ТехнологијаТеории на заговор по божикната порака на астронаутите: Од каде капите и украсите?(ВИДЕО)Астронаутите на Меѓународната вселенска станица го слават Божиќ, а од орбитата испратија и порака до Земјата.Сепак, снимката на која астронаутите носат капи и украси на Дедо Мраз предизвикаа мноштво теории на заговор на Интернет, пишува Њујорк пост. За многумина најголем проблем беше појавувањето во празничното издание на Буч Вилмор и Сунита Вилијамс, двајца астронаути кои во јуни отидоа во орбитата на една недела и ќе останат во вселената барем до март поради дефект на Боинг Старлајнер. - Добредојдовте на Меѓународната вселенска станица додека се подготвуваме за божиќните празници. Ова е одлично време за поминување со семејството на вселенската станица. Седуммина сме овде горе па ќе уживаме заедно - изјави Сунита Вилијамс. - Дали со себе понесоа капи на Дедо Мраз пред лансирањето? Или таму ги плетеа? - напишал еден корисник на Икс (Твитер). To everyone on Earth, Merry Christmas from our @NASA_Astronauts aboard the International @Space_Station. pic.twitter.com/GoOZjXJYLP — NASA (@NASA) December 23, 2024 Друг коментатор се огласи: - Дали се тоа истите оние кои заминаа на осумдневната мисија во јуни? Трети, пак, веруваа дека присуството на украсите е знак на голема завера и дека астронаутите всушност не биле заглавени во вселената. - Сето тоа е едно големо шоу - напиша еден коментатор. Друг корисник на X додаде дека астронаутите кои лебдат во вселената се всушност во филмско студио. I have questions. The astronauts Don Pettit and Suni Williams went up to space in June and were only supposed to be there for 8 days. Where did they get Santa hats? How have they had enough food and water to last long long after their 8 days? I thought Elon Musk had brought… pic.twitter.com/IUhUu6eHnq — Shipwreck (@shipwreckshow) December 20, 2024 Сепак, објаснувањето за работите што ги збунуваат теоретичарите на заговор е прилично едноставно. New York Post потврди дека капата на НАСА за Дедо Мраз - заедно со други украси, специјални подароци за членовите на екипажот на вселенската станица и новогодишни оброци - биле дел од пратката од 3 тони на SpaceX кон крајот на ноември. Меѓународната вселенска станица се снабдува неколку пати годишно, па постоењето на украси воопшто не изненадува. Особено ако се земе предвид дека станицата работи од 2000 година и дека многу астронаути веќе ги прославија Божиќ и Нова Година во орбитата. На пример, ова не е прв Божиќ за Вилијамс во вселената: таа беше дел од мисијата во 2006 година, која беше закажана за божиќните празници. Доставата на храна вклучува шунка, мисирка, компири, зеленчук, па дури и пити и колачиња. Други мисии и научни предмети биле дел од испораката. И со дел од дополнителниот простор, НАСА испрати неколку празнични предмети за астронаутите, вклучувајќи капи и новогодишна елка. Од 10-те луѓе кои моментално се во вселената, 7 се на Меѓународната вселенска станица. Заедно со Вилмор и Вилијамс, тука се и нивните американски колеги Ник Хејг и Дон Петит, како и руските космонаути Алексеј Овчинин, Иван Вагнер и Александар Горбунов. Рускиот дел од екипажот денеска не го слави Божиќ, туку според јулијанскиот календар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГаши од Рим: Силни институции за доследна примена на правилатаАфрим Гаши се обрати на тема „Обновување на меѓународниот поредок заснован на правила: улогата на парламентите во справувањето и одговарањето на современите кризи“.На конференцијата на претседатели на парламенти и на генерални секретари на земјите членки на Советот на Европа, која на 15 и 16 октомври 2026 година се одржува во Рим, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши се обрати на тема „Обновување на меѓународниот поредок заснован на правила: улогата на парламентите во справувањето и одговарањето на современите кризи“. Во својот говор пред колегите, претседателот Гаши нагласи дека во услови на зголемена неизвесност и сложени геополитички, безбедносни и економски предизвици, меѓународното право претставува клучен предуслов за зачувување на мирот и стабилноста, заштита на суверенитетот и правата на државите и воспоставување јасни правила во меѓународните односи. Притоа, ја истакна потребата од силни институции што ќе обезбедат доследна примена на овие правила, посочувајќи ја улогата на парламентите во демократскиот надзор, легитимирањето на меѓународните обврски и поттикнувањето на дијалогот и соработката. Осврнувајќи се на улогата на Советот на Европа, тој го истакна придонесот на Организацијата во унапредувањето на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Нагласи и дека парламентарната дипломатија е важен инструмент за зајакнување на меѓусебната доверба, продлабочување на меѓупарламентарниот дијалог и развивање долгорочни партнерства засновани на соработка и почитување. Во контекст на современите предизвици, претстедателот Гаши ја потенцираше важноста и на регионалната соработка и координираните активности за зајакнување на колективната отпорност и справување со заедничките безбедносни, економски и социјални предизвици. На крајот заклучи дека преку отворен дијалог, размена на искуства и меѓусебна поддршка, парламентите можат да придонесат кон траен мир, стабилност и одржлив развој, во интерес на граѓаните.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во БугаријаСлучајот со бегството на Ива Михаилова ќе биде презентиран и пред меѓународните партнери во НАТО, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.Случајот со бегството на Ива Михаилова ќе биде презентиран и пред меѓународните партнери во НАТО, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои се следните чекори на државата по бегството на Михаилова во Бугарија. Запрашан како го коментира негирањето на бугарското Министерство за надворешни работи дека бугарските власти учествувале во изнесувањето на Михаилова од Македонија, Мицкоски одговори со контрапрашање. „А, што очекувате, да кажат дека учествувале во такво нешто?“ Дел од тие докази коишто ќе ги имаме во истрагата прво ќе ги презентираме прво пред нашите меѓународни партнери во НАТО, за да покажеме како партнерски земји во НАТО се однесуваат. Овој упад којшто е направен и буквално е киднапирано лице коешто сега е бегалец од правдата, нема вака да заврши. Вака едноставно нема да заврши. Но, ние исто така нема да дозволиме, да бидеме жртва на емотивни реакции. Ние ќе продолжиме со она што е нас интерес, а тоа е процесот на евроинтеграција и нема да ги напуштиме преговорите, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски уште еднаш испрати порака дека случајот со бегството на Михаилова ќе добие правна завршница, и ги отфрла обвинувањата од опозцијата за договор со бугарските власти за нејзиното пуштање. „Со одговорот на бугарските власти најпрво паднаа во вода координираните напади што доаѓаа оттаму и од нашата опозиција дека нешто било договорено. Имаме потерница и очекуваме родителот на Ива, кој е осуден, да биде вратен, а Ива да дојде и да ја докажува невиноста пред судовите во Македонија“, изјави Мицкоски. Мицкоски рече и дека истрагата околу бегството на Михаилова на 11 октормври е во тек, но не сакаше да открива повеќе детали од истата. Веќе на 12 септември беше распишана потерница за неа, но бугарското МВР преку соопштение навести дека нема наемра ниту да ја приведен, ниту да ја екстрадира, повијувајќи се на уставот на Бугарија. По првичните изјави што ги даде по доаѓањето во Софија, Михаилова не се појави веќе во јавноста, а нема информации ниту каква дијагноза и утврдиле лекарите во Пирогов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРоманија бара помош од НАТО по нападите врз бродови во Црното мореРоманија побара поголема поддршка од сојузниците за заштита на пловидбата во Црното море, по серијата напади со дронови врз трговски бродови во близина на романскиот и бугарскиот брег.НАТО разгледува дополнителни мерки за намалување на ризиците за поморскиот сообраќај. Според извештајот на „Асошиејтед прес“, во октомври биле погодени најмалку седум товарни бродови, а во нападите имало загинати и исчезнати членови на екипажите. Инцидентите ја зголемуваат загриженоста за безбедноста на транспортните правци преку кои се извезуваат украинско жито и други стоки. Меѓу опциите што се разгледуваат се зајакнување на одбраната од беспилотни летала и воспоставување заедничка команда на нато во Црното море, со учество на Романија, Бугарија и Турција. Во дискусиите е вклучен и предлог за мораториум на нападите врз цивилни и трговски бродови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter