пристапат до функцијата „Вашиот алгоритам“ или да означат дали им се допаѓа одредена содржина. Платформата може да постави и дополнителни прашања за подобро да разбере што корисникот сака да гледа повеќе, а што сака да гледа поретко. Воведувањето на оваа нова функција е дел од пошироките напори на „Мета“ да им овозможи на корисниците поголема контрола врз содржината што им се прикажува, наведоа од компанијата со седиште во Менло Парк. Извор: Б92Тагови: Фејсбук Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамМомчиња удрија во ѕид со „Мерцедес“ вреден 80.000 евра (ВИДЕО)Новиот „Мерцедес VLE“ е еден од моделите на германскиот производител наменет за семејства со деца, но на овогодинешниот Салон за автомобили во Париз, средбата со ова електрично комбе тргна во погрешна насока.Две момчиња успеале да го стартуваат изложеното возило и да го стават во рикверц, при што комбето удрило во ѕидот на изложбениот простор. На кратката снимка од инцидентот, која се прошири на социјалните мрежи, се гледа како претставник на „Мерцедес“ – задолжен за презентација на возилото – прави залуден обид да го спречи судирот. За среќа, овој пат не стануваше збор за скап „Бугати Широн“, туку за новиот електричен „Мерцедес VLE“. Инцидентот се случи во саботата, претпоследниот ден од саемот, во изложбениот центар „Париз Експо Порт де Версај“. Возилото беше паркирано пред изложбена позадина со натписот „Redefinir L'Espace“ – што од француски јазик се преведува како „редефинирање на просторот“. Момчето кое на толку необичен начин го стартуваше комбето, секако успеа да го „редефинира“ просторот што моделот „VLE“ го заземаше на штандот на „Мерцедес“. 🚨🇫🇷🚗 Un enfant a CRASHÉ LE NOUVEAU MERCEDES VLE CONTRE UN MUR au Salon de l’auto. 😭 https://t.co/9BC1S4j9Qo — Impact (@ImpactMediaFR) October 17, 2026 Откако „Мерцедес VLE“ во бронзена боја удри во ѕидот, останаа видливи оштетувања. Вработен во „Мерцедес“ очајно ги крена рацете, додека двете момчиња – кои изгледаа како да немаат повеќе од 12 години – излегоа од возилото видно засрамени. Набргу потоа им пријде припадник на обезбедувањето. Не е познато што се случило со момчињата понатаму, ниту пак колкава е штетата на самиот автомобил. Основниот модел „Мерцедес VLE 300“, чија цена започнува од 79.000 евра, се придвижува со еден електромотор со моќност од 272 коњски сили. Според „WLTP“ циклусот, овој модел може да помине до 700 километри со едно полнење на батеријата од 115 kWh. Помоќниот „VLE 400 4Matic“ поседува два електромотори, погон на сите тркала и вкупна моќност од 409 коњски сили. Забрзува од 0 до 100 км/ч за 6,5 секунди, додека на основната верзија ѝ се потребни 9,5 секунди за истото. Извор: Б92Тагови: мерцедес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook