Тесла планира да отвори фабрика во Русија? - Канал 5

Тесла планира да отвори фабрика во Русија?

Извршниот директор на Тсла Илон Маск денес изјави дека овој произведувач на електрични автомобили е билизу до воспоставување на пристапност во Русија и дека размислува за можно отворање на фабрика во таа земја.

Тесла планира да отвори фабрика во Русија?

Во своето обраќање на образовен форум во Москва преку видео врска, Маск рекол дека компанијата веќе има фабрики во Кина и САД, но дека сака да отвори производни погони и во други делови од светот, пренесе „Ројтерс“.

Тој изјавил и дека сите видови на превоз во иднина ќе бидат електрични, освен ракетниот превоз, и дека на автомобилите со внатрешно согорување ќе се гледа на исти начин како и на некогашните мотори со погон на пареа.

Американскиот милијардер додал и дека воопшто нема сомнеж дека возилата во иднина ќе бидат автономни, односно самоуправувачки.

Ито така повикал и на дијалог меѓу Вашингтон и Москва во моментот кога, според Ројтерс, нивните билатерални односи се на најниско ниво од студената војна.

„Во РУсија има многу таленти и енергија и мислам дека би требало да има повеќе дијалог и комуникација меѓу РУсија и САД“, рекол Маск.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм: Северна Кореја лансирала балистичка ракета?

Јапонската влада денес објави дека Северна Кореја лансирала проектил за кој се верува дека е балистичка ракета, објави „Кјодо“.

Аларм: Северна Кореја лансирала балистичка ракета?

Јужнокорејските медиуми, исто така, објавија, повикувајќи се на војската на земјата, дека Северна Кореја лансирала неидентификуван проектил во морето источно од Корејскиот Полуостров.

Јужнокорејската војска пред една недела соопшти дека детектирала лансирање балистичка ракета од областа на градот Вонсан на источниот брег на Северна Кореја.

Ракетата прелетала повеќе од 700 километри, а Здружениот штаб на јужнокорејската армија соопшти дека анализата на нејзините карактеристики сè уште е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија со седум медали од првата меѓународна завршница на Плазма Спортските игри за млади

Македонија во својата прва сезона на меѓународната завршница на Плазма Спортските игри за млади, која се одржува во Сплит, освои седум медали – три сребрени и четири бронзени.

Македонија со седум медали од првата меѓународна завршница на Плазма Спортските игри за млади

Нашата земја оваа година за првпат се приклучи кон големото семејство на Плазма Спортските игри за млади, заедно со Хрватска, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина.

Оваа година СИМ одбележува голем јубилеј – 30 години од своето постоење, а Сплит деновиве е во знакот на спортот, дружењето и фер-плејот. На големиот спортски настан пристигнаа и бројни познати спортски имиња и легенди од фудбалот, кошарката, тенисот, ракометот и останатите спортови.

Плазма Спортските игри за млади, покрај тоа што обезбедуваат бесплатен спорт за секое дете, ги промовираат вистинските спортски и животни вредности. Најмладите преку спортот учат да го почитуваат противникот, да се борат до последниот момент, но и достоинствено да победуваат и губат. Во центарот на сите натпревари е фер-плејот.

Првиот медал за Македонија во Сплит го освои Наум Насковски од Куманово, кој се закити со бронзен медал во трката на 60 метри во категоријата 2015 година. Во силна конкуренција, младиот македонски атлетичар стигна до одличен резултат и уште еднаш покажа дека Македонија има голем спортски потенцијал.

Медал освои и екипата на „Ролинг“ од Струмица, која го освои третото место во баскет 3х3. Струмичани покажаа одлични кошаркарски вештини и со своите настапи потврдија дека се одлични „баскетџии“. На теренот беше исклучително возбудливо, а младите кошаркари покажаа и атрактивни потези кои потсетуваа на најдобрите баскет сцени. И во оваа дисциплина, во преден план беше спортскиот дух и фер-плејот.

Уште пред заминувањето за Сплит беше јасно дека Македонија има сериозни адути во шахот, а тоа се потврди и на меѓународната завршница.

Во женска конкуренција, Илијана Велева од Свети Николе освои сребрен медал, додека во машка конкуренција Давид Атанасовски од Гази Баба исто така се закити со сребро.

Секој потег беше внимателно осмислен, секоја партија носеше нова неизвесност, а секоја победа беше заслужена со знаење, смиреност и спортски дух. Младите натпреварувачи уште еднаш докажаа дека шахот создава шампиони не само на таблата, туку и во животот.

Македонските „симовци“ продолжија со одличните настапи и во пинг-понг. Јован Пармачки од Берово го освои второто место во машка конкуренција и заслужено се закити со сребрен медал.

Бронзени медали освоија Мартин Ристевски од Прилеп, кој заврши на третото место во машка конкуренција, и Бојана Јовевска од Пехчево, која го освои третото место во женска конкуренција.

Вредно е да се напомене дека Томи Јакимовски доби признание за фер-плеј на тенискиот турнир.

Со седум освоени медали (три сребрени и четири бронзени), Македонија ја завршува својата прва меѓународна сезона на Плазма Спортските игри за млади со одличен резултат и уште една потврда дека младите македонски спортисти имаат што да покажат на меѓународната сцена.

Големото финале на Плазма Спортските игри за млади е предвидено за вечерва во Сплит, а се очекува на теренот да се појават и бројните најавени спортски ѕвезди и гости, со што ќе биде ставена завршната точка на големиот спортски спектакл.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Започна реализацијата на проектот за уредување на кејот на Овчка Река во с. Марена

Деновиве започнаа активностите за чистење и подготовка на теренот, како прв чекор кон отпочнување на градежните активности за новиот и модерен кеј.

Јанчев: Започна реализацијата на проектот за уредување на кејот на Овчка Река во с. Марена

Со инвестиција од 300.000 евра, донација од фамилијата Камчеви преку Фондацијата Илија Камчев, с. Марена ќе добие уреден простор покрај Овчка Река, кој ќе придонесе за подобар изглед и поквалитетни услови за живот на жителите.

- Продолжуваме чекор по чекор кон реализација на проектот кој ќе остави траен белег за сегашните и идните генерации.

Марена добива ново и современо лице!- стои во објавата на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер