БалканТинејџер загина, седум се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Нови Сад-БелградТинејџер џудиста на 16-годишна возраст загина додека негов брат близнак и други шест други се повредени откако утрово на автопатот Нови сад - Белград, се преврте комбе што превезувало осум малолетни членови на џудо клубот „Партизан“ од Белград. Повредените момчиња се хоспитализирани. Повредените деца се на возраст од 13, 15 и 16 години, а меѓу повредените е и возачот на комбето (43), кој бил пренесен во Централната болница Војводина со бројни повреди. Алкотестот утврдил дека возачот на комбето не бил под дејство на алкохол, соопшти МВР. „Сите седум деца се хоспитализирани, две се на интензивна нега, пет момчиња на одделение. Сите се стабилни, исклучок е детето кое беше примено на интензивна нега со обемна повреда на цервикалниот 'рбет, и беше транспортирано во Белград во Клиничкиот центар на Србија. Друго е на интензивна нега, откако му беа санирани раните под општа анестезија, е добро и не е витално загрозено. Другите пет деца се на одделенија, со стабилни витални параметри и нивните животи не се во опасност“, изјави Милош Пајиќ, раководител на Институтот за здравствена заштита на деца и млади на Војводина. Тагови: сообраќајка Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и топло со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени. Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено топло ќе биде во петок и за време на викендот кога температурите секаде ќе бидат над 32 степена.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Технологија„Apple“ ја менува долгогодишната традиција: Новиот „iPhone“ добива промена што никој не ја сака„Apple“ со години избегнуваше да се натпреварува со конкурентите на „Android“ во капацитетот на батеријата, но со доаѓањето на серијата „iPhone 18“, работите драстично се менуваат.Иако неколку месеци не делат од официјалната премиера на новата генерација телефони на „Apple“, веќе циркулираат инсајдерски информации. Според податоците од кинеската регулаторна база на податоци „3C“, објавени од познатиот типстер „Digital Chat Station“, „iPhone 18 Pro Max“ ќе има значително поголема батерија, но затоа ќе биде значително подебел и потежок. Поради зголемените барања за вештачка интелигенција (Apple Intelligence), компанијата е принудена да ја промени својата филозофија за тенок дизајн. Новиот „iPhone 18 Pro Max“ наводно доаѓа со масивна батерија со капацитет од дури 5.567 mAh (во eSIM верзијата). За споредба, претходниот „iPhone 17 Pro Max“ имаше батерија од 5.088 mAh. Помалиот „iPhone 18 Pro“ исто така ќе добие сериозно подобрување, чиј капацитет се зголемува на 4.288 mAh. Отстранувањето на слотот за физичка SIM картичка ослободува вреден простор во куќиштето за дополнителни милиампер-часови. Кога овој хардверски скок ќе се комбинира со новата генерација енергетски ефикасни чипови „A20 Pro“ (направени на 2nm процес), аналитичарите предвидуваат дека „iPhone 18 Pro Max“ би можел да понуди најдобра автономија во историјата на паметните телефони, што би можело да им конкурира на „Android“ телефоните со батерии од дури 7.000 mAh. Фото: ВИ Извор: Б92Тагови: Apple Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаХорор на градилиште во Брисел: Безживотни тела пронајдени во лифтНеколку лица загинаа во пожар на градилиште во Брисел денес, додека потрагата по уште шест исчезнати е во тек, соопштија локалните власти.Телевизијата „VRT“ објави дека повеќето од приближно 200 работници биле евакуирани откако избувнал пожарот. Портпаролот на локалниот инспекторат за труд изјави дека голем број тела се пронајдени во еден од двата лифтови на голем проект за реновирање на „Place de Brouckere“, каде што пожарот избувна рано утрово. ‼️ Explosion sur la place De Brouckère, les infos que j’ai eu sur place et via les médias … #explosion #incendie #bruxelles #Debrouckère #Incident pic.twitter.com/qaYLaL9hQA — Yusuf Yildiz (@yyildiz1030) July 14, 2026 Сепак, тој не прецизираше за колку тела станува збор. Тој додаде дека сè уште не е јасно дали телата на исчезнатите работници се пронајдени.Тагови: Брисел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter