ВМРО-ДПМНЕ: Јасно и гласно до СДС и Филипче, вие со Заев што ја распродававте Македонија за личен профит, згради и станови во Дубаи сте во длабока опозиција
1ВМРО-ДПМНЕ: Јасно и гласно до СДС и Филипче, вие со Заев што ја распродававте Македонија за личен профит, згради и станови во Дубаи сте во длабока опозиција
3О. Кисела Вода: Започна првата фаза од реконструкцијата на локалниот пат од мостот во Драчево до ОХИС
Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
1Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
ТенисТенисер толку гласно офкал на тренинг, што соседите го пријавиле дека снима порно филм Доминик Тим, победникот на УС Опен во 2020 година, двократен финалист на Ролан Гарос и финалист на Австралија опен, се обидува да се врати на врвот на тенисот, од кој падна поради повреда.Некогаш трет тенисер во светот, сега е на 352. место, а со силни тренинзи се обидува да ја фати формата за нов подем. На еден од нив доживеал непријатното искуство со пристигнување на полицијата, што му ја испратиле жителите на Траискирхен. Неговите офкања и викања на тренингот, како и тоа што го виделе како тренира без маица, ги замениле со снимање филмови за возрасни, па му испратиле полиција со задача да истражи што навистина се случува таму. "Ова не ми се случува прв пат. Секогаш е смешно, но разбирам зошто го направија тоа. Понекогаш на тренинг викам и испуштам чудни звуци", прокоментирала Тием низ смеа. Австрискиот тенисер годинава поради повреда одигра само шест меча. Ги загуби сите шест.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Јасно и гласно до СДС и Филипче, вие со Заев што ја распродававте Македонија за личен профит, згради и станови во Дубаи сте во длабока опозицијаВенко Филипче пак се јави со, небаре, патриотска флоскула, која добро звучи но би имала значење ако не е кажана од оние кои Македонија ја распродаваа за личен профит, златни визи, згради и станови во Дубаи, јахти во Грција, фирми во Бугарија ....РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Венко Филипче пак се јави со, небаре, патриотска флоскула, која добро звучи но би имала значење ако не е кажана од оние кои Македонија ја распродаваа за личен профит, златни визи, згради и станови во Дубаи, јахти во Грција, фирми во Бугарија и ред други финансиски придобивки. Венко Филипче заедно со неговиот ментор Зоран Заев се тие коишто тргуваа со националните интереси, идентитетот, историјата, јазикот, го сменија името, ја ограбија државата, ги осиромашија граѓаните. Сега, како тоа да не им беше доволно, се противат на напорите на Владата да ја развие државата, да ја развие економија и против граѓаните да живеат подобро. Развојот на рударството е една од гранките кои овозможуваат дол и стабилен раст и развој на домашната економија и индустрија, а СДС и Венко Филипче се против. Како што се против и против развојот на напредната високотехнолошка индустрија и изградбата на дата-центрите, додека одредени нивни сегашни и поранешни сопартијци и ја поддржуваат идејата, а и влегуваат во бизнисот со дата-центрите. Проблемот со развојот на Македонија, очигледно е само кај поединци од талогот на СДС под команда на Венко Филипче. Затоа што тој, под менторство на Заев единствено прифаќа марихуана економија за струмичкиот клан на Заеви, бизниси и тендери од кои лично тој би профитирал дебели провизии и проценти. Со ова Венко Филипче уште еднаш покажа дека не само што е против развојот на државата, туку, воопшто, против Македонија. Наспроти нивните ликувања и обиди државата да не успее, на СДС и Филипче им порачуваме, продолжете да се препелкате во вашиот талог, Македонија ќе се развива и ќе успее и за тоа посветено работи владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. И јасно и гласно до СДС и Филипче, вие со Заев што ја распродававте Македонија за личен профит, згради и станови во Дубаи сте во длабока опозиција. Народот ве прочита и на следните избори, кога и да се случат, ќе ве испрати во темните страници на историјата. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
МакедонијаСДСМ: За работата на српската машинерија Филипче најави кривична пријава против ТрајчевскиПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, најави дека СДСМ планира да поднесе кривична пријава против директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран ТрајчевскиПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, најави дека СДСМ планира да поднесе кривична пријава против директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, а во однос на начинот на кој е дадена дозвола за емитување на програмата на Арена М и потенцијално оштетување на буџетот. Филипче посочи дека писмата до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и европската комесарка Марта Кос, во кој ќе ги информира за хибридната војна преку медиуми од „српскиот свет“, се подготвени и ќе бидат доставени во текот на денот или најдоцна утре, заедно со кривичната пријава. „Да, писмата се подготвени и во текот на денот, најдоцна утре, ќе ги испратиме. Јасно е наведено кои се нашите забелешки, а против Зоран Трајчевски планираме да поднесеме кривична пријава“, рече Филипче. Тој додаде причината кривичната пријава е јасна и конкретна - како на медиумот Арена М му е дадена дозвола како за странски канал. „Многу конкретно. Затоа што на македонски медиуми овде, кои овде функционираат, конкретно Арена М, која што е сместена во просториите на Градскиот стадион, тука им се канцелариите од каде што се емитува програмата, гледаме фудбалски пренос од тие канцеларии, таму од тие простории на Градскиот стадион, им дал дозвола како за странски канал. Значи, дадена е дозвола на медиум кој овде продуцира програма, како да е странски, а во тие регистри во странство го нема. И тоа е противзаконски и тоа е оштетување на буџетот. Но, тоа не се прави без поддршка на власта од највисоките кругови на власта“, рече Филипче. Во одговорот на новинарско прашање, Филипче порача дека за овие постапки мора да има одговорност. „Нека се мислат и Трајчевски и тој од државна Лотарија на кој му кажуваат што треба да работи, да троши народни пари и да го оштетува буџетот за интересите на власта. Што прават луѓето? Им упатив јавно предупредување до тие луѓе да не го слушаат Христијан што им зборува, затоа што ќе одговараат. Нема да има милост за никого и ќе ги вратат парите“, рече Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотХакери се закануваат со објава на документи од агенти на ФБИХакери му дадоа на ФБИ една недела. Потоа, се закануваат дека ќе објават сè.ФБИ истражува тврдења на хакерска група која објави дека украла чувствителни информации за илјадници вработени. Хакери од колективот „ShinyHunters“ тврдат дека ги поседуваат приватните податоци на сите 38.000 вработени во Бирото, како и податоците на кандидатите кои аплицирале за работа, пренесува Би-Би-Си. Според нивните тврдења, базата на податоци ги содржи имињата на агентите, нивните функции, службените броеви и личните податоци, вклучувајќи домашни адреси, телефонски броеви и информации за брачните другари. Дел од податоците наводно содржат детали за работни задачи, вклучувајќи и доверливи операции против кинески шпиони, руски разузнавачки служби и нарко-картели. Достапните примероци од податоците изгледаат автентично. ФБИ објави на платформата „X“ дека е запознаено со наводите и дека агенцијата „активно и темелно го истражува овој случај“. Хакерите тврдат дека упаднале во серверите на ФБИ во понеделникот вечерта, а веќе во вторникот почнале да контактираат со новинари и да им испраќаат примероци од украдените податоци. „ShinyHunters“ е меѓународна хакерска група за која се верува дека потекнува од Франција. Групата е одговорна за низа големи напади, вклучително и нападот врз Rockstar Games во април и врз образовната платформа Canvas во мај, кои предизвикаа значителни пречки во работењето. Хакерите тврдат дека откриле безбедносен пропуст во системот за складирање податоци во облак на Oracle, кој го користи ФБИ. Според нив, овој пропуст им овозможил да упаднат во повеќе системи, вклучувајќи ги FBIJOBS, FBI BEAST (за проверка на вработени и кандидати), FBI MedLink (со здравствени досиеја на агентите) и FBI BICS (кој содржи информации за истраги). Групата на „дарк веб“ (dark web) објави дека не го хакирала системот на ФБИ поради пари. Наместо тоа, тие бараат од агенцијата да го повлече официјалното предупредување што го издаде за нив. Велат дека се навредени од начинот на кој биле опишани. Во таа изјава, ФБИ ги опиша ShinyHunters како опасни актери кои често „користат вистински или преувеличени тврдења за пристап до чувствителни или лични информации за да изнудат пари од жртвите“. „Тие се насочени кон големи технолошки, финансиски и малопродажни компании, честопати крадејќи милиони кориснички записи одеднаш“, се наведува во предупредувањето. ShinyHunters му даде на бирото рок од една недела да ги исправи или отстрани она што го тврдат како лажни обвинувања. Во спротивно, се закануваат дека ќе ја објават целата база на податоци. Во објава на платформата X, агенцијата изјави дека се обидува да утврди дали хакерите директно ги пробиле нејзините системи или компромитирале систем на трета страна. „Активно и интензивно го истражуваме ова прашање и тесно соработуваме со надворешните даватели на услуги кои ја поддржуваат страницата FBIJobs.gov за да ги ублажиме сите ризици“, се вели во објавата. Аналитичар за сајбер безбедност го опиша инцидентот како одмазднички напад, истакнувајќи дека тоа покажува дека „ниту една организација не е безбедна од оваа група“.Тагови: ФБИ хакери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook