Тинејџер од Кавадарци сликал банкарски картички од сограѓани па им крадел од сметките

Момче од Кавадарци сликало банкарски картички од сограѓани па им крадело од сметките, за ова попладнево информираа од СВР Велес.  

Оттаму соопштија дека ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднесе писмено известување за 17-годишник од Кавадарци, поради постоење на основи на сомнение за сторени две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“, казниво по член 251 од Кривичниот законик.

- Имено, на 23.01 2024 во соблекувална на сала за вежбање во Кавадарци ги сликал банкарските картички на 45-годишник од Кавадарци, по што во својот дом извршил повеќе трансакции и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 8.948 денари. Исто така, на 26.01.2024 на истиот начин оштетил и 42-годишен жител на Кавадарци и со повеќе направени трансакции, се стекнал со противправна имотна корист од 3.300 денари, појаснија од СВР Велес.

Компани: Победивме противник кој ретко губи на домашен терен

Тренерот на Баерн, Винсент Компани е задоволен од победата над Селтик (2:1) синоќа во првиот натпревар од плејоф рундата во Лигата на шампионите.

- Ова е прво полувреме од двомечот. Генерално, резултатот е навистина одличен. Локалните навивачи ретко гледаат дека нивниот тим губи дома, особено во европските натпревари, па затоа високо ја цениме важноста на оваа победа и прикажаниот настап.

Во последните 10 минути моравме да ја држиме одбраната на ниво, и добро го завршивме тоа, изјави Компани.

Реваншот ќе се игра во Германија на 18 февруари.

Белата куќа со обвинувања за судиите поради злоупотреба на функција

Белата куќа со обвинувања за судиите поради злоупотреба на функција бидеќи ги блокираат одлуките на Трамп.

- Белата куќа ги обвини судиите кои блокираат некои од одлуките на Доналд Трамп за „злоупотреба на функцијата“ и „оневозможување на волјата на народот“.

„Ние ќе го почќитуваме законот во судовите“, нагласи портпаролката Каролин Левит за време на брифингот. Таа додаде дека Белата куќа ќе продолжи „да ги користи сите правни лекови за на крајот да ги поништи овие итни забрани“.

Тие коментари беа дадени еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп ги осуди „високо политизираните судии“ во земјата.

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е одговорен за ставањето под закрила на политичките криминалци од СДС-ДУИ

 Љупчо Коцевски е одговорен за ставањето под закрила на политичките криминалци од СДС и ДУИ.

Македонија мора да функционира како правна држава, неопходни се коренити реформи во правосудството.

Функционирањето на Коцевски повеќе од 8 месеци е поразително. Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери од СДС и ДУИ.

Љупчо Коцевски 8 месеци нема покренато ниту едно обвинение. Љупчо Коцевски е целосно одговорен за не постапувањето и неработењето на обвинителите под него.

Љупчо Коцевски е одговорен за ставањето под закрила на политичките криминалци од СДС и ДУИ. Коцевски наместо да работи на владеење на првото и да го санкционира криминалот тој ја продлабочува недовербата на граѓаните во правосудството.

Коцевски не постапува по наводите за криминал. Коцевски и ЈО со прст не мрднаа по мноштвото докази кои излегоа во јавноста за сторен криминал. За Коцевски не постои институтот за отворање на предмет по допрен глас.

СДС поради контрола на судството инсталираше обвинители и судии избрани во Струмица и Зајас кои не постапуваат по наводите за криминал.

Извештајот на Транспаренси каде Македонија има пад од 12 места на светскиот индекс на корупција покажува дека токму правосудството е најслабиот столб во општеството во кое граѓаните имаат доверба од само 2 проценти.

Коцевски треба да знае дека правдата не смее да чека, граѓаните заслужуваат правда и не можат повеќе да трпат неуспех, несериозност и непрофесионалност од судиите и обвинителите.

ЈО на чело со Љупчо Коцевски наместо да го санкционира криминалот ги штити политичките елити блиски до СДС и ДУИ со што предизвикува ерозија на судскиот систем и недоверба во јавните институции.

ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер