Тејлор Свифт се појави на стадион, сите негодуваат поради односот на телохранителите (ВИДЕО) - Канал 5

Тејлор Свифт се појави на стадион, сите негодуваат поради односот на телохранителите (ВИДЕО)

На интернет стана вирално видео од Тејлор Свифт, создадено за време на нејзиното пристигнување на натпреварот помеѓу Канзас Сити Чифс, за кој игра нејзиното момче Тревис Келче и Денвер Бронкос.

Тејлор Свифт се појави на стадион, сите негодуваат поради односот на телохранителите (ВИДЕО)

34-годишната пејачка пристигнала во карирано здолниште и јакна, кои ги искомбинирала со маица налик на корсет и црни чизми. Тејлор на стадионот беше пречекана од бројни фотографи.

Некои фотографи скршнале додека ја фотографирале пејачката, по што нејзините обезбедувачи почнале да викаат да станат. Тејлор дури и застанала во еден момент, а обожавателите шпекулираа дека таа самата чекала фотографите да станат. "Нејзините чувари им викаат на фотографите за да не ја сликаат под здолништето. Браво", гласи еден од коментарите под видеото кое е прегледано 18,8 милиони пати на X.

Сепак, некои сметаат дека однесувањето на обезбедувањето било непримерно.

"Фотографите сакаат да се спуштат за да добијат подобри фотографии. Веројатно не им текнало да ја фотографираат под здолништето", напишал еден корисник на X.

„Обезбедувањето не треба никому да кажува вакви работи. Тејлор можеше да се облече поинаку“, „Можеа учтиво да ги замолат фотографите да станат, немаат право да викаат“, „Можеше да облече подолго здолниште, но не, светот мора да се врти околу неа“, остануваат уште некои од коментарите. Индипендент пишува дека Тејлор на крајот ги предупредила своите чувари да бидат учтиви.

Инаку, Тејлор Свифт често доаѓа на натпреварите со мајката на Тревис, Дона Келче, која неодамна за странските медиуми изјави дека ужива да навива за својот син во друштво на неговата девојка. „Забавно е, но сето тоа е сè уште ново...“ - вели Дона, која неколку пати била забележана со Свифт на натпреварите.

За потсетување, Тревис и Тејлор ја потврдија врската во октомври минатата година, кога беа фотографирани како се држат за рака. Во јануари, Свифт ја прослави победата во Супербоул со Тревис, а тој беше снимен како ѝ кажува дека ја сака. Тој продолжи да ја придружува на концертите во Австралија, Азија и Европа, а во еден момент дури и се појави на сцената со неа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: 3% не е доволно зголемување - пензионерите немаат за да го преживеат месецот

Зголемувањето на пензиите од околу 3% не е доволно зголемување за пензионерите да го преживеат месецот и да имаат достоинствен живот, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по средбата со пензионери во скопската општина Карпош.

Филипче: 3% не е доволно зголемување - пензионерите немаат за да го преживеат месецот

Филипче посочи дека во услови на огромен раст на цените и сите трошоци за живот, пензионерите се соочуваат со сериозен удар врз нивниот стандард, а власта не носи никакви мерки за да им помогне.

„Пензионерите никако не може да го почувствуваат зголемувањето, имајќи предвид дека зголемување од под 3%, не е доволно да се преживее месецот на толкав голем раст на сите цени, на толкав голем раст на горивата. На ваков удар на стандардот кој што се случува изминатите месеци, на пензионерите навистина има потребна поголема поддршка“, рече Филипче.

Тој посочи дека загриженоста кај пензионерите не се однесува само на пензиите, туку и на севкупните состојби во државата и политиките на власта кои директно влијаат врз животниот стандард.

„Меѓутоа и како наша најстара категорија на граѓани, тие се загрижени и за многу други работи, загрижени се за севкупните случувања во земјата, загрижени се за тоа што е загрозен европски пат, загрижени се за тоа што земјава е презадолжена, загрижени се за сите други лоши политики во однос на стандардот, економијата, финансiите, свесни се дека и нивните деца, навистина, лошо и тешко живеат, загрижени се затоа што огромен број од нив бараат излез и спас надвор од државата“, рече Филипче.

YouTube video

Скопје, 29.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Концерт за незаборав: „Вечното ехо на Бадев“ ги оживува безвременските македонски мелоди

Музичко патување исполнето со емоции, традиција и длабока почит кон македонскиот музички идентитет ја очекува публиката на претстојниот концерт со наслов „Вечното ехо на Бадев“.

Концерт за незаборав: „Вечното ехо на Бадев“ ги оживува безвременските македонски мелоди

Овој посебен музички настап е посветен на ликот и делото на еден од најголемите бардови на македонската народна песна-Никола Бадев. Неговите песни, кои децении го пренесуваат духот на македонскиот народ, оваа вечер ќе заживеат преку современи и автентични интерпретации, потсетувајќи не зашто неговиот глас останува вечно врежан во нашата културна меморија.

На сцената ќе настапат хорот и солистите на ансамбл „Танец“ и врвни домашни музички и вокални изведувач, придружувани од оркестарот на ансамбл „Танец“, ќе ги изведат најпознатите бисери од неговиот богат опус.

Датум: 16.10.2026 година

Локација: Македонски народен театар

Време: 19:30 часот

Влезници: kupikarta.com

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Единствената земја-членка на ЕУ со нуклеарно оружје изведе симулација на нуклеарен напад

Француските воздухопловни и вселенски сили изведоа симулација на нуклеарен напад како дел од воената вежба „Покер“.

Единствената земја-членка на ЕУ со нуклеарно оружје изведе симулација на нуклеарен напад

Операцијата започна од воздухопловните бази Сен-Дизје и Таверни, кои играат клучна улога во француските нуклеарни сили. Сен-Дизје ја поддржува воздушната компонента на нуклеарното одвраќање, додека во Таверни се сместени командните и оперативните центри на стратешките сили.

Во вежбата учествуваа борбени авиони „Рафал“.

„Користиме вистинска опрема и следиме реални процедури во многу сложени услови, со околу 50 летала во воздух. Единственото ограничување е тоа што не летаме со вистински нуклеарни боеви глави под крилјата“, изјавија припадници на француската војска.

Наместо вистински нуклеарни ракети „ASMP-A“, авионите „Рафал“ носеа инертни макети што одговараа на тежината и димензиите на вистинското оружје. Овие макети можат безбедно да се отфрлат доколку е потребно. Ракетата има максимален дострел од приближно 500 километри и носи нуклеарна боева глава „TNA“ со јачина од 300 килотони.

Сценарио и цели на вежбата

Во симулацијата учествуваа два тима: тимот „Црвени“ го претставуваше непријателот, додека тимот „Сини“ дејствуваше против нив. „Целта е да се осигураме дека ќе останеме способни да извршиме таква мисија во иднина, дури и додека технологијата се развива со сè поголема брзина“, објаснија претставници на француската војска.

Екипажите имаа задача да ја пробијат непријателската одбрана и да ги испорачаат ракетите на прецизни локации во одреден временски рок. За време на ноќниот лет, кој траеше меѓу шест и осум часа, секој екипаж на „Рафал“ неколку пати се полнеше со гориво од еден од 15-те авиони-цистерни. Притоа, пилотот на борбениот авион мора да маневрира при многу големи брзини и на мали височини.

„Целта е одвраќање“

„Целта на нашата мисија е да се спречи војна, а со тоа и употреба на нуклеарно оружје. ’Покер’ е демонстрација на сила, осмислена токму за да се осигура дека тоа нема да се случи“, објасни командантот Жан-Батист, кој ја стекна потребната квалификација преку учеството во вежбата. Тој додаде дека секој пилот мора да учествува во најмалку една таква операција секоја година.

Франција располага со три воздухопловни бази со нуклеарна намена: Сен-Дизје, Истр и Авор. Исто така, планира наскоро повторно да ја активира базата Ликсеј за идните авиони „Рафал Ф5“. Наредбите до базите пристигнуваат од далечина – поточно, од бункер во базата Таверни, која се наоѓа на околу 200 километри од Сен-Дизје. Во тој бункер е сместен команден центар каде што постојано се стационирани околу четириесет припадници на воениот персонал. Франција моментално е единствената држава со нуклеарно оружје во Европската Унија, а во неколку наврати се разговараше за можноста нејзината нуклеарна заштита да се прошири на целиот блок. Франција воспостави систем на „проширена“ нуклеарна одвраќачка моќ, кон кој веќе се приклучија голем број држави.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер