Тестирајте ја староста на вашиот мозок и прочитајте како да го „разработите“ - Канал 5

Тестирајте ја староста на вашиот мозок и прочитајте како да го „разработите“

Возраста на секој од нас се гледа по брчките на кожата но како да се одреди староста на мозокот и неговата функционалност?

Тестирајте ја староста на вашиот мозок и прочитајте како да го „разработите“
Научници од Британија изработија тест преку кој секој човек може да ја одреди возраста на својот мозок, кој како и секој друг орган со годините старее. Тие даваат и препорака како да се одземат години од мозокот односно како тој да се разработи, и да се избегне ризикот од Алцхајмерова болест .




Одговорете на следните прашања и за секој потврден одговор запишете си по еден поен.

1. Спијам меѓу седум и осум часа секоја ноќ (или повеќе од тоа).
2. Имам најмалку 5 оброци со овошје и зеленчук богати со антиоксиданси секој ден.
3. Најмалку еднаш дневно јадам малини, капини или рибизли.
4. Јадам печена риба богата со омега - 3 најмалку три пати неделно.
5. Пет пати неделно пијам суплементи со омега -3 или ленено семе.
6. Пијам фолна киселина и внесувам витамини секојдневно.
7. Секојдневно употребувам мала доза аспирин.
8. Пијам црвено вино или сок од грозје пет пати неделно.
9. Вежбам секојдневно по 30 минути.
10.Читам книги, решавам крстозбори или Судоку, емморирам, решавам проблемски задачи 5 дена во неделата.
11. Имам долговечност во семејството, има членови кои живееле 80 години и повеќе без проблеми со меморијата.
12. Имам низок вкупен холестерол.
13. Лошиот LDL холестерол ми е низок.
14. Не сум дебел (а) ( 9 килограми над идеалната тежина за жени и 13 килограми повеќе од идеалната тежина за мажи)
15. Се хранам како што препорачува Медитеранската диета - овошје, зеленчук, грав, мешунки, маслиново масло и понекогаш црвено месо.
16. наместо маргарин и путер користам маслиново масло.
17.Никогаш не сум пушел (а).
18. Имам нормален притисок.
19. Немам дијабетес.
20. Немам високи триглицериди и хипертензија.
21. Немам проблеми со спиењето, несоница, не рчам кога спијам, немам апнеа.
22. Дневниот стрес не ми е проблем.
23.Имам силна група за поддршка и се дружам со пријатели, коелги и членови на семејството.
24. Немам проблеми со краткорочна или долгорочна меморија.
25. Подготвен (а) сум да направам се да превенирам Алцхајмерова болест.


РЕЗУЛТАТИ

Од 0 до 11 поени

- Имате висок ризик од Алцхајмерова болест. Додадете 10 години на вашата возраст да ја добиете староста на вашиот мозок. Веднаш јавете се на лекар и поразговарајте што можете да направите и како да ги смените навиките кои се нездрави.

Од 12 до 14 поени

- Имате умерен ризик од Алцхајмерова болест. Вашиот мозок е 5 години постар од вас. Пронајдете кои се навиките или здравствените аспекти кои ги зголемуваат шансите од Алцхајмерова болест и преземете нешто.

Од 15 до 19 поени

- Во ред е. Вашиот мозок е на иста возраст со вас. Но бидете внимателни - потребно е да промените нешто да го намалите ризикот од Алцхајмерова болест на поодминати години. Размислете - треба ли повеќе д аодмарате, да вежбате, да читате, да решавате задачи...

Од 20 до 22 поени

- Добро е. Вашиот мозок е 10 години помлад од вас. Вие правите многу да го зачувате своето физичко и ментално здравје. Имате низок ризик од Алцхајмерова болест. Но, проверете кои поени не ги освоивте и променете нешто.

Од 23 до 25 поени

- Честитки. Имате мозок кој е извежбан и млад, 15 години под вашата возраст. Имате екстремно низок ризик од Алцхајмерова болест.






Како да се „разработи“ мозокот

Користете го или ќе го изгубите - во оваа изрека има вистина. Се што е добро за телото добро е и за мозокот. Важно е да се „вежба“ мозокот со поставување и решавање на проблемски задачи, читање книги што предизвикуваат размислување, решавање Судоку и слично, но уште поважно е да бидете во физички добра форма и дневно да вежбате по 30 минути. Јадете здрава храна богата со антиоксиданси.

Еве што велат научниците, како да се одржи мозокот во добра форма.

1. Спијте најмалку 7 часа.




Потврдено е дека кај луѓето кои работат ноќни смени долг период, се забрзува изумирањето на мозочните клетки. Научниците врз основа на своите истражувања велаи и дека употребата на нездрава храна (тнр „џанк-фуд“) води до прерано стареење на мозокот и проблеми со меморијата.

2. На мозокот му треба добар проток на крвта. Се што тоа го попречува треба да се поправи. Престанете да пушите, излекувајте го високиот притисок, холестеролот, ослабнете ако имате прекумерна тежина.




3. Имајте богат социјален живот. Лесниот начин да се задржи младешки ум е да се дружите. Интеракцијата со други луѓе ги активира деловите од мозокот за планирање и одлучување.




4. Релаксирајте се , не се форсирајте!




Стимулацијата е добра за мозокот но никако претрупувањето со обврски и стресови. некои истражувачи велат дека стресот може да ја поттикне Алцхајмеровата болест. Јогата, вежбите и медитацијата помагаат во ослободувањето од стресот и го намалуваат неговиот негативен ефект на мозокот./ извор: Дејли меил

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчестер Сити загуби инвестиција од 1,8 милијарди евра поради пресудата на Премиер лигата

Правните проблеми на Манчестер Сити надвор од теренот почнаа да влијаат на финансиските планови на клубот откако американскиот инвестициски гигант „Аполо Глобал Менаџмент“ се повлече од договор вреден 1,82 милијарди евра. 

Манчестер Сити загуби инвестиција од 1,8 милијарди евра поради пресудата на Премиер лигата

Одлуката дојде како реакција на пресудата на Премиер лигата против клубот, која го остави сопственикот Шеик Мансур без значителна инвестиција.

Одлуката на „Аполо“ по пресудата на Премиер лигата

Компанијата „Аполо Глобал Менаџмент“ беше во завршна фаза од преговорите за заем од 1,82 милијарди евра со „Сити Фудбал Груп“ (CFG), сопственик на Манчестер Сити од 2008 година. Сепак, „Фајненшл тајмс“ објави дека американската фирма се повлече откако клубот беше прогласен за виновен за кршење на финансиските правила на Премиер лигата.

Септемвриската пресуда ја потврди вината по 114 точки од обвинението, кои се однесуваат на периодот од 2009 до 2018 година. Сити веднаш поднесе жалба, а неуспехот на преговорите за заем е јасен показател за неизвесноста што сега го опкружува клубот.

Последици за финансиите на CFG

Финансискиот пакет од 1,82 милијарди евра беше наменет за зајакнување на ликвидноста на CFG и рефинансирање на постојните кредити. Овој неуспех го попречува поширокото финансиско реструктуирање на сопственичката група, додека судскиот случај тежи врз бизнисот.

Минатиот месец, сопственикот, шеикот Мансур, инвестираше 100 милиони фунти директно во CFG. Иако тој капитал го зајакна билансот на состојба на групата, губењето на поддршката од Аполо покажува како пресудата од Премиер лигата веќе директно влијае на бизнисот надвор од теренот.

Тешки казни за Сити, Аполо посилен во спортот

Повлекувањето на Аполо е уште позначајно бидејќи компанијата активно го проширува своето глобално спортско портфолио. Аполо управува со повеќе од еден трилион долари средства, поседува мнозински удел во Атлетико Мадрид, позајми 72,9 милиони евра на Нотингем Форест во декември 2024 година и претходно оваа година го продолжи договорот за финансирање со Њујорк Јенкис во вредност од 2,37 милијарди евра.

За Сити, од друга страна, прекинот во преговорите ги зголемува стравувањата од строги казни. Иако санкциите сè уште не се дефинирани, во јавноста се споменува можноста за испаѓање во понизок ранг, одземање на голем број бодови или дури и одземање на претходно освоени шампионски титули.

Се очекува жалбено рочиште

Од септември, кога Сити ја поднесе својата жалба, се објавени малку нови информации, а сложениот правен процес би можел да потрае некое време. Сепак, се очекува жалбено рочиште да се одржи следниот месец и ќе биде клучен момент во обидот на клубот да ја поништи пресудата. Доколку жалбата не успее, Сити наводно се соочува со формални санкции во текот на следната година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Југо старо 40 години е продадено на аукција за рекорден износ, се чудат и Американците (ФОТО)

За сумата што купувачот ја платил за 40-годишно Југо, во САД може да се купи нов Доџ Дуранго, теренец долг повеќе од пет метри, со V8 мотор и погон на сите тркала.

Југо старо 40 години е продадено на аукција за рекорден износ, се чудат и Американците (ФОТО)

Купувач со прекар Рикрокс понудил 50.000 долари, или околу 45.500 евра, за бел Југо ГВ од 1986 година. Тој автомобил, кој беше секојдневна појава на нашите патишта во осумдесеттите години и честа мета на шеги во САД, постигна цена што малкумина можеа да ја предвидат.

Од 15.000 до 50.000 долари на крајот од аукцијата

Овој примерок е многу добро зачуван, а километражата е само 121 милја, или околу 195 километри. Колку купувачите биле спремни да платат за такво Југо беше откриено дури на крајот од аукцијата организирана од Bring A Trailer.

Конкурсот на платформата Bring a Trailer заврши на 17 ноември по 37 понуди. Околу половина час пред крајот, највисоката понуда беше 15.000 долари. Додека беше завршена, цената се зголеми за повеќе од трипати, а базата на податоци Classic.com евидентира 50.000 долари како највисока регистрирана продажна цена за Југо. Со аукциска такса од пет проценти, износот се искачува на 52.500 долари, или околу 47.800 евра, пред какви било даноци.

За споредба, новиот Dodge Durango GT со 5,7-литарски HEMI V8 мотор и погон на сите тркала во САД започнува од 43.675 долари, или околу 39.700 евра. Кога Yugo GV на Zastava се појави на американскиот пазар во 1985 година, се рекламираше за 3.990 долари и беше најевтиниот нов автомобил во земјата. Четири децении подоцна, оваа копија се продаде за околу 12,5 пати поголема од таа цена, неприлагодена за инфлацијата.

Купено од продуцентот на филмовите „Ејс Вентура“ и „Последниот Мохиканец“

Според огласот за аукција, Југото е купено на ново од Џејмс Г. Робинсон, филмски продуцент и основач на „Морган Крик“, познат по филмовите „Ејс Вентура: Последниот Мохиканец“ и „Последниот Мохиканец“. Продавачот наведува дека Робинсон не добил лист за сопственост за автомобилот. По неговата смрт во февруари оваа година, автомобилот бил понуден на продажба во Мериленд како дел од неговиот имот.

Под хаубата се наоѓа 1,1-литарски четирицилиндричен мотор со 55 КС и околу 71 Nm, поврзан со четиристепен мануелен менувач. Гумите Tigar TG 605 се на 13-инчни челични бандажи, а резервната гума се наоѓа во моторниот простор. Југото има и багажник на покривот, радио со касетофон и клима уред Frigette, инсталиран во октомври 1987 година.

Продавачот наведува дека маслото и батеријата биле сменети пред аукцијата и дека горивото било освежено. Автомобилот доаѓа со прирачници, документација за климатизација и сервисни записи. Во извештајот на Carfax нема несреќи или други пријавени штети.

„Дали е предоцна за продолжена гаранција“?

Под огласот беа оставени повеќе од 130 коментари. Корисникот TruckDr напиша дека тоа била најневеројатната продажба што ја следел на таа платформа. Wagen59 се прашуваше дали осигурителот ќе го процени и Југото на 50.000 долари, а Boxcar54 се пошегува: „Премногу доцна за продолжена гаранција“?

Секако, шегите не запираат тука, па еден корисник се пошегува дека автомобилот е толку вреден затоа што е еден од ретките што го преживеале тест возењето. И покрај шегите, сите се согласуваат дека ова е една од најневеројатните онлајн аукции што некогаш ги виделе.

Четириесет години откако ја освои титулата за најевтин нов автомобил во Америка, Југото повторно привлече внимание со својата цена. Но, сега на рекордно високо ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Данскиот парламент го ратификува договорот со кој се прошируваат надлежностите на војската на САД на Гренланд

Данскиот парламент едногласно го ратификуваше безбедносниот договор со САД за Гренланд, со кој се проширува улогата на американската војска на арктичкиот остров.

Данскиот парламент го ратификува договорот со кој се прошируваат надлежностите на војската на САД на Гренланд

Данскиот парламент едногласно го ратификуваше безбедносниот договор со САД за Гренланд, со кој се проширува улогата на американската војска на арктичкиот остров, вклучително и дозволување на распоредување на ракетниот одбранбен систем „Златна купола“, а воедно се потврдува данскиот суверенитет и правото на Гренландците на самоопределување.

Спогодбата беше одобрена од 109 дански пратеници, без ниту еден гласач против, објави Ројтерс.

Спогодбата ќе стапи во сила кога данското Министерство за надворешни работи ќе ги извести САД во дипломатска нота дека се завршени сите потребни процедури.

Спогодбата нема да се гласа во американскиот Сенат.

САД, Данска и Гренланд го потпишаа договорот во септември за да ги намалат тензиите откако американскиот претседател Доналд Трамп постојано се закануваше дека ќе ја преземе контролата врз островот богат со минерали, кој е автономна данска територија и дом на 57.000 луѓе.

Одбивањето на Трамп да ја исклучи можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на островот предизвика дипломатска криза во рамките на НАТО во јануари и ги принуди Данска и Гренланд да влезат во месеци интензивни преговори.

Парламентот на Гренланд го ратификуваше договорот овој месец.

Договорот го помина првото читање во данскиот парламент минатата недела со поддршка од сите политички партии, а пратениците изразија надеж дека договорот ќе придонесе за нормализирање на ситуацијата во Гренланд.

„Сепак, постојат бројни индикатори дека ова не е крај, туку почеток“, рече Микаел Ведби Расмусен, професор по политички науки на Универзитетот во Копенхаген.

Според него, САД ќе можат да бараат поголемо влијание врз донесувањето одлуки што имаат безбедносни и политички последици, како и врз дел од процесот на искористување на стратешките ресурси, објавува агенцијата.

Други експерти сметаат дека новиот договор не го проширува значително пристапот на американската војска до Гренланд.

Најкратката рута помеѓу Европа и Северна Америка поминува низ стратешки лоциран Гренланд, каде што веќе се наоѓа најсеверната американска воена база.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер