Тесла се заби во полициско возило, иако бил вклучен автопилотот (ФОТО) - Канал 5

Тесла се заби во полициско возило, иако бил вклучен автопилотот (ФОТО)

Среќа во несреќата е што нема жртви.

Тесла се заби во полициско возило, иако бил вклучен автопилотот (ФОТО)

Според информациите споделени на социјалните мрежи од полициската патролна единица на Флорида, полициски Доџ Чарџер стоел покрај пат за да му помогне на возачот на запрен теренец Мерцедес.

Во еден момент Доџот бил погоден од Тесла Модел 3 и се одбил кон Мерцедесот. Возачот на Тесла потоа изјавил дека управувањето со автомобилот било препуштено на автономниот систем за возење на авто пилотот на Тесла.

Фотографиите објавени на социјалните мрежи сведочат за силата со која Тесла ја погодила левата страна на Доџ. Заедно со Доџ, оштетен е и Мерцедесот, додека тркалото на Тесла паднало. Добрата вест е дека во несреќата нема загинати.

Несреќата се случила само неколку недели откако американските регулатори започнале истрага за работата на автопилотскиот систем на Тесла. NHTSA известува за 11 сообраќајни несреќи во кои учествувале автомобилите на Тесла со вклучен автопилот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вчера 166 санкции за прекршоци што ги прават пешаците на територија на цела држава

При контролата, санкционирани се 166 пешаци од кои, 137 поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

Вчера 166 санкции за прекршоци што ги прават пешаците на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (17.08.2026) во периодот од 09.00 до 15.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на целата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 166 пешаци од кои, 137 поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин... За време на контролата санкционирани се и 167 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почна првиот уписен рок на УКИМ: Идните бруцоши ги предадоа документите на факултетите

Со документите в рака и со големи очекувања, идните бруцоши денеска тргнаа кон избраните факултети. За некого изборот бил одамна направен, за други пак одлуката била донесена во последен момент.

Почна првиот уписен рок на УКИМ: Идните бруцоши ги предадоа документите на факултетите

На техничките факулети, но и на медицинскиот факултет во Скопје раздвиженоста беше најголема.

Дел од идните академски граѓани уште од сега својата иднина ја гледаат надвор од границите на Македонија, други пак веруваат дека татковината ќе им овозможи стабилна иднина, за да не мораат да ја бараат во странство.

Кандидатите за студенти на најголемиот државен универзитет Св. Кирил и Методиј, денеска и утре ќе можат да се пријават во првиот уписен рок, а на 23-те факултети се предвидени 8.851 слободно место.

Од вкупниот број, 4.395 се во државна квота, 3.621 се за редовни студенти кои кофинансираат, а 835 места се наменети за вонредни студенти.

Најмногу места има на Медицинскиот факултет – 950, Филолошкиот – 805, ФИНКИ – 800, Економскиот – 655, Филозофскиот – 635, Природно-математичкиот – 626, ФЕИТ и Машинскиот факултет по 600, како и Правниот факултет со 555 места.

Министерката за образование Весна Јаневска информира дека оваа академска година има скратување на квотите на одредени факултети по направените анализи за потребите на пазарот на трудот.

За студентите во државната квота надоместот за студирање изнесува 200 евра во денарска противвредност, додека редовните студенти со кофинансирање и вонредните студенти плаќаат 400 евра.

Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 27 август, додека запишувањето на примените кандидати е предвидено за 3 и 4 септември. Вториот уписен рок ќе се одржи на 10 и 11, а третиот на 23-ти септември, на факултетите каде што ќе останат слободни места.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спогодба од три и пол години затвор за шверцот на пет тони марихуана: Судот ја прифати казната под законскиот минимум

Скопскиот Кривичен суд објави една од двете пресуди со спогодба меѓу обвинетите и обвинителството за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија.

Спогодба од три и пол години затвор за шверцот на пет тони марихуана: Судот ја прифати казната под законскиот минимум

Спогодбата е со обвинетиот Драган Стојанов од Кочани кој се спогоди со обвинителството за три и пол години затвор, а судот на 10 август ја прифати спогодбата иако предвидената казна за ова кривично дело изнесува од 5 до 20 години затвор.

Во судските списи кои ги сподели скопскиот Кривичен суд стои дека Стојанов учествувал во вкупно пет транспорти на марихуана преку границата со Србија или како возач на придружба или како чистач пред транспортот.

Како стои во списите, дрогата при транспортот била прикривана на различни начини. Во неколку наврати таа во камионите била сменета со перници, јоргани и постелнина а еднаш камионот бил пријавен како празен, а всушност имало марихуана која била ставена наместо царинетите тортички, ролати и кори за торта.

Ден по објавувањето на една од двете пресуди за шверцот на пет тони марихуана во јавноста постојат низа дилеми и неодговорени прашања зошто обвинителството се согласило на 3 години и 6 месеци, особено имајќи ги предвид обемот и тежината на дејствијата опишани во пресудата.

Адвокатот Јанаки Митровски објаснува дека спогодувањето дури и кога станува збор за потешки кривични дела како овој со ваков обем е инструмент за поефикасно завршување на постапката, при што судот неретко определува казна и под законскиот минимум.

--За член 215 став 3 предвидена е казна затвор 5 од 20 години, но за ова, како и за сите кривични дела постои институт, за вонерно ублажување на казна, која што е очигледно применет во пресудата за која што прашувате и е донесена со одлука на три и пол години затвор. Не е невообичаена пракса, особено кога има спогодби, да оди под законски минимум и особено кога се работи за неосудувани лица, сега не ги знаеме деталите и не би можел да ви конкретизирам зашто не ги знам деталите од предметот, така да тоа не е крајно невообичаено, инаку судот има право и да не ја прифати – вели Јанаки Митровски – адвокат.

Досегашната практика на Обвинителството покажува дека во вакви предмети одлуките се носат врз основа на прибраните докази, признанието на вина и конкретните околности во случајот, при што може да се договори видот и висината на санкцијата, а конечната оценка дали таа ќе биде прифатена ја дава судот.

Слична разврска имаше и случајот од 2021 со заплена на над 200 килограми маригуна на Плетвар, кога во сорабтока со ДЕА беа уаспени неколкумина меѓу кои и полициски началник од Прилеп.. Од шестмината обвинети, петмина не отидоа на целосно судење, туку склучија спогодби со Обвинителството за висината на казните, исто така под 5 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер