Тејлор Свифт му се развикува на обезбедувач, снимката има 9,7 милиони прегледи (ВИДЕО) - Канал 5

Тејлор Свифт му се развикува на обезбедувач, снимката има 9,7 милиони прегледи (ВИДЕО)

Вирално стана видеото од инцидентот што се случи за време на концертот на Тејлор Свифт во Филаделфија во саботата навечер и се рашири на социјалните мрежи.

Тејлор Свифт му се развикува на обезбедувач, снимката има 9,7 милиони прегледи (ВИДЕО)

Имено, пејачката во еден момент додека ја изведувала песната Bad Blood престанала да пее и почнала да му вика на еден вработен во обезбедувањето поради неговиот однос кон една обожавателка од публиката.

„Таа не направи ништо“, извикала таа од бината, а потоа му рекла: „Еј, застани! Нејзината интервенција очигледно помогнала бидејќи набргу потоа рече „добро е“ и продолжила со концертот.

@brilayfield hey @Taylor Swift THANK YOU from all of us on the floor for yelling at that security guard. he was a pain in the ass the entire night and the fact that this happened during #badblood made it even better 😆 PS show was PHENOMENAL 🫶🏻 Philly night 2 #taylorswift #theerastour #tswift #youneedtocalmdown #fyp #badbloodtaylorsversion ♬ original sound - Briana Layfield

Една од обожавателките сподели видео од концертот и се заблагодари на пејачката.

„Еј Тејлор Свифт, ти благодарам од сите нас што му викаше на тој чувар. Тој беше мака цела ноќ и фактот дека ова се случи за време на #badblood го направи шоуто уште подобро“, напишала таа.

Видеото за само еден ден од објавувањето е прегледано 9,7 милиони пати, а фановите во коментарите пишуваат дека обезбедувањето било агресивно.

Некои наведуваат дека споменатиот обезбедувач веднаш бил отстранет од местото на настанот и дека се работи за еден од шефовите на обезбедувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓаните

Општина Центар ја отстрани металната конструкција на улица „Даме Груев“, кај слаткарницата „Малага“. Со нејзиното демонтирање, пешачката патека повторно е слободна за движење.

Герасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓаните

„Го расчистивме просторот и го вративме на пешаците, на кои им припаѓа. Јавните површини мора да бидат слободни и достапни за сите“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Конструкцијата, која претходно се користеше како тераса, ја зафаќаше пешачката зона и го попречуваше нормалното движење во строгиот центар на градот.

Општина Центар продолжува со инспекциски контроли и активности за отстранување на бесправно поставени конструкции и објекти, со цел заштита на јавниот простор и непречено движење на граѓаните.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се повеќе лица во контрола на угостителски објекти во Скопје

Ноќеска акциска контрола во угостителски објекти во Скопје, лишени од слобода повеќе лица, меѓу нив и малолетници.

Уапсени се повеќе лица во контрола на угостителски објекти во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, ноќеска изврши контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје. За време на контролата легитимирани се 37 лица и лишени од слобода се осум лица, од кои три малолетници.

Притоа, во два угостителски објекти констатирано е пречекорување на работното време, а во еден од угостителските објекти констатирано е точење на алкохол на малолетни лица, како и лица кои поседуваат наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се уредува нова парковска површина кај „Џевахир“ во општина Аеродром

Се уредува нова парковска површина од околу 3.000 м2 во непосредна близина на комплексот „Џевахир Скај Сити“ во Општина Аеродром.

Се уредува нова парковска површина кај „Џевахир“ во општина Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во активностите за расчистување на просторот што ќе прерасне во нов парк со детско игралиште, пешачки патеки, урбана опрема и зеленило.

На целиот простот ќе биде поставен и систем за наводнување, како и комплетно нови линии за осветлување.

Благодарност до компанијата „Џевахир“ за поддршката и соработката во реализацијата на овој проект со кој аеродромци добиваат ново место за одмор, рекреација и дружење.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер