Тесла создаде робот што го воодушеви светот: Пере, меси, готви и може уште многу други работи - Канал 5

Тесла создаде робот што го воодушеви светот: Пере, меси, готви и може уште многу други работи

Теслиниот робот „Оптимус“ го импресионираше светот со своите способности. Тој покажа дека може да извршува и практични задачи – сè уште не на натчовечко ниво, но со импресивна прецизност за еден робот.

Тесла создаде робот што го воодушеви светот: Пере, меси, готви и може уште многу други работи

Во ново видео објавено на социјалните мрежи, „Тесла бота“ може да се види како извршува секојдневни домашни задачи по добивање инструкции преку природен говор. Роботот фрла ѓубре, чисти остатоци од маса со лопатка и четка, кинe хартиени салфетки, меша храна во тенџере и чисти со правосмукалка, меѓу други задачи.

Иако овие задачи можеби нема да ја променат роботиката во корен, тие покажуваат постојан напредок – движењата и постапките стануваат сè покомплексни и поприродни.

Робот на Тесла и револуционерната технологија на учење

Шефот на тимот „Оптимус“, Милан Ковач, изјави на платформата X:

„Една од нашите цели е Оптимус да учи директно од интернет-видеа на луѓе кои извршуваат задачи.“

Ова не значи дека роботот ќе гледа видеа како човек, туку дека ќе учи од огромната количина податоци во тие видеа – демонстрации, движења, однесување.

Ковач откри дека тимот постигнал „значаен пробив“ кој им овозможува да пренесат голем дел од учењето директно од видеа со човечка перспектива. Ова овозможува побрза примена на нови задачи отколку користењето само на податоци од далечински управуван робот.

Следниот чекор е Оптимус самостојно да вежба задачи – во реалниот свет или симулации – со користење на методата на засилено учење (reinforcement learning), која ги подобрува постапките преку обиди и грешки.

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, кој уште од 2021 година ентузијастички зборува за проектот, тврди дека илјадници вакви роботи еден ден ќе работат заедно со луѓето во Тесла фабриките, извршувајќи „опасни, репетитивни и здодевни“ задачи.

Иако напредокот е значаен, експертите по роботика истакнуваат дека Тесла сè уште ги стигнува конкурентите. Главната пречка не е самата технологија на роботиката, туку способноста роботите да извршуваат корисни задачи безбедно и ефикасно во интеракција со луѓето.

Компанијата, позната по електрични возила, се натпреварува со растечки број технолошки фирми кои се фокусираат на хуманоидни роботи – за работни места, домови или нови екосистеми на човечко-роботска интеракција.

Интересно е што Тесла планира да почне ограничено производство на Оптимус во 2025 година за внатрешна употреба, а веќе во 2026 година може да биде достапен за други компании. Маск најави дека цената ќе биде помеѓу 25.000 и 30.000 долари.

Оптимус е висок 173 см и тежок 57 кг, со можност за интеракција преку раце, дланки и нозе. Го користи истиот AI систем што се развива за автономните возила на Тесла. Со капацитет за носење до 20 кг, предвиден е за задачи кои се „опасни, репетитивни и здодевни“.

Иако прогресот е импресивен, експертите потенцираат дека вистинскиот предизвик останува – безбедна, ефикасна и корисна интеграција на роботите во човечката средина, пренесува Биз портал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два нови полначи за електрични возила во Општина Ѓорче Петров, донирани од Гоу Грин

Општина Ѓорче Петров доби два нови полначи за електрични возила, донирани од Здружението за  одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ (Go Green). 

Два нови полначи за електрични возила во Општина Ѓорче  Петров, донирани од Гоу Грин

Полначите, со моќност од по 22 kW, се поставени на општинскиот паркинг на улицата „Ѓорче Петров“ бр. 22, каде што се инсталирани, тестирани и ставени во функција.

Со оваа донација се унапредува инфраструктурата за електрична мобилност во општината и се создаваат подобри услови за користење електрични возила од страна на локалните жители и посетители. Полначите се приклучени на електричната мрежа, со придонес од соларната енергија произведена од фотонапонските панели на општинската зграда. На овој начин, локалното производство на обновлива енергија се поврзува со потребите за полнење електрични возила.

Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ Скопје

Донацијата е реализирана во рамките на проектот Community Mobility Co-operative Pilot (COMOCO), што во Македонија го спроведува „СмартАП - Лабораторија за социјални иновации“, чија цел е развој и тестирање модели за заедничко користење и управување со инфраструктурата за електрична мобилност. Преку соработката со Општина Ѓорче Петров, „Гоу Грин“ придонесува за развој на практични решенија за одржлива урбана мобилност и поголема примена на електричните возила во локалната заедница.

Поставувањето на двата полначи претставува конкретен пример за тоа како соработката меѓу граѓанските организации и локалната самоуправа може да резултира со функционална инфраструктура и долгорочни придобивки за граѓаните. Ваквите иницијативи се важен чекор кон почиста, поодржлива и поефикасна мобилност во урбаните средини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајни разговори со Путин спречија нуклеарна ескалација на Балтикот

Тајни разговори со Путин спречија нуклеарна ескалација на Балтикот, откриени детали за тоа што му рекле лидерите на Финска и Норвешка

Тајни разговори со Путин спречија нуклеарна ескалација на Балтикот

Финскиот претседател Александар Стуб и норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе воспоставија таен канал за комуникација со рускиот претседател Владимир Путин – со посредство на еден руски олигарх – во обид да спречат директен воен судир во Балтичкото Море.

Според „Волстрит џурнал“, двајцата лидери се обиделе да ги ублажат стравувањата на Москва во врска со можна поморска блокада и да спречат опасна ескалација.

Балтичкото Море стана една од најчувствителните точки на тензија меѓу Русија и Западот. Русија преку овие води транспортира повеќе од 60 отсто од својот извоз на нафта по морски пат – со што ја финансира својата воена економија – додека околните региони се граничат со земји-членки на НАТО.

Поради запленувањето на танкери што припаѓаат на руската „флота од сенка“, како и изјавите на одредени европски политичари за можното затворање на Финскиот Залив, во Москва расте загриженоста од можноста за поморска блокада. Како одговор, Кремљ нареди руските танкери да бидат придружувани од воени бродови опремени со ракети способни да носат нуклеарни боеви глави.

Германската крајбрежна стража забележала 260 вакви случаи во текот на изминатата година. Тензиите дополнително се заострија поради инциденти на море.

Во јуни, руската корвета „Сообразителни“ за малку ќе се судреше со пловила на германската крајбрежна стража. Во септември, кон дански хеликоптер беа испукани сигнални ракети, додека во октомври беше блокиран пристапот до танкер кој наишол на проблеми во близина на островот Борнхолм.

Според „Волстрит џурнал“ (WSJ), Москва во септември испратила и писмено предупредување до НАТО, во кое навела дека е подготвена да изврши превентивни нуклеарни напади за да ги заштити своите интереси на Балтикот – дури и во отсуство на директен напад врз руска територија.

Поради ризикот од неконтролирана ескалација, Пентагон кон крајот на октомври ги повика своите сојузници од балтичките земји да ја ублажат својата реторика. По ова, Хелсинки и Осло одлучија да се обидат директно да ја деескалираат ситуацијата. Бидејќи официјалните дипломатски канали не вродија со плод, Стуб и Сторе стапија во контакт со еден руски олигарх, кој отпатува во Норвешка на разговори со високи функционери. По овие консултации, тој се врати во Москва за да му ја пренесе пораката од двајцата лидери на Путин.

Претседателите на Финска и Русија, заедно со норвешкиот премиер, на 27 октомври остварија телефонски разговор. Во официјалното соопштение се наведува дека дискусијата била фокусирана на ставање крај на војната во Украина; сепак, „Волстрит џурнал“ (WSJ) пренесува дека двајцата европски лидери всушност се обиделе да ги отстранат стравувањата на Кремљ во врска со можна поморска блокада.

„Немаме намера да го блокираме Балтикот во мирнодопски услови – во тоа можете да бидете сигурни. Ќе постапуваме во согласност со законот“, изјавил Стуб за време на разговорот, според „Волстрит џурнал“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Дали Владата на Мицкоски однапред ја знае одлуката на Уставниот суд за Колективниот договор во култура?

Илјадници вработени во култура криминалната власт ги става под ризик да останат без колективните договори и да се врати состојбата пред 2020 година.

СДСМ: Дали Владата на Мицкоски однапред ја знае одлуката на Уставниот суд за Колективниот договор во култура?

Пари во Буџетот нема за да ги следи обврските од Колективниот договор. Документ што со години ги гарантира работничките права на вработените во културниот сектор.

Зошто е тоа така?

Дали криминалната влада која контролира се во државата однапред ја знае одлуката на Уставниот суд кој утрте треба да одлучува по предметот со кој е оспорен Колективниот договор за културата.

Сакаме да испратиме јасна порака: работничките права не смеат да бидат загрозени, а Уставниот суд не смее да стане продолжена рака на која било власт!

Колективниот договор за култура беше резултат на долгогодишна синдикална борба, преговори и социјален дијалог. Тој донесе конкретно подобрување на материјалниот и професионалниот статус на илјадници културни работници.

Наместо укинување на договорот што ги штити нивните права потребно е целосна негова спроведување и реализација.

ВМРО-ОКГ треба да разбере дека Колективниот договор не е партиска придобивка. Тој е договор за работничките права.

Доколку постојат правни недоречености, Владата има обврска да понуди законски решенија со кои ќе се гарантираат правата на вработените, а не да остане нем набљудувач додека се отвора можноста за нивно уназадување.

СДСМ ги поддржува културните работници во секоја законска и синдикална форма на борба за заштита на нивните права.

Културата не е партиски плен. Културните работници не се колатерална штета на политиките на оваа власт.

Рацете подалеку од работничките права! Колективниот договор за култура мора да биде заштитен заради работниците!

Прес конференција на СДСМ, Мирче Најдоски – Комисија за култура

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер