3 Вашето дете повеќе не сака да споделува работи со вас? Десет совети што го олеснуваат влегувањето во тинејџерските години
ЖивотТинејџер скокнал во разбранувано море за да спаси роднина, од тогаш херојот се води за исчезнатПродолжува потрагата по херојот, тинејџер од Сиднеј, кого брановите го однеле на отворено море во Нов Јужен Велс, Австралија.Катаб Абу Хаиш (19) скокнал во водата и спасил член на семејството кој се давел, но брановите го одвлекле, пренесува „Дејли мејл“. Веднаш започнала потрага по момчето, но не можело да биде пронајдено. Во средата, потрагата, во која учествувале бројни спасувачки служби, продолжила до 7 часот наутро. Плажата „Конго“ е озлогласен меѓу локалното население како опасна изолирана плажа, со процепи и често длабок крајбрежен канал. Братот на тинејџерскиот херој се огласи на социјалните мрежи за да ги замоли луѓето да се молат за него додека потрагата продолжува. „Мојот брат Катаб Абу Хаиш (19) од Сиднеј, Австралија е исчезнат на плажата Конго. Го фатија брановите. Само сакам сите да се молат да е уште жив и да го најдеме.“ Се стравува дека уште четири лица се удавиле или исчезнале во австралиските води од Бадник. 35-годишен маж во вторникот околу 18.15 часот бил извлечен од новоотворената плажа Пенрит, откако додека сурфал паднал во водата и исчезнал. Уште две лица се удавиле на централниот брег на Нов Јужен Велс во одделни инциденти на Божиќ. Еден човек бил извлечен од водите на плажата Копакабана, југоисточно од Госфорд, околу 17 часот додека уживал со своето семејство. Се верува дека тој доживеал „медицинска епизода“ додека сурфал и бил прогласен за мртов на местото на настанот и покрај напорите на спасувачите и болничарите. Само половина час возење западно од Копакабана, на плажата Умина, починал сурфер. Неговото тело било извлечено од водата и на местото на настанот била констатирана смрт. Потрагата низ Ленокс Хед продолжува по уште еден маж кој исчезнал од главната плажа околу 15.20 часот на Бадник.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:39
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
МакедонијаФилипче: Скандалозно признание на Тошковски дека нашата граница е швајцарско сирењеПретседателот на СДСМ, Венко Филипче, во телевизиско гостувањето, рече дека изјавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека границата е швајцарско сирење е скандалозна.Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во телевизиско гостувањето, рече дека изјавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека границата е швајцарско сирење е скандалозна, посочувајќи го примерот со пуштањето на Ива Михаилова , како и низата безбедносни пропусти во изминатиот период. „Вчера министерот за внатрешни работи, би рекол, скандалозно изјавува дека нашата граница е швајцарско сирење. Ама тоа не треба тој да го изјави, тоа се гледа секојдневно. Изминатите повеќе од две години како е тој министер за внатрешни работи. Се сеќавате на скандалите на границата со Косово, како поминуваше Африм Гаши на свадба и така натаму. Како избега Артан Груби?“, рече Филипче. Филипче посочи дека случајот со Ива Михаилова е уште еден во низата скандали за кои треба да има одговорност. „ Најмалку што може, Панче Тошковски, сега, после овој скандал, последен во низата скандали е тоа. Да не го заборавиме случајот со пожарот во Кочани, се обиде да ги заштити делот од полицајците кои што таму работеа, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Во врска со случајот со Ива Михаилова, Филипче побара Бугарија да ја екстрадира и побара одговорност од Тошковски и Христовски. „Бараме Бугарија да направи екстрадиција. И тоа е најмалку што Бугарија треба и може да направи во корист на добрососедските односи. Да потсетам на лажниот сертификат што директорот на АНБ, Бојан Христовски, го има од Бугарија. Да не е тоа причината зошто сега има вакви договори? Затоа што АНБ треба да има одговорност, затоа што МВР треба да има одговорност. А како ние можеме да бидеме сигурни дека сега нема некој таков договор, кога директорот на АНБ има фалсификуван сертификат за англиски јазик од Бугарија?. Нема што друго да е освен договор, затоа што нема објаснување како некој може така да помине граница. И адвокатот и самата Ива кажаа дека ја поминале границата најлегално, рече Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на потпишување договор за нова инвестицијаПремиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на потпишување договор за нова инвестиција.Договорот ќе биде потпишан во свечената сала на владата. По потпишувањето предвидено е Мицкоски и претставници на „компанијата да одржат заедничка прес-конференција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:39
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
СветЗеленски: Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерииУкраина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“.– Забраната за напади врз рафинериите е укината. Завршивме со тоа, истакна Зеленски. Претседателот на САД, Доналд Трамп на 11 октомври изјави дека е постигнато енергетско примирје меѓу Русија и Украина, кое ќе стапи во сила веднаш. Подоцна, Зеленски наведе дека Русија не го почитува примирјето и не ги почитува изјавите на американскиот претседател.Тагови: Володимир Зеленски украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter