Тина Тарнер се враќа на сцената - Канал 5

Тина Тарнер се враќа на сцената

Фановите се воодушевени и со нетрпение го очекуваат нејзиното враќање.

Тина Тарнер се враќа на сцената

Тина Тарнер се враќа на свената со ремикс од својот класичен хит „What's Love Got to Do With It“.

Познатата пејачка заедно со нормешкиот продуцент, ДЈ Киго, работела на ремиксот на песната.

Веста за излегувањето на ремикс песната од Тина Тарнер, Киго ја објави на Инстаграм, заедно со фотографија од оваа 80 годишна пејачка.

Тој напиша дека песната ќе биде достапна во петок, и дека не му се верува.

х„What's Love Got to Do With It“ е една од моите најдраги песни на сите времиња. Нереално е да се добие прилика за соработка со легендарен уметник. Едвај чекам да го чуете ремиксот, наведе Киго.

Инаку, познатата песна за прв пат е објавена 1984 година. Тина Тарнер на последна турнеја била во 2008 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лавров: Мерц всушност ни објавува војна

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделник изјави дека германските обвинувања за вмешаност на Москва во инцидентот со беспилотното летало на аеродромот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“.

Лавров: Мерц всушност ни објавува војна

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделник изјави дека германските обвинувања за вмешаност на Москва во инцидентот со беспилотното летало на аеродромот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“, објави руската државна новинска агенција ТАСС.

„Сите изјави на Мерц за повторно претворање на Германија во водечка воена сила во Европа се спроведуваат во пракса. Тој всушност ни објавува војна“, рече Лавров, коментирајќи ги изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Германската влада на 1 септември објави дека има информации дека Русија е одговорна за обидот за напад со беспилотно летало на аеродромот Лајпциг/Хале минатиот месец.

Затоа одлучи да одговори со низа мерки, вклучително и затворање на конзулатот и рускиот културен центар во Берлин.

Русија ги отфрли германските обвинувања како неосновани, а Берлин ја обвини дека подметнува докази за да ја префрли одговорноста врз неа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германска ракета е лансирана во земјината орбита: Историски момент

Германскиот стартап „Исар Аероспек“ денес соопшти дека наскоро ќе ги прошири лансирањата на сателити, откако неговата ракета „Спектрум“ за прв пат беше лансирана во орбитата од вселенски центар во Норвешка.

Германска ракета е лансирана во земјината орбита: Историски момент

Германскиот стартап „Исар Аероспек“ денес соопшти дека наскоро ќе ги прошири лансирањата на сателити, откако неговата ракета „Спектрум“ за прв пат беше лансирана во орбитата од вселенски центар во Норвешка, што претставува пресвртница во напорите на Европа да обезбеди независен пристап до вселената.

Беспилотната ракета „Спектрум“ стана првата комерцијална ракета што стигна до орбитата од континентална Европа, што е пробив за регион каде што неколку земји бараат упориште на брзорастечкиот пазар за лансирање сателити. „Способноста за лансирање во моментов е најголемото тесно грло во целата индустрија“, изјави за новинарите Даниел Мецлер, коосновач и извршен директор на „Исар“.

„Исар“ е приватна компанија и сè уште е добро финансирана, рече Мецлер, додавајќи дека излегувањето на берза во моментов „не е опција“. Германскиот канцелар Фридрих Мерц го поздрави лансирањето со изјава во која го нарече „почеток на нова ера“.

Мерц го посети местото за лансирање на „Исар“ во март и ги истакна напорите на Европа да воспостави поголема автономија, бидејќи глобалниот поредок, некогаш предводен од САД, се менува под водство на американскиот претседател Доналд Трамп.

Лансирањето беше извршено од норвешкиот космодром Андоја, а Спектрум носеше пет мали сателити и технолошки експеримент, објави Исар. Ракетата е дизајнирана за растечкиот пазар на мали и средни товари. „Независниот пристап на Европа кон вселената штотуку доби голем поттик“, напиша комесарот на ЕУ за одбрана и вселена Андриус ​​Кубилиус на социјалната мрежа X.

Тоа беше второ лансирање на Исар, кое се случи 18 месеци откако првата ракета на компанијата падна во морето и експлодираше во огнен спектакл кратко по полетувањето од истата локација. Никој не беше повреден.

Исар произведува уште пет ракети

Исар објави дека во моментов произведува уште пет ракети и сега е фокусиран на зголемување на бројот на лансирања за да се задоволи зголемената побарувачка, со долгорочна цел од околу 40 лансирања годишно. Минатата недела, Исар објави дека обезбедил околу 200 милиони евра од Европската вселенска агенција за финансирање на развој на нови ракети и проширување на инфраструктурата за тестирање и лансирање.

Глобалните играчи на пазарот за лансирање сателити ги вклучуваат американскиот „СпејсИкс“ на Елон Маск и француската „АријанГруп“, заедничко вложување помеѓу „Ербас“ и „Сафран“, која користи вселенски центар во Француска Гвајана во Јужна Америка.

Шведска со својата лансирна рампа „Есранџ“ и Велика Британија со својот космодром „Саксаворд“ на шкотските Шетландски Острови се најблиските конкуренти на норвешката лансирна рампа и сите сакаат да ѝ обезбедат на Европа поголема автономија во вселенските летови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанушев: Крајно е несериозно тоа што СДС пак се обидува да произведе политички конструкции

Крајно е несериозно тоа што СДС пак се обидува да произведе политички конструкции, само со неселективна одговорност можеме да изградиме општество во кое корупцијата не се премолчува и толерира.

Јанушев: Крајно е несериозно тоа што СДС пак се обидува да произведе политички конструкции

Нема ситуација во која СДС нема да се обиде да измисли, конструира и изврти нешто што нема никаква допирна точка со реалноста.

Целосно ја поздравувам и ја поддржувам акцијата на надлежните институции за спречување на корупцијата, како и храброста и решителноста на граѓанинот кој го пријавил барањето за мито и соработувал со институциите за случајот да биде откриен и процесуиран. Само со таков однос, пријавување, постапување и неселективна одговорност можеме да изградиме општество во кое корупцијата нема да се премолчува и толерира. За вакви постапки мора да има нулта толеранција, без разлика кој е сторителот.

Во однос на мене лично, сакам да бидам кристално јасен дека целосно се оградувам од постапувањето на приведеното лице. Неговото постапување нема никаква врска со мене, со мојата функција, со моето работење или со каква било моја одлука или постапка. Лицето е возач кој во минатото работел и кај други функционери, а на позицијата возач кај генерален секретар е само околу шест месеци. Неговото незаконско постапување е исклучиво негова лична одговорност и за стореното треба да одговара пред надлежните институции.

И до сите оние кои мислат дека на ваков начин можат да дојдат до пари или дека ваквото работење може да им се исплати сакам недвосмислено да истакнам дека со оваа Влада, со институциите кои постапуваат и со моето работење како поединец, но и како дел од овој систем, криминалот нема да ви биде исплатлив. Нема да дозволам нечии незаконски постапки да го валкаат угледот на луѓето кои чесно, одговорно и деноноќно работат за резултати, ниту ќе дозволам со такви постапки да се фрла сенка врз работата што ја вложуваме секој ден.

Токму затоа е крајно несериозно и политички бедно тоа што СДС повторно се обидува од конкретен случај да произведе политичка конструкција. Кај нив очигледно нема ситуација во која нема да се обидат да измислат „врска“, да извртуваат факти и да фрлаат клевети, само за да создадат политичка приказна таму каде што не постои.

Но, конструкцијата им е целосно промашена. Нивниот проблем е што не можат да прифатат дека денес институциите постапуваат. Не можат да прифатат дека никој не смее да биде заштитен ако го прекршил законот. И токму затоа денес се обидуваат да ја претстават како проблем акцијата која всушност покажува дека системот функционира. Нема да дозволам нивните политички конструкции да ја сменат вистината.

Корупцијата треба да се пријавува. Институциите треба да постапуваат. А секој што ќе го прекрши законот треба да одговара без оглед на функција, партија или близина со кој било функционер. Тоа е нашата позиција.

А СДС, наместо да измислува приказни, нека се соочи со фактот дека времето на заштита од одговорност заврши, објави на ФБ генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер