Тензично на Бит пазар: Со жив штит и шатор среде булевар се бранеше затворање на див пешачки премин - Канал 5

Тензично на Бит пазар: Со жив штит и шатор среде булевар се бранеше затворање на див пешачки премин

Екипи на Градот Скопје започнаа со поставување ограда и затворање на дивиот пешачки премин во близина на Бит-пазар, но наидоа на силен отпор. 

Тензично на Бит пазар: Со жив штит и шатор среде булевар се бранеше затворање на див пешачки премин

Акцијата, беше прекината откако група демонстранти со „жив штит“ не дозволија затворање на нелегалниот пешачки премин.

Десетици жители дури и поставија шатор среде булеварот со закана дека нема да се поместат, доколку градските власти не го остават преминот слободен.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изјави дека претходно дел од жителите на Чаир побарале преминот да стане легален, но Градот категорично го одбил барањето поради безбедносни причини.

Денешната акција предизвика незадоволство кај жителите, кои го блокираа булеварот „Крсте Петков Мисирков“ и целосно го запреа сообраќајот. На местото имаше зголемено полициско присуство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првите два месеци од летото во западна Европа најжешки досега

Првите два месеци од летото во западна Европа беа најжешките досега, соопшти Климатскиот мониторинг на Европската унија,  континентот се бори со катастрофални пожари и се подготвува за уште еден топлотен бран.

Првите два месеци од летото во западна Европа најжешки досега

Просечната температура за јуни и јули беше 21,62 степени целзиусови, околу 2,79 степени над просекот и го надмина претходниот рекорд за топлина поставен во 2022 година, соопшти службата за климатски промени „Коперник“.

Јули беше исто така најжешкиот месец некогаш регистриран за океаните со рекордно високи температури по должината на Атлантикот и западниот Медитеран, ставајќи го во опасност морскиот живот и крајбрежните заедници. Условите беа делумно поттикнати од таканаречениот „супер“ временски модел Ел Нињо што се развиваше во Пацификот.

Континентот е погоден од низа смртоносни топлотни бранови, а за оваа недела се прогнозираат уште повисоки температури. Топлината уби повеќе од 25.000 луѓе низ Европа оваа година, според податоците од Блумберг..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Погрешено македонското знаме – нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски

На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме.

СДСМ: Погрешено македонското знаме – нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски

Срамно и понижувачки.

Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба.

Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно.

Го погрешија македонското знаме.

Тие знаат само за тендери, проценти, провизии, кога е државноста во прашањето, македонските национални симболи, тогаш појма немаат.

За тендери и провизии од милионски бизниси – тие се експерти.

За македонско знаме – аматери.

Неспособни се македонското државно знаме да го направат како треба.

Владата сега да излезе пред граѓаните и да каже:

Која компанија била ангажирана?

Кој бил задолжен за сценографијата и визуелниот идентитет?

Колку пари се потрошени?

Кој ќе понесе одговорност за ваквото понижување на македонскиот државен симбол?

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран се приближува кон финален договор со Оман со кој ќе се дефинираат нови бродски линии преку Ормутскиот Теснец

Иран соопшти дека се приближува кон финален договор со Оман со кој ќе се дефинираат нови бродски линии меѓу нив преку Ормутскиот Теснец.

Иран се приближува кон финален договор со Оман со кој ќе се дефинираат нови бродски линии преку Ормутскиот Теснец

Иран соопшти дека се приближува кон финален договор со Оман со кој ќе се дефинираат нови бродски линии меѓу нив преку Ормутскиот Теснец, но повтори дека САД мора да исполнат други услови, вклучително и компензација и укинување на санкциите и да престанат воените закани, пред повторно да се отвори стратешкиот воден пат.

Американски функционер во петокот за Ројтерс изјави дека Иран и Оман се блиску до договор што би можел да го отвори патот за враќање на безбедното минување низ теснецот, главен канал за испорака на нафта и гас пред Иран да го блокира, како одговор на нападите на сад и израел врз техеран што започнаа кон крајот на февруари.

Американскиот претседател Трамп во интервју за „Аксиос“ изјави дека САД се „дискретни“ во преговорите со Иран.

„Ние само полупреговараме со нив. Само го гледаме иран со неговата огромна инфлација и фактот дека немаат пари“.реќе тој.иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи рече дека повторното отворање на теснецот делумно ќе зависи од тоа дали сад ќе платат компензација за штетата предизвикана во широките напади врз Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер