Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
1Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
АвтомобилизамТесла бележи за прв пат опаѓање на продажбата во последните 12 години Tesla забележа пад на годишната продажба за прв пат по повеќе од една деценија, со вкупно 1,79 милиони продадени возила во 2024 година, што е за 1,1% помалку од претходната година.Падот доаѓа и покрај рекордните резултати минатиот квартал, кога беа продадени 495.570 возила, што е за 2,3% повеќе од претходниот квартал. За да ја зголеми продажбата во четвртиот квартал, компанијата воведе поволности како што се финансирање без камата, бесплатно наплаќање и поволни закупнини, но овие мерки предизвикаа просечната продажна цена да се намали на нешто повеќе од 41.000 долари. Оваа стратегија ги намали профитните маржи на компанијата и дополнително ги истакна предизвиците со кои се соочува Тесла во сегашното пазарно опкружување. Експертите веруваат дека Tesla мора да ја прошири својата понуда за да остане конкурентна. Моделот Y, кој доминира во продажбата од 2020 година, покажува знаци на заситеност на пазарот. Можноста за лансирање на поевтина верзија на овој модел, со цена од околу 35.000 долари, би можела да ѝ помогне на Tesla да привлече поширок спектар на клиенти. Дополнително, зголемената конкуренција од кинескиот гигант BYD, кој постигна раст на продажбата од 41% во 2024 година, дополнително ја комплицира ситуацијата. BYD продаде 1,77 милиони електрични возила, сериозно загрозувајќи ја доминацијата на Tesla на светскиот пазар. Политичката поддршка на Илон Маск за Доналд Трамп, вклучително и донација од 250 милиони долари, предизвика различни реакции кај клиентите. Еколошки свесните купувачи, кои често претпочитаат полиберална политичка опција, би можеле повторно да размислат за купување возила на Tesla поради овие потези. Тесла некогаш беше синоним за електрични автомобили, но сегашните предизвици - од зголемена конкуренција до застарени модели - бараат брзи и стратешки одговори. За да го врати моментумот, компанијата ќе мора да понуди поатрактивни модели по поприфатливи цени и да се прилагоди на променливите потреби на пазарот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоплавени и недостапни гробишта во Бутел – граѓаните се жалат на кал, вода и запуштени каналиИли со гумени чизми или скокање од камен на камен преку вировите и калта за да се стигне до гробното место на починатите на гробиштата во Бутел. Крсте Велков две години доаѓа по оваа калива и поплавена патека на вечното почивалиште на неговата сопруга. Откако бил направена улицата “Александар Урдаревски“ и целиот канал покрај патот бил оставен неуреден и запуштен. Велков реагирал до АД БУТЕЛ, општина Бутел и Град Скопје, но засега во разговорите сите објасниле дека немаат директна надлежност. Проблемот стои, а многу често водата стигнува и до самите сандаци на покојните. Водата е нон стоп присутна и ги опколува гробните места без разлика дали врне дожд или не, вели Велков. Од АД БУТЕЛ за Канал 5 објанија дека проблемот го знаат но дека не е во нивна надлежност а водата често ја испумпуваат, но дека таа нон стоп е тука и мора итно да се уреди каналот. Од јавното претпријатие Улица и патишта обајснуваат дека чистењето на каналот се одвива според годишна програма и овој канал бил во план да се реализира во текот на наредниот период. Екипите работеле на чистење на коритото на Вардар и на други канали. Екипи веќе излегле на терен на оваа улица, велат од претпријатиетот за канал 5. Тие аплерираат граѓните да не ги корстита каналите за фрлање на отпад и шут. - „Екипи излегоа на терен и заклучија дека веднаш ќе постапат за да може да има проток на отпадните води до реакта Серава. Во текот на утрешниот ден ќе започне расчистувње на вегетацијата која исто така ја попречува видливоста на дел од сообраќајниците“. извор ЈП „Улица и патишта“ Велков вели дека на живите утеха им се почивалиштата на нивните блиски, и се надева дека до почивиалиштата ќе достоинствен пристап. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВласта и опозицијата не се договорија за измените во Изборниот законик 15:00Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
МакедонијаИстрагата за запленетата марихуана во Србија се уште е во тек Речиси пет месеци откако 5 тони марихуана од Македонија беа запленети во Србија истрагата е без конечен епилог. Српската полиција уапси четири лица а се уште трага по организаторот на групата Александар Миајајловиќ. Министерот Ивица Дачиќ не открива детали за случајот ниту пак до каде е потрагата на осомничениот организатор. -Јас не можам ништо да кажам. Мислам дека е тоа еден голем успех што го постигнавме, во последните две и пол години мислам дека 18 тони дрога се запленети во Србија. Ова е една од најголемите заплени што се случила во Коњух, ама не беша само таа имаше уште неколку на таа линија и се трагаше за тие осомничени и организаторот но тоа е се во рацете на обвинителството,- изјава – Ивица Дачиќ – Министер за внатрешни работи на Р. Србија. Меѓу уапсените во Србија беше и Иван Драгниќ, српски државјанин, но и косопственик на фирма во Македонија за одгледување на медицински канабис, со уште тројца Срби. Македонското МВР во февруари поднесе кривична пријава против 10 лица а обвинителството отвори истрага за шестмина. И министерот Панче Тошковски очекува резултат од истрагата. -Мислам дека треба да оставиме обвинителството да си ја сработи работата во надлежноста што ја има согласно закон. Знаете дека МВР за дел од групата поднесе кривична пријава. Дел од учесниците во рамки на овој кривично правен настан се обезбедени, лишени од слобода и за нив се определени најствоги мерки согласно ЗКП,- изјави– Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи. Како 5 тони марихуана ја поминаа македонско српската граница беше едно од прашањата што се отвори откако беше запленета дрогата. Дачиќ, кој денеска со Тошковски на граничниот премин Табановце ја започнаа првата заедничка превентивна кампања „Вози одморен“, уверува дека без разлика на која функција биле сите инволвирани ќе одговараат. Обвинителството ја води таа истрага но сите оние кои се вклучени во овој процес ќе бидат процесуирани без оглед на која функција се наоѓаат,- изјава – Ивица Дачиќ – Министер за внатрешни работи на Р. Србија. Истрагата за овој случај ја води ОЈО ГОКК каде предметот се уште е во фаза на истрага. За конкретниот транспорт, предметот во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е во истрага и активно се постапува против шест лица, од кои двајца се во притвор. ...велат од ова обвинителство за Канал 5. Тие се осомничени за кривичното дело „неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“, а во истрагата се вклучи и Албанија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВласта и опозицијата не се договорија за измените во Изборниот законик 15:00Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
МакедонијаДебата „разговори за иднината во 12 и 5“ – меѓу присутните поранешни и актуелни функционери од СДСМ Во најголема тајност и зад затворени врати во познат скопски хотел, одбрано друштво од поранешни и актуелни функционери од различни генерации на СДСМ и членови на невладини организации ги одржаа „Разговорите за иднината во 12:05“,Во најголема тајност и зад затворени врати во познат скопски хотел, одбрано друштво од поранешни и актуелни функционери од различни генерации на СДСМ и членови на невладини организации ги одржаа „Разговорите за иднината во 12:05“, како што го насловија настанот организаторите. Фокус на Настанот кој беше затворен и за новинарите, биле актуелните проблеми во државата и унапредување на демократијата. Модератор на разговорот беше беше екс високиот функционер, близок на т.н. скопско крило на СДСМ, Игор Ивановски – Шема, поранешниот пратеник од партијата Емилијан Станковиќ, унверзитетскиот професор Ненад Марковиќ, актуелниот градоначалник на Крива Паланка – Сашко Митовски, а посебно внимание привлече присуството на пратеничката Славјанка Петровска. Тема на разговор вели СДСМ не бил, а поканата за присуство ја прифатила како што ги прифаќа и сите останати кои се однесуваат на иднината на државата и демократијата. -Ниту јас, ниту пак било кој ќе дозволам да зборувам на друго место, разговрите за СДСМ, место каде што се разговараат е на Бихаќка, во седиштето на партијата и во рамките на органите на партијата. Но, се разбира овој состав беше да речам замена за било какви кулари или било какви собиранки на места на кои не им е местото да се зборува за иднината на државата, така што мислам дека нема ништо спорно. Демократските процеси мора да се дигнат на повисоко ниво, парламентаризмот треба да доживее издигнување над партиската припадност и дека политиките кои се водат во државата не не водат во добар правец. Власта е дезиорентирана, а за промена на власта е потребна силна опозизиција која тоа ќе го овозможи. - Славјанка Петровска – Пратеничка на СДСМ. Дел од гостите пристигнаа преку главниот влез, но дел од нив преку спореден влез, преку гаражите директно со лифт се упатија до местото на настанот, пред хотелот ги пречекаа од социјалдемократската младина, со порака дека иднината нема да се крои зад затворени врати. Средбата ја поврзаа со премиерот Мицкоски. Денеска ќе бидеме тука да ги погледнеме во очи оние кои зад затворени врати ја кројат нашата иднина, да ги видиме луѓето без имиња, политиката на иднината без лице, односно иднината што ни ја подготвува Христијан Мицкоски. Ние младите ќе бидеме тука да видиме кој во наше име, зад затворени врати, под превезот на тајноста и странските принципи на доверливост ја крои нашата судбина. Да ги погледнеме во очи и да им порачаме јасно. Нема да одлучуваат наместо нас, нема да одлучуваат во име на организираната криминална група, нема да одлучуваат во име на Христијан Мицкоски. Меѓу 20тината поканети, беа и поранешниот градоначалник на Карпош – Андреј Петров, унверзитетските професори Ненад Марковиќ и Гордан Георгиев, актуелниот градоначалник на Крива Паланка – Сашко Митовски, адвокатот Звонко Давидовиќ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВласта и опозицијата не се договорија за измените во Изборниот законик 15:00Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54