Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
3Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
ЖивотТинејџер од Сингапур имал срцев застој по вакцинирањето, ќе му дадат 166.000 отштетаСингапур ќе му плати на 16-годишното момче 166.000 долари бидејќи доживеал срцев застој по првата доза на вакцината против „Ковид-19“, објави Министерството за здравство.Пациентот, кому му била потребна интензивна нега, сега се опоравува и е стабилен. Веројатно ќе биде пуштен дома во следните неколку недели. Сепак, тој ќе треба да помине низ период на рехабилитација пред да се врати на училиште и да продолжи со други активности. Исплатата на момчето и неговото семејство спаѓа во рамките на владината доброволна еднократна програма за финансиска помош за надоместување на трошоците поврзани со сериозните несакани ефекти од примање вакцина против коронавирус, пишува Блумберг. Тинејџерот ја добил првата доза Pfizer-BioNTech на 27 јуни. Потоа развил тежок акутен миокардитис, веројатно предизвикан од вакцината, што можело да се влоши со напорно кревање тежина и голема потрошувачка на кофеин. Властите нагласиле дека придобивките од вакцината „продолжуваат да ги надминуваат ризиците“. Но, тие додаваат дека вакцинираните луѓе треба да избегнуваат напорна физичка активност една недела по примањето на првата или втората доза.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаОд утре исплати за граѓаните кои немаат картички во главната филијала на „Алта банка“ во БитолаОткако експозитурите на Алта банка пред два дена ги затворија вратите за клиентите, по воведувањето на привремена администрација, од утре во главната филијала во Битола се отвораат повеќе шалтери за подигање на готовинаОткако експозитурите на Алта банка пред два дена ги затворија вратите за клиентите, по воведувањето на привремена администрација, од утре во главната филијала во Битола се отвораат повеќе шалтери за подигање на готовина за граѓаните што немаат картички. Исплатата ќе се врши според претходно утврден распоред, па така граѓаните преку СМС порака ќе добијат информација за денот и часот кога треба да дојдат во филијалата.. -Ги замолуваме граѓаните да се придржуваат до добиените термини и да не доаѓаат во филијалата во деновите во кои не се повикани и пред времето за кое се повикани на конкретниот ден за да се избегнат гужви и подолго чекање.За оние кои нема да бидат во можност да дојдат во определениот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини. Шалтерите ќе бидат наменети исклучиво за подигање готовина и нема да се вршат други видови трансакции. – соопштија од НБРМ. Максималниот износ за подигање средства од банката е 20.000 денари во период од две недели, додека за примателите на социјална помош министерот Ѓоко Велковски најави посебни правила, односно дека тие ќе можат да го подигнат целиот износ што им следува, без ограничувања. Преку АЛТА банка, во Македонија пензија примаат околу 11.500 граѓани од кои 3.500 не поседуваат платежни картички. Дополнително, околу 5.500 лица се корисници на социјална помош и други права од социјална заштита. Најголем дел од нив, освен во Битола се концентрирани и Скопје и Струмица, каде исто така наскоро се очекува да бидат отворени шалтери. Исплатата за клиентите на АЛТА банка овде во Македонија кои што не поседуваат платежна картичка започнува утре, но за сега само во Битола. Вакви шалтери се планирани и во Скопје и во Струмица, меѓутоа за нивните локации и за тоа кога точно тие би започнале со работа, од Народната Банка велат дека дополнително ќе ја информираат јавноста. Во меѓувреме, тече тридневниот рок во кој српските сопственици треба да се изјаснат дали АЛТА Банка АД Белград ќе ги понуди на продажба акциите што ги поседува во битолската банка. Станува збор за над 95% од капиталот. Доколку сопственикот не ја спроведе постапката, тоа ќе го направи Народната банка преку Македонската берза. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаИзвештај на ЕК: Нема напредок за уставни измени, корупцијата останува широко распространетаНеусвојувањето на уставните измени, загриженост за распространетоста на корупцијата но и пофалба за државава за посветеноста кон реформите и позицијата како доверлив партнер на ЕУ, се дел од клучните наоди на новиот извештај на Европската комисија.Неусвојувањето на уставните измени, загриженост за распространетоста на корупцијата но и пофалба за државава за посветеноста кон реформите и позицијата како доверлив партнер на ЕУ, се дел од клучните наоди на новиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија за оваа година. Ресорната еврокомесарка Кос, во своето обраќање пред Комитетот за надворешни работи на ЕП, повторно ја повика Македонија да ги исполни превземените обврски од 2022та година. - Македонија покажа посветеност кон реформите на ЕУ во рамките на реформската агенда, сега треба да покаже соодветни резултати за да напредува на својот пат кон пристапување. Условите се јасни: Македонија треба да ја исполни својата обврска за завршување на уставните измени, како што е наведено во заклучоците на Советот од 2022 година. Европската комисија ќе продолжи да ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Нашата цел останува отворање на првиот кластер штом ќе се исполнат условите. Сега сè зависи од Македонија. Во меѓувреме, техничката работа околу критериумите за отворање на кластерот 1 напредуваше,- - Марта Кос, Еврокомесарка за проширување. И во годинешниот извештај на ЕК, земјава е пофалена за ндворешната политиака... Дополнително, се потсетува и на постоечките билатерални договори со соседна Грција и Бугарија, кои треба да бидат спроведени со добра волја од сите засегнати страни. -Македонија ја задржа целокупната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и во однос на руската воена агресија врз Украина, со што испрати силен сигнал за својот стратешки избор за пристапување кон ЕУ и се покажа како доверлив партнер. Најголеми критики пак, има за корупцијата, која според оценката на ЕК останува распространета и нема напредок во борбата против неа, поради што Комисијата советува усвојување на нов Кривичен законик, нов Закон за кривична постапка и распределба на повеќе ресурси за Обвинителствата. -Корупцијата останува широко распространета и претставува сериозна причина за загриженост. Измените на Кривичниот законик од јануари 2026 година, кои се однесуваат на кривичните дела злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување, не ги решаваат соодветно негативните последици од измените од 2023 година и придонесоа за правна несигурност. Предметите за корупција на високо ниво и понатаму се соочуваат со одложувања и често застаруваат, што придонесува за перцепцијата за неказнивост,- - извештај за Македонија. Во состојбата со правосудството се нотира одреден напредок, со оглед на тоа што земјава ги усвоила законите за Судски совет, Советот на јавни обвинители, платите на судиите и јавните обвинители, како и за парнична постапка. Меѓутоа, се предупредува на нарушена независност поради, како што пишува, постојано мешање од страна на други гранки на власта. -Севкупната независност и финансиската автономија на правосудството се нарушени поради постојаното мешање од страна на другите гранки на власта, како и поради драстичниот недостиг на финансиски и човечки ресурси,- - извештај за Македонија. Во реформите на јавната администрација пак, се бележи одреден напредок, но останува да се усвојат Законите за административните службеници и вработените во јавниот сектор, а недонесувањето на новиот Изборен законик исто така е нотирано. Како дел од овогодинешниот пакет на извештаи за сите земји-кандидатки, четирите фаворитки – Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија добија конкретни патокази а Кос нагласи дека очекува Црна Гора следната година да ги финализира сите преостанати чекори и да стане 28та членка на Унијата во 2028та година. Тагови: ЕК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерството за дигитална трансформација предводник во реформите за пристапување кон ЕУЕвропската комисија ги препознава конкретните резултати во законодавното усогласување, проширувањето на електронските услуги, зајакнувањето на интероперабилноста и сајбербезбедностаМинистерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека Европската комисија во Извештајот за 2026 година констатира „добар напредок“ во Поглавјето 10 – Дигитална трансформација и медиуми, а истовремено го подигнува и нивото на подготвеност на земјата од „умерено“ на „меѓу умерено и добро ниво на подготвеност“. Овие оценки го потврдуваат значењето на спроведените дигитални реформи за напредокот на државата во процесот на пристапување кон Европската Унија. Подобрувањето е особено значајно во споредба со претходните години. Во четири последователни извештаи, од 2021 до 2024 година, Европската комисија констатираше „ограничен напредок“ во ова поглавје. Во 2025 година оценката се подобри на „одреден напредок“, а во 2026 година достигна „добар напредок“, придружен со повисока оценка за подготвеноста на земјата. Европската комисија ги препознава конкретните резултати во законодавното усогласување, проширувањето на електронските услуги, зајакнувањето на интероперабилноста и сајбербезбедноста. Долгогодишните препораки добиваат конкретен одговор преку усвоени закони и стратегии, нови оперативни капацитети и поголемо користење на дигиталните услуги. Меѓу клучните реформи се усвојувањето на долгорочната ИКТ стратегија со акциски план и Стратегијата за сајбер-безбедност, донесувањето на законите за електронски комуникации и за безбедност на мрежи и информациски системи, како и законските измени за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Дополнителното усогласување во областа на електронските комуникации претставува важен чекор кон европските правила и стандарди. Резултатите се видливи и во услугите што ги користат граѓаните и компаниите. Европската комисија констатира дека користењето на електронските услуги е удвоено во однос на претходната година. Според податоците опфатени во извештајот, на крајот на август 2026 година на Националниот портал биле достапни 338 електронски услуги, вклучително и делумно достапните услуги. Препознаено е и воведувањето услуги што граѓаните најчесто ги бараат, како изводи од матичните книги и уверенија за државјанство, како и подобрувањето на пристапот до услугите за бизнисите. Напредок е забележан и во дигитализацијата на работата на институциите. Централниот систем за управување со документи го користат 44 институции, а зајакнувањето на интероперабилноста, односно електронската размена на податоци меѓу институциите, е издвоено како еден од резултатите што придонесуваат за позитивната оценка. Во областа на сајбербезбедноста, покрај усвоената законска и стратешка рамка, воспоставен е и MKD-GOV-CSIRT, владиниот тим за одговор на компјутерски безбедносни инциденти. Вложувањата во современи технологии и стручни капацитети ја зајакнуваат способноста на институциите да одговорат на сајберзаканите. Позитивните наоди за дигитализацијата се присутни и во делот од извештајот посветен на услугите кон граѓаните и бизнисите во рамките на реформата на јавната администрација. Европската комисија во овој дел констатира значителни подобрувања во текот на 2025 и почетокот на 2026 година, потврдувајќи ја важноста на дигиталната трансформација за поефикасно функционирање на институциите. Министерството за дигитална трансформација, во соработка со институциите и партнерите, продолжува со спроведување на реформите и преостанатите препораки на Европската комисија. Повисоките оценки се потврда за досегашните резултати и поттик за натамошна работа кон модерна, ефикасна и безбедна дигитална држава, со побрзи и подостапни услуги за граѓаните и компаниите.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook