ТЕЦ Осломеј вклучен во производството на струја

И ТЕЦ Осломеј вклучен во производство струја со цел да се ублажат последиците од енергетската криза. 

Домаќинствата за 16 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа тарифа откако се воведени блок тарифите, покажуваат анализите на Регулаторната комисија за енергетика.

Според податоците на регулаторна за да заштедат граѓаните и да си ги намалат сметките наместо 281 kWh просечната потрошувачка се намалила на 244 kWh од пред 6 месеци кога се воведоа блок тарифите

„Реформата е успешна, блок тарифите даваат резултати и ја постигнуваат таргетираната цел за рационално користење на електрична енергија. Принципот кој троши повеќе да плаќа повеќе, а кој троши помалку, да плаќа помалку – има ефект и тоа го покажуваат анализите на просечната потрошувачка на електрична енергија во висока тарифа каде се регистрира за 16,32% заштеда во потрошувачката од како ги воведовме блок тарифите од 1 јули до 31 октомври“

Инаку регулаторната комисија од 1 јули воведе плаќање на струја во четири блок тарифи за да се намали трошењето. За да има поголема снабденост на пазарот од вчера во производство на струја е пуштен и ТЕЦ Осломеј. Паузата во која досега не работеше овој енергетски капацитет кој е 42 години стар била искористена за да се направат потребните ремонти за да нема испади во текот на грејната сезона се вели во соопштението на АД Електрани. Опозицијата пак менаџирањето на енергетските капацитети остро го осуди обвиинувајќе дека граќаните ис топанството плаќаат скапа струја заради несоодветното менаџирање од власта.

Според опозицијата треба да се земат во предвид и предлозите за обезбедување на поефтинми ресурси за да може и ТЕЦ Неготино и Те-то да произведуваат поефтина струја.

Милков: Скопје има одговорност да ја осигура безбедноста на сите присутни на 4-ти февруари

Освен министерот за внатрешни Демерџиев, во Скопје ќе дојде и првиот бугарски разузнавач, Пламен Тончев, најави вечерва шефот на бугарската дипломатија Милков.

Во интервју за БТВ, тој ја повика Македонија да обезбеди мирно чествување на 4-ти февруари.

-Во Скопје заминуваат министерот за внатрешни Иван Демерџиев и директорот на ДАНС, Пламен Тончев, кои ќе зборуваат за практичните чекори кои треба да се преземат, пред се, за чествувањето на 4-ти февруари. Македонија има одговорност да ги организира тие чествувања, на начин, да бидат зачувани мирот и безбедноста на сите учесници, вели Милков.

- Ние би биле задоволни доколку тие ни дадат информации, кои ние ги немаме, а се однесуваат на поврзаност на бугарски политичари со тајни служби, додава тој.

Санкционирани 109 возачи на територијата на СВР Тетово

Санкционирани се 109 возачи на територијата на СВР Тетово при денешната акциска контрола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Во периодот од 11 до 17 часот, Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 109 возачи. Од нив, 22 за возење без возачка дозвола, 44 за непрописно вградени фолии – затемнети стакла, шест за истечена важност на регистрација и осум мерки кон возачи кои вршат јавен превоз на патници. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, се појаснува во соопштението на МВР.

Оттаму наведуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Во соопштението се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.

Папата ги повика Израелците и Палестинците на дијалог во потрага по мир

Папата Франциско ги повика Израел и Палестинците на дијалог во потрага по мир и го осуди неодамнешното насилство во регионот.

По неделната молитва во Рим, Папата рече дека е длабоко тажен поради веста за убиените Палестинци во израелските антитерористички операции и смртта на израелските Евреи во нападот на синагога во петокот.

„Со голема болка ги слушам вестите што доаѓаат од Светата земја. Спиралата на смртта, која расте секој ден, ја убива малата доверба што постои меѓу овие два народи“, рече тој.

„Ги повикувам двете влади и меѓународната заедница и барам од нив веднаш, без губење време, да најдат други начини, кои вклучуваат дијалог и искрена потрага по мир“, додаде Папата.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети силен, брз и прецизен одговор на нападот на синагога во предградијата на Ерусалим, а израелската армија испрати уште војници на окупираниот Западен Брег.

Нападот во Ерусалим следи по израелската воена операција во градот Џенин на Западниот Брег во четвртокот, во која загинаа девет Палестинци, вклучително и седум вооружени лица, и прекуграничниот оган меѓу Израел и Газа во петокот. Најмалку 30 Палестинци, милитанти и цивили, се убиени на Западниот Брег од почетокот на јануари.

притисни ентер