3„Приказни што оживуваат“ – уметност, литература и пантомима во циклус креативни работилници за деца и млади
ТехнологијаТешко време за ТикТок во САД- ги тужат за злоупотреба на децаАмериканската држава Јута го тужеше TikTok.Тие биле свесни дека нивните видеа поттикнуваат сексуална злоупотреба и експлоатација на деца, се вели во тужбата поднесена од државата Јута, а сепак не биле забранети, објави ПиСи прес. Пред забраната на TikTok во САД, Јута најави нова тужба. Иако Доналд Трамп побара забраната да се стави во мирување, работите не одат добро за TikTok. Јута го обвини TikTok за експлоатација на деца и поднесе тужба. Цитирајќи ги внатрешните извештаи за комуникација и усогласеност на вработените во TikTok, државата Јута укажува дека TikTok бил свесен за оваа закана, но не направил ништо значајно во врска со тоа. Опсежната тужба против TikTok укажува дека мрежата ќе продолжи да има значителни проблеми во САД оваа година, дури и во случај на помилување од Трамп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Шоу бизна денешен ден пред 19 години загина македонскиот славеј Тоше Проески,неговите песни живеат и денесНа денешен ден, 16 октомври 2007 година, во сообраќајна несреќа во Хрватска загина еден од најомилените пејачи на Балканот македонскиот пејач со ангелски глас Тоше Проески.Веста за неговата смрт ја потресе јавноста низ целиот Балкан. Македонската телевизија ја прекина редовната програма за да ја соопшти тажната вест. На денешен ден, 16 октомври 2007 година, во сообраќајна несреќа во Хрватска загина еден од најомилените пејачи на Балканот македонскиот пејач со ангелски глас Тоше Проески. Во моментот на смртта тој имаше само 26 години, а денешната годишнина одбележува 19 години од заминувањето на уметникот чии песни сè уште живеат меѓу публиката низ целиот регион. Проески загина во близина на Нова Градишка, за време на патувањето од Скопје кон Загреб. Веста за неговата смрт ја потресе јавноста ширум Балканот. Македонската телевизија ја прекина редовната програма за да ја соопшти тажната вест, а 17 октомври беше прогласен за Ден на жалост во Македонија. Последното испраќање се одржа во неговото Крушево, каде што беше погребан со највисоки државни почести. Десетици илјади луѓе дојдоа да му оддадат почит на пејачот, чија прерана смрт остави голема празнина на музичката сцена.На погребот присуствуваа многу познати уметници од целиот регион. Во текот на својата кариера, тој издаде седум албуми и стекна бројни обожаватели ширум Балканот. Го доби прекарот „македонски славеј“ благодарение на својот величествен глас и посебната емоција што ја внесуваше во своите интерпретации. Неговите песни „Чија си“, „Игра без граници“ и „The Hardest Thing“ остануваат меѓу најпрепознатливите нумери што публиката ги слуша и денес. Иако неговата кариера беше прекината во моментот кога тој беше на врвот на својата популарност, Тоше Проески остави неизбришлива трага во музиката. Речиси две децении по неговата смрт, неговите песни сè уште нè потсетуваат на уметникот кој со својот глас, хуманост и едноставност ги освои срцата на публиката низ целиот регион.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСпикерот Гаши на средба со претседателот на Претставничкиот дом на Холандија, Том Ван Кампен Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши оствари билатерална средба со претседателот на Претставничкиот дом на Кралството Холандија, Том Ван Кампен, во РимПретседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши оствари билатерална средба со претседателот на Претставничкиот дом на Кралството Холандија, Том Ван Кампен, во Рим, во рамките на конференцијата на претседатели на парламенти на земјите членки на Советот на Европа. Тој ја искористи оваа можност да изрази благодарност за бројните проекти преку кои Кралството Холандија придонесува за демократскиот развој и спроведувањето на реформските процеси во Република Северна Македонија. Претседателот Ван Кампен информираше дека во претходниот пратенички мандат ја извршувал функцијата известител во Комисијата за европски прашања за европските перспективи на земјите од Западен Балкан. Во таа насока, претседателот Гаши даде поширок осврт на состојбите поврзани со евроинтегративниот пат на државата, како и на потенцијалните предизвици што произлегуваат од одложувањето на процесот на проширување. Потврдена беше стратешката важност на евроинтеграциите и трансформативниот ефект што би го имало отворањето на пристапните преговори врз општеството. Планот за раст и Реформската агенда беа оценети како позитивни чекори во насока на унапредување на реформските процеси и приближување на државата кон Европската Унија. Двајцата соговорници се согласија дека постојат можности за унапредување на билатералната парламентарна соработка, како на ниво на пратеници, така и на ниво на парламентарните служби, и покрај тоа што во холандскиот Парламент не постои група за пријателство, каква што функционира во Собранието. На крајот се заложија за натамошно унапредување на билатералната соработка во претстојниот период и преку посети на највисоко ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во БитолаКомпанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во Битола, со кој во следните четири години се предвидува отворање на 2.000 нови работни места, објави на совјот Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски. Оваа инвестиција е силен поттик за економскиот развој на Битола, Пелагонија и целата држава, но и потврда за потенцијалот на македонската работна сила и индустрија. Нашата определба е јасна, нови инвестиции, современи технологии, повеќе работни места и конкретни резултати. Разликата ја правиме со дела, а не со зборови! Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26