Театарските уметници од Србија, Македонија и Албанија стануваат дел од „Отворен Балкан“ - Канал 5

Театарските уметници од Србија, Македонија и Албанија стануваат дел од „Отворен Балкан“

Претставници на националните театри на Србија, Македонија и Албанија денеска во Владата на Србија потпишаа протокол за соработка во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, јави дописникот на МИА од Белград.

Театарските уметници од Србија, Македонија и Албанија стануваат дел од „Отворен Балкан“

Договорот, кој беше инициран на неодамнешниот форум „Отворен Балкан“ во Охрид, го потпишаа в.д. директорот на Народниот театар од Белград Светислав Буле Гонциќ, директорот на Националната опера и балет од Скопје Васо Ристов и Абигајла Воштина од Народниот театар, опера и балет од Тирана, додека дополнително ќе го потпише и Симона Угриновска од Македонскиот народен театар.

-Во Охрид ја изнесовме идејата за можноста за заедничка соработка на културно ниво, на ниво на размена меѓу Тирана, Скопје и Белград и дојдовме до идеја за формирање „Отворен Балкан- театарски фестивал“, кој би подразбирал размена на искуства, педагози, уметници и изведби, изјави по потпишувањето директоторт на Народниот театар од Белград, актерот Светислав Буле Гонциќ.

Документот беше потпишан по разговорите во Белград каде претставниците на националните куќи „се договорија, се согласија и го зацртаа основниот пат на еден ваков фестивал“, рече Гонциќ.

-Фестивалот се роди на идејата дека треба да ја отвориме вратата кон иднината, особено на младите и да започнеме во еден нов концепт и свет. Поминавме многу време разговарајќи на таа тема, и официјалното потпишување на договорот формално го означи новиот почеток, рече Гонциќ.

Изразувајќи надеж дека фестивалот „ќе има позитивно влијание и врз публиката и врз самите творци“, Гонциќ додаде дека во следните неколку месеци ќе се направат подготовки за практично да се спроведе договорот и да се донесе одлука што ќе се прави.

-Фестивалот „Отворен Балкан“ е шанса да се зближиме и да соработуваме уште повеќе и да си помагаме како институции. Здрави, живи, во 2023 година мислам дека ќе почнеме да го спроведуваме овој наш договор што го договоривме вчера и денеска, изјави директорот на Националната опера и балет од Скопје Ристов.

Абигајла Воштина од Народниот театар, опера и балет од Тирана рече дека е „среќна поради поканата од Белград“, бидејќи е сигурна дека „заедно можат да се направат големи работи“.

-Ние сме толку блиски и на многу начини сме слични. Имаме некои детали и бои кои се различни, но со отворен ум и памет можеме да постигнеме се што сакаме, нагласи Воштина.

На потпишувањето на договорот присуствуваше и помошникот за современо творештво во Министерството за култура на Србија, Радован Јокиќ, кој истакна дека „на меѓусебното разбирање ништо не може да одговори како културната соработка, а денес културата е потребна повеќе од кога било“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кочоска на брифинг со новинарите уверуваше дека буџетот за 2027 година е развоен, а долгот во рамки на планираното

Јавниот долг до крајот на 2027 година ќе достигне 59,7% од БДП, односно 12,3 милијарди евра, покажуваат проекциите на министерството за финансии.

Кочоска на брифинг со новинарите уверуваше дека буџетот за 2027 година е развоен, а долгот во рамки на планираното

Наспроти обвинувањата на СДСМ дека долгот може да надмине 65%, министерката Гордана Димитриеска-Кочоска уверува дека тој ќе остане под границата од 60%. Образложувајќи го Буџетот за 2027 година на брифинг со медиумите, Кочоска посочи дека за пензискиот фонд од централниот буџет ќе се префрлат околу една милијарда евра, додека за плати во јавниот сектор пак се планирани 931 милион евра, што е раст од 6,6 проценти. За капитални инвестиции се предвидени 663,4 милиони евра, од кои над 27 милиони за набавка на автобуси и два милиони евра за нови железнички композиции. За капитални расходи во одбраната пак се планирани дополнителни 136 милиони евра. Министерката оцени дека подготовката на буџетот била особено тешка поради геополитичките тензии и неизвесноста на меѓународните пазари.

-Можам слободно да кажам дека ова е еден од најтешките буџети којшто го работело Министерството за финансии. И покрај сите овие предизвици коишто ги имавме при подготовка на буџетот, сепак влегуваме во 2027 година со стабилна буџетска позиција. Финансирањето на буџетскиот дефицит и сервисирањето на обврските е планирано да се одвива со комбинирано задолжување, со што знаете многу пати сме најавувале дека следната година ќе одиме со издавање на еврообврзница,- Гордана Димитриеска- Кочоска – министерка за финансии.

Во меѓувреме, од опозициската СДСМ повторно излегоа со критики за предлог-буџетот. Претседателот на партијата Венко Филипче предупреди дека државата има наталожени обврски од 713 милиони евра кон јавни претпријатија, општини и компании, вклучително и за поврат на ДДВ, што според него ја загрозува ликвидноста на стопанството.

-Сега се носи буџетот за следната година, после веќе многу брзиот ребаланс, што беше доказ за лошите економски политики. Нема пари за зголемување на платите во здравството, во образованието, во социјалата. Нема развојна компонента буџетот, немаше ни до сега,- Венко Филипче – претседател на СДСМ.

Во собранието денеска продолжи комисијата за финансирање и буџет. Расправата за предлог-буџетот за 2027, за кој се поднесени повеќе од 300 амандмани, започна во петокот и се очекува да трае денестина дена.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народната банка ја започна продажбата на 95,3 проценти од акциите на „АЛТА банка“, првата аукција закажана за 30 ноември

Првата аукција за продажба на „Алта банка“ АД Битола ќе се одржи на 30 ноември.

Народната банка ја започна продажбата на 95,3 проценти од акциите на „АЛТА банка“, првата аукција закажана за 30 ноември

На продажба се понудени 372.742 обични акции, односно 95,336 отсто од вкупниот број акции на Банката, во сопственост на „Алта банка“ АД Белград – во стечај, соопшти Народната банка.

Почетната цена е просечната берзанска цена на акциите од последните 6 месеци, односно 3.777 денари по акција, а ќе се продаваат по моделот „се или ништо“, што значи мора да се купи целиот пакет акции вреден 22,3 милиони евра.

Ако акциите не бидат продадени на првата аукција на 30-ти, следните ќе се одржат на 1, 2, 3, 4 и 7 декември, а секоја наредна аукција ќе биде со попуст од 10 отсто во однос на претходната...

Заинтересираните инвеститори имаат рок до четврток, 19 ноември да достават барање до Народната банка за претходна согласност, а треба да достават и писмена изјава дека ќе ги уплатат средствата потребни за купување на акциите, посочија од НБРМ.Гувернерот Славески, неодамна на прес-конференција изјави дека постојат шест заинтересирани банки, од кои две домашни.

По инфорамцијата за закжаната аукција, од опозициската СДСМ обвинија дека Мицкоски и Славески планираат да ја продадат Aлта банка двојно пниско, само, како што велат, за да ги прикријат сметките и трансакциите.

-Aлта банка оди на берзанска продажба. Ако нема купувач, цената ќе паѓа. Мицкоски и Славески планираат да ја дадат обезвреднето само за да ги прикријат сметките и трансакциите. По модел, прво никој да не се јави и на крај да се продаде за џабе. Ниту една сериозна банка не сака да купи банка со вакво портфолио, велат од СДСМ.

Од владејачката партија, пак со критики до СДСМ дека откако не успеале со ширење на паника и хистерија дека банката ќе пропадне и граѓаните ќе останат без пари, сега според нив опозициската партија тргнала со личен напад кон Мицкоски.

- Филипче се сокри на Бихаќка откако се откри вистината за Алта банка. Со месеци говореа за Давор Мацура и Алта банка, а на крајот се испостави дека тие биле првите што дозволиле да купи акции од Македонија, истиот овој за кој говореа дека е криминалец и дека поседувал сомнителен капитал, изјави Манасиевски.

Во меѓувреме, државниот обвинител Ненад Савески прашан околу постапувањето на обвинителството за кривичните пријави кои ги поднесоа гувернерот Славески и опозицискиот СДСМ за случајот со Алта банка, повтори дека обвинителството постапува доколку утврди постоење на кривично-правен настан во овој случај, но во моментов како што рече, не може да соопшти повеќе инфоирмации.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шумската полиција се засилува: Доделени уверенија на 81 полицаец и еден заменик-командир

На свеченост во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска беа доделени уверенија за завршена шестмесечна обука на 81 шумски полицаец и на еден заменик-командир.

Шумската полиција се засилува: Доделени уверенија на 81 полицаец и еден заменик-командир

Министерот Серафимовски посочи дека засилувањето на Шумската полиција со нови човечки ресурси доаѓа на почетокот на грејната сезона, кога се очекува поголем притисок врз шумите.

Тој истакна дека со вклучувањето на новите полицајци, Шумската полиција ќе може да спроведува повеќе контроли за да ја спречи бесправната сеча и да открива случаи на превоз и продажба на дрва од незаконско потекло.

„Законот треба да важи подеднакво за секого, без оглед на името или функцијата. Држете се до фактите и постапувајте во рамките на своите законски овластувања. Ја имате целосната моја поддршка во борбата против криминалот со нашето шумско богатство“, им порача министерот Серафимовски на новите припадници на Шумската полиција, соопштуваат од МЗШВ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер