ДУИ: Зошто полупретседателите на ВЛЕН сè уште молчат по признанието на нивниот лидер Беким Ќоку дека се „ужасно слаби“?
2ДУИ: Зошто полупретседателите на ВЛЕН сè уште молчат по признанието на нивниот лидер Беким Ќоку дека се „ужасно слаби“?
3Тушевска: Зголемено производство и извоз на земјоделски производи, реалната и редовна поддршка на Владата
ФудбалТерзиќ ја одби тренерската позиција во МонакоПретседателот на Монако, Дмитриј Риболовлев, повеќе не го сака Ади Хитер за главен тренер на тимот, според „Фут Меркато“.Един Терзиќ бил водечки кандидат за замена на Австриецот, но 42-годишниот Германец ја одбил понудата на тимот од Кнежеството. Управата на Монако преговара и со застапниците на Тијаго Мота, кој остана без клуб откако го напушти Јувентус минатата пролет. Монако е на петтото место во француското првенство по седум кола, со 15 бода.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТројца уапсени во струмичко- при претрес е пронајден кокаин и марихуанаПретрес во струмичко, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица.На 23.07.2026 во 22:30 часот во село Муртино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Ф.Р.(29), Е.И.(31) и С.Ш.(24), сите од село Банско, струмичко. При преглед на патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, во кое биле затекнати, биле пронајдени кокаин и марихуана. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и на 24.07.2026 врз основа на судска наредба е извршен претрес во домот на Е.И. во село Банско, при што била пронајднеа мариахуана. Известен е јавен обвинител од Основнолто јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
МакедонијаДУИ: Зошто полупретседателите на ВЛЕН сè уште молчат по признанието на нивниот лидер Беким Ќоку дека се „ужасно слаби“?Полупретседателите на ВЛЕН, Биљал Касами и Изет Меџити, веќе неколку дена молчат по изјавата на лидерот на ВЛЕН, Беким Ќоку, дека во Владата се „ужасно слаби“.Ова е јавно признание за политички неуспех. Иднината на Албанците, нивната застапеност во државата и заштитата на националниот интерес не можат да останат заложници на вашата слабост. Ако сте ужасно слаби, зошто и понатаму останувате во Владата? Зошто молчите кога се деградира албанскиот јазик? Зошто го прифаќате исклучувањето на Албанците од раководните позиции? Зошто молчите кога се урива правичната и соодветна застапеност? Зошто и понатаму му обезбедувате мнозинство и легитимитет на еден режим кој секојдневно ја слабее положбата на Албанците? Никој не ве испратил во Владата за да ни објаснувате колку е силна ВМРО, а колку сте слаби вие. Во Владата се останува за да се има влијание, за да се запрат штетните одлуки и за да се заштитат граѓаните за кои тврдите дека ги претставувате. Ако не можете, тогаш заминете си. Не можете истовремено да бидете дел од власта и нејзина жртва. Не можете да гласате со Владата, а потоа да се однесувате како да не сносите никаква одговорност за последиците. Затоа, Биљал Касами и Изет Меџити мора да одговорат: Имаат ли некаква црвена линија? Постои ли некаква одлука поради која се подготвени да ја напуштат Владата? Или функцијата е единствената црвена линија што не се осмелуваат да ја преминат? Албанците не можат бесконечно да чекаат вие да станете посилни. Колку долго ќе ја држите иднината на Албанците како заложник на вашата слабост? Кога ќе си заминете?, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТушевска: Зголемено производство и извоз на земјоделски производи, реалната и редовна поддршка на Владата Зголемено производство и извоз на земјоделски производи, реалната и редовна поддршка на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за македонските земјоделци дава резултати.Пред две години во земјоделство затекнавме институции во застој, нерешени предмети, неисплатени плати и субвенции, блокирани проекти и континуиран пад на земјоделското производство. Само кај производителите на млеко имаше неисплатени субвенции за цели 17 месеци, додека бројни обврски од периодот 2020 – 2024 останаа нерешени и над 1.600 вработени во ЈП Национални шуми и АД Водостопанство повеќе од 4 месеци беа оставени без плата, здравствено и пензиско осигурување. За само две години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја смени оваа слика и денес Македонија бележи раст на земјоделското производство и на извозот, така во 2025 година извозот на земјоделски производи и преработки достигна 417 милиони евра, со суфицит од 215 милиони евра. Според Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко е зголемено за 2,7 проценти, овчото млеко за 4%, се зголеми и производството на свинско месо со што се задоволува целокупната количина која е потребна за домашниот пазар. Лани се произведоа и откупија околу 300.000 тони пченица, количина што ги задоволува домашните потреби. Паралелно со растот на производството, ја реализиравме и најважната обврска кон земјоделците, редовна и навремена исплата на субвенциите. Од кога ја презедовме власта, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ до денес исплатени се повеќе од 15 милијарди денари субвенции, а само во првите месеци беа исплатени околу 4 милијарди денари заостанати средства. Субвенциите во сточарството ги зголемивме за 50 проценти и се укина непотребната бирократија со двојното пријавување, со што спречивме околу 7.000 земјоделци да останат без финансиска поддршка. Од друга страна, обезбедивме поголема поддршка за производителите, така што откупната цена на тутунот се зголеми на 400 денари за прва класа и се донесе долгоочекуваната методологија за пресметка на производната цена на винското грозје, што резултираше со највисоки откупни цени за лозарите и зголемување од 25%. Посебно внимание посветивме на младите земјоделци за кои се одобрија 117 проекти со финансиска поддршка од 69 милиони денари, што претставува повеќекратно зголемување споредено со периодот на власт на СДС. Промоцијата и модернизацијата на македонското земјоделство со современа технологија беше еден од приоритетите, за таа цел се склучија 57 договори во вредност од 34 милиони денари за набавка на специјални комбајни за ориз и мини сушари, како и над 110 договори во износ од 16,5 милиони денари за поддршка на локални саеми и манифестации. Овие бројки покажуваат дека кога има одговорно управување, резултатите не изостануваат, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжува со работа и со политики што носат развој, сигурност и подобар живот за секој земјоделец, рече Јулија Тушевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00