Тесла ги зголеми цените на автомобилите по втор пат во една недела - Канал 5

Тесла ги зголеми цените на автомобилите по втор пат во една недела

Најевтиниот модел во Америка сега чини 46.990 долари.

Тесла ги зголеми цените на автомобилите по втор пат во една недела

Тесла неделава ги покачи цените на сите возила во својата гама, а скокот е од четири на десет проценти, што е второ поскапување за само седум дена.

Производителот на електрични автомобили минатата среда ги покачи цените на одредени возила со продолжен радиус на движење, но овонеделното зголемување влијае на повеќе модели и е позначајно.

Дополнително, цената на најевтиното возило на Тесла, „Model 3“ со погон на задните тркала, порасна во САД од 44.990 долари колку што беше на 10 март на 46.990 долари, што е раст од 4,4 отсто.

Како што прв објави „The Verge“, цената на „Model 3 Long Range“ сега е 54.490 долари, во споредба со 51.990 долари пред последното зголемување на цената, додека пред 10 март беше уште пониска (50.990 долари). Цената на споменатиот модел од почетокот на годинава е зголемена за речиси осум отсто.

Во меѓувреме, за „Model 3 Performance“, кој чинеше 58.990 долари, сега треба да издвојат 61.990 долари, што е зголемување од пет проценти.

Цените на кросоверот „Model Y Long Range“ пораснаа од 59.990 долари на 62.990 долари, додека цената на „Model Y Performance“ скокна од 64.990 долари на 67.990 долари, што претставува зголемување од 5 и 4,6 отсто, соодветно.

Во меѓувреме, „Model S Dual Motor“, кој чинеше 94.990 долари, сега чини 99.990 долари, а цената на верзијата со три мотори се зголеми од 129.990 на 135.990 долари.

Конечно, цената на големиот кросовер „Model X Dual Motor“ скокна од 104.990 долари на 114.990 долари, што претставува зголемување од 9,5 отсто, додека верзијата со три електромотори сега чини 138.990 долари наместо 126.490 долари. Ова е најголемото поединечно зголемување и изнесува 9,8 отсто.

Во меѓувреме, „CNBC“ известува дека цените на сличен начин пораснале и во Кина. Изведбата на „Model 3“ се зголеми за пет проценти или 18.000 јуани (2.824 долари по тековниот девизен курс) во истиот период.

Тесла не понуди никакво официјално објаснување зошто наплаќа повеќе за своите возила, иако нејзиниот извршен директор Илон Маск во понеделникот рече дека и Тесла и „SpaceX“ се погодени од „инфлациски притисоци кога станува збор за набавка на суровини и логистика“.

Ривалот на Тесла, „Rivian“, неодамна се обиде да ги зголеми цените на своите возила, наведувајќи ги како оправдување зголемувањето на цените на материјалите, но беше остро критикуван за потегот, што доведе до пад на вредноста на акциите на компанијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругата

Европското обвинителство денеска соопшти дека покренало истрага за можна злоупотреба на средствата на Европската унија (ЕУ) за време на реновирањето на пругата меѓу Мадрид и Севиља.

Епилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругата

Европското обвинителство денеска соопшти дека покренало истрага за можна злоупотреба на средствата на Европската унија (ЕУ) за време на реновирањето на пругата меѓу Мадрид и Севиља, каде на 28 октомври се случи тешка железничка несреќа во која загинаа 69 лица.

Агенти на Централната оперативна единица (УЦО) на Цивилната гарда пристигнале во седиштето на Управата за железничка инфраструктура (АДИФ), Државната агенција за безбедност на железницата (АЕСФ) и Ревизорскиот суд за да подигнат документи, пренесува „Паис“.

Истрагата е покрената на иницијатива на тоа обвинителство по трагичната несреќа на 28 октомври во Урда.

Ова не е прв пат Европското обвинителство, независно тело задолжено за истрага на злосторства кои ги загрозуваат финансиските интереси на ЕУ, да покрене истрага за работите на тој дел од шпанската железница.

Тоа тело покрена истрага и по железничката несреќа во Адамуз во јануари годинава, кога загинаа 46 лица.

Во двата случаи, фокусот на истрагата е да се утврди како Шпанија искористила субвенција од 111 милиони евра доделена од Брисел во јуни 2024 година за големото реновирање на железничката линија Мадрид-Севилја, која е најстарата брза линија во Шпанија.

Европското обвинителство побара договори и досиеја за работи поврзани со делниците каде што се случија несреќите.

Обвинителството има истражен модел сличен на оној на многу земји на ЕУ, во кои обвинителите ја водат истрагата, додека судијата назначен во Шпанија е единствено одговорен за надзор над напредокот на постапката во согласност со законските гаранции, надзор на мерките што ги ограничуваат основните права, како што се претреси на куќи или прислушување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Застрелан полицаец од блиску пука во напаѓачот во Краков (Вознемирувачко видео)

Драматично видео од полициската интервенција по денешната пукотница на главниот градски плоштад во Краков, Полска, во која загинаа пет лица, а повеќе од десет беа повредени, се појави на социјалните мрежи. 

Застрелан полицаец од блиску пука во напаѓачот во Краков (Вознемирувачко видео)

Видеото го објави и полскиот портал Niezależna.pl, наведувајќи дека го прикажува моментот во кој полицаецот пука во напаѓачот.

На видеото се гледа полицаец како стои над маж во маскирна облека и пука во него. Недолго потоа, полицаецот исто така паѓа на земја, веројатно ранет.

Полицијата потврди дека напаѓачот е ранет и уапсен

Полската полиција потврди дека напаѓачот е ранет и уапсен за време на интервенцијата.

„Во инцидентот на главниот плоштад, пет лица загинаа, а повеќе од десет беа повредени. Полицајците го раниле сторителот и тој во моментов е превезен во болница. Интервенцијата на службите на местото на настанот сè уште е во тек“, објави полицијата.

Полицијата, исто така, потврди дека меѓу повредените има полицајци, но сè уште не објавила детали за нивните повреди.

Влегол на плоштадот со автомобил и почнал да пука

Нападот се случил околу 15 часот во историскиот центар на Краков, една од најпосетуваните туристички области во Полска.

Според полициското соопштение, мажот влегол на главниот градски плоштад со автомобил и почнал да пука кон минувачите.

„Во тек е полициска операција на главниот плоштад во Краков. Околу 15 часот, еден маж почнал да пука кон случајни луѓе од автомобилот што го користел за да влезе на плоштадот. Сторителот е уапсен“, објави полицијата.

Првичните информации беа за двајца мртви, но полицијата подоцна потврди дека бројот на мртви се искачил на пет.

Идентитетот на напаѓачот и мотивот за пукањето се уште се непознати. Полицијата продолжува да ги истражува околностите на нападот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран се закани со ново оружје

Иран развил ново оружје со, како што тврдат тамошните претставници, изненадувачки можности, кое би можело да биде употребено во случај на нов воен судир.

Иран се закани со ново оружје

Ова го соопшти Сејед Зијаедин Агаџанпур, раководител на Организацијата за идеолошки и политички прашања при иранското Министерство за одбрана, испраќајќи директна порака до американскиот претседател Доналд Трамп.

Агаџанпур нагласи дека Иран нема намера да попушти пред притисоците од Вашингтон, ниту да прифати каква било форма на принуда од САД.

-Никогаш нема да им се покориме на вашите обиди за заплашување, порача иранскиот претставник.

Тој оцени дека главната цел на американската администрација е иранскиот народ да биде принуден да ги прифати барањата на Вашингтон и да капитулира. Сепак, според него, Техеран нема да отстапи од своите позиции, ниту ќе ги прифати, како што ги нарече, нелегитимните барања на противниците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер