Тетекс и Работнички утре на арената „Филип Втори“

Тетекс и Работнички утре на арената „Филип Втори“ од 20 часот ќе го одиграат 23-тото финале во Купот на Македонија.

Трофејот од минатата сезона го бранат „Романтичарите“, кои влегуваат и како големи фаворити во однос на тимот од Тетово, кој пак во овој натпревар гледа спас на сезоната во која го загуби прволигашкиот статус.

Пред пет години Тетекс го совлада Работнички во големото куп финале со 3-2 дојде до својот прв пехар во историјата на клубот. Токму овие два клуба се и последните два освојувачи на купот, лани триумфираше тимот од Дебар маало, а преклани тетовци во слична сезона, како и оваа кога го загубија прволигашкиот статус.

Улогата на домаќин утре ја има Тетекс, кој во овој натпревар не гледа спас само на сезоната, туку и на егзистенцијата на клубот. Рускиот спонзор си замина па фудбалерите се препуштени сами на себе, но доколку триумфираат во купот, на лето ќе обезбедат пласман во квалификациите од Лигата на Европа, кои ќе им донесат награда од околу 200.000 евра со кои клубот ќе продолжи да егзистира.

Работнички веќе ја предаде титулата во првенството на Вардар, но ќе се обиде да го задржи барем пехарот во купот. Свесни за својата фаворитска улога, „Романтичарите“ ќе дадат се од себе за победа, но во никој случај не го потценуваат противникот.

Големото финале се игра утре на арената Филип Втори во Скопје со почеток од 20 часот, а билетите за овој натпревар по цена од 100 денари можат да се набават преку продажната мрежа на „МК Тикетс“.

НАТО има нов план за Украина, Унгарија е против: Тоа е луда мисија, нема да учествуваме

Унгарија нема да учествува во долгорочниот план на НАТО за помош на Украина, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, нарекувајќи го планот „лудачка мисија“.

Сојузниците на НАТО во април се согласија да започнат планови за долгорочна воена поддршка за Украина во борбата против руската инвазија преку формирање фонд вреден 100 милијарди евра. Според плановите, НАТО ќе преземе дел од координацијата од коалицијата предводена од САД наречена Рамштајн група.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто повтори дека унгарската влада се противи на планот. „Унгарија нема да се приклучи на лудата мисија на НАТО и покрај сиот притисок“, рече тој на настанот на Facebook Live во Лондон.

Владиниот портпарол Золтан Ковач, реагирајќи минатиот месец на иницијативата на НАТО, објави на платформата Х, порано Твитер, дека Унгарија нема да поддржи ниту еден предлог на НАТО што би можел „да ја доближи Алијансата до војна или да ја претвори од одбранбена во офанзивна коалиција“.

Односите меѓу Будимпешта и НАТО се затегнати бидејќи Унгарија го одложи ратификацијата на влезот на Шведска во алијансата, што конечно го направи во март, и поради блиските односи на унгарскиот премиер Виктор Обран со Москва и покрај руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Американскиот амбасадор во Унгарија Дејвид Пресман претходно изјави дека сојузниците во НАТО ја предупредуваат Унгарија за опасностите од „блиски и проширување“ на односите со Русија и дека, ако тоа е политички избор на Будимпешта, „ќе треба да одлучи како најдобро да ги заштити своите безбедносни интереси. "

Ковачевски: Ја изборната победа на нашиот политички противник ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски упати честитки и за победата на Гордана Силјановска Давкова во трката за избор на претседател.

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен голем удар, вели Ковачевски и додава дека и тој и сите партиски функционери имаат одговорност.

Мичиген за прв пат во историјата воведе вонредна состојба- 50 луѓе се затрупани во урнатини

Серија моќни торнада го погодија средниот запад на Соединетите Американски Држави, што го натера Мичиген да ја прогласи својата прва вонредна состојба поради невреме.

Како што објави „Дејлимејл“, невремето доведе до уривање на дистрибутивниот објект „ФедЕКС“, по што повеќе од 50 луѓе беа затрупани во урнатините.

Гувернерката на Мичиген, Гретчен Вајтмер потврди дека прогласила вонредна состојба во четири области.

„Моето срце е со сите погодени од невремето во југозападен Мичиген. Екипите за итни случаи се на терен и им помагаат на граѓаните. Ги советувам сите да ги следат предупредувањата на метеоролозите и советите на вработените во итните служби“, рече таа во обраќањето на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер.

Таа потврди и дека е активиран државниот центар за вонредни ситуации.

„Ќе ја следиме ситуацијата и ќе ги координираме спасувачките операции во текот на ноќта“, додаде таа.

Како што објави „Еј-би-си њуз“, ова е првпат да се воведе вонредна состојба поради торнадо во Мичиген, повикувајќи се на податоци од 1999 година. Еден од најтешко погодените е градот Портаџ, на југот на државата, каде живеат околу 50.000 жители. Невремето оштети електрични кабли, собори голем број дрвја и оштети многу куќи и згради.

„Штетата е голема, нејзиниот размер сè уште се проценува“, изјави градоначалничката Патриша Рандал за Вашингтон пост.

Најмалку 50 луѓе се затрупани во урнатините на дистрибутивниот центар „ФедЕкс“, кој се урна под налетите на ветрот. Покривот делумно се урнал, а спасувачките екипи успеале да ги лоцираат и извлечат сите работници.

Серија торнада го погодија Мичиген само еден ден откако 15 од нив пустошеа низ Оклахома.

Повеќе од 35 милиони луѓе живеат во зоната на ризик од бура и торнадо која се протега од Чикаго до Нешвил, Тенеси. Метеоролозите ги предупредија граѓаните дека е можно невреме во делови од Илиноис, Индијана, Мичиген, Охајо и Кентаки.

притисни ентер