Шасивари - Григорјан: Заеднички заложби за подостапна правда и унапредување на бесплатната правна помош
2Шасивари - Григорјан: Заеднички заложби за подостапна правда и унапредување на бесплатната правна помош
3Мицкоски очекува да продолжат добрососедските односи со Србија – телефонски му честитал на Срдановиќ
ЖивотТелевизиски водител збесна во студио, сега антиваксерите му се закануваат со смрт (ВИДЕО)Мексикански ТВ водител го изгуби трпението во програмата во живо и им викаше на антиваксерите меѓу гледачите.Леонардо Швебел, кој ги чита вестите на ТВ каналот од Гвадалахара, почна да ги навредува луѓето кои не биле вакцинирани или не носат маски: „Ако сте против вакцината, вие сте имбецили... ставете ја проклетата маска на лицето !“ се внесе тој во камерата. Видеото од неговиот испад стана вирално на социјалните мрежи, а тој подоцна се покаја што врескал кон камерата, но не поради нападот врз гледачите. - Видете, не дека само сакав да ги искарам, направив слично видео на моите социјални мрежи и апсолутно ништо не се случи... Па, понекогаш треба да викаш за да ги разберат луѓето. Ако само реков: „Господине, ве молам ставете маска, ве молам, ве молам верувајте ми“, немаше да бидам овде со вас денес, му рече тој на еден колега водител во телевизиско интервју. Тој додаде дека не е точно дека во Мексико нема толку многу смртни случаи или толку многу инфекции, туку дека луѓето ја минуваат најлошата недела од почетокот на пандемијата. Швебел наводно добивал смртни закани од анти-ваксерите, но сепак ги повикува сите што поскоро да се вакцинираат. Изјавува дека не му е гајле ако го нарекуваат луд поради неговиот испад се` додека маските се користат правилно и луѓето се вакцинирани. 🖥#VíaZoom Leonardo Schwebel (@LeoSchwebel), conductor de @TelediarioGDL, habla sobre su vídeo viral donde arremetió contra las personas que niegan a vacunarse. "Pónganse el m#ldito cubrebocas"#TelediarioEnEl6 | #EnDirecto https://t.co/VqUPqVgacF pic.twitter.com/eA3dtHVj0i — @telediario (@telediario) January 17, 2022 Во Мексико досега се регистрирани повеќе од 4,39 милиони случаи на ковид и 301.000 смртни случаи. Досега целосно се вакцинирани 56 отсто од населението, а дадени се вкупно 149 милиони дози.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГаши – Тигањ: Потврдено традиционалното партнерствоПретседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ. На средбата беа потврдени блиските пријателски односи и традиционалното партнерство меѓу двете земји, кои претставуваат цврста основа за унапредување на билатералната соработка, но и позитивен пример за градење добрососедски односи и придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот. Соговорниците разменија мислења за актуелните случувања во земјата и во регионот, при што беше истакната силната и недвосмислена политичка и техничка поддршка што Република Хрватска ја обезбедува за европската перспектива на државата и напредокот во евроинтегративен процес.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШасивари - Григорјан: Заеднички заложби за подостапна правда и унапредување на бесплатната правна помошНа средбата беа разгледани можностите за подобрување на достапноста и квалитетот на правните услуги, како и за зајакнување на институционалните капацитети.Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григорјан, на која се разговараше за унапредување на бесплатната правна помош и продолжување на меѓусебната соработка. На средбата беа разгледани можностите за подобрување на достапноста и квалитетот на правните услуги, како и за зајакнување на институционалните капацитети. Министерот Шасивари ја истакна важноста на еднаквиот пристап до правда како еден од приоритетите на Министерството за правда, нагласувајќи дека правната заштита треба да биде достапна за секој граѓанин. Соговорниците ја нагласија важноста на партнерството меѓу Министерството за правда и УНДП во спроведувањето на активностите насочени кон унапредување на системот за бесплатна правна помош. Заедничката определба е преку континуирана соработка и размена на искуства да се придонесе кон поефикасен систем на правна помош и поголема доверба на граѓаните во институциите.Тагови: Јетон Шасивари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаМицкоски очекува да продолжат добрососедските односи со Србија – телефонски му честитал на СрдановиќПродолжение на добрите меѓусоседски односи и на економската соработка- ова се очекувањата на премиерот Христијан Мицкоски по промената на власта во Србија. Тој не сака да ги коментира критиките и обвинувањата од опозициската СДСМ дека имал блиски релации со Вучиќ и дека неговиот пораз ќе се одразел и на македонската Влада. Потенцираше дека меѓу првите лично му честитал на носителот на студентската листа Илија Срдановиќ. -Очекувам нашите добрососедски односи да продолжат и понатаму. / Јас сум навикнат на навредите, на конструкциите и на лагите кои ги слушам за мене, а кои доаѓаат од партиската говорница на таа опозициска партија. Тие би сакале јас да се спуштам на тоа ниво и на ист начин да им одговорам. Се разбира дека тоа нема да се случи. - Христијан Мицкоски – претседател на Влада Во меѓувреме продолжуваат обвинувањата од СДСМ на адреса на премиерот Мицкоски и владата.. Повикувајќи се на информации од српските медиуми велат дека веднаш по поразот на Вучиќ, Алта банка започнала трансфер на големи суми пари кон Македонија. За овие наводи според партијата треба веднаш да има истрага обвинителството. -Сè што кажавме се потврдува. Затоа Мицкоски и Трајко Славевски дозволија Алта банка да влезе во Македонија. Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски во Македонија. Иако Европската централна банка ѝ забрани преземање акции од австриска банка. Иако е под истрага за сомнително потекло на капитал.- Богданка Кузеска – портпарол на СДСМ Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ има контра тези дека токму претходните премиери во земјава од СДСМ имале добри релации лично со Александар Вучиќ. Српскиот свет во Македонија го промовираа Заев, Филипче и Ковачевски, исто како и бугарскиот и рускиот свет, само не македонскиот, велат од владејачката партија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter