Таткото е верен со нејзиното момче,а таа сака да им подари јајце-клетка за да имаат дете (ФОТО) - Канал 5

Таткото е верен со нејзиното момче,а таа сака да им подари јајце-клетка за да имаат дете (ФОТО)

Ќерката на еден од првите геј татковци во Велика Британија му понудила нејзини јајце клетки за да има бебе со своето ново момче. Патем, новото момче на нејзиниот татко е нејзиното поранешно момче.

Таткото е верен со нејзиното момче,а таа сака да им подари јајце-клетка за да имаат дете (ФОТО)

Бери Друит-Барлоу (50) во септември оваа година ја доби ќерката Валентина Вилоу Друит-Барлоу со својот двојно помлад свршеник Скот Хачисон, а девојчето било родено од сурогат мајка.

Скот е бисексуалец и претходно се забавувал со 21-годишната ќерка на Бери, Сафран.

Бери и Скот се свршиле на јахта недалеку од Хвар,Хрватска во август, а Сафран била со нив на тој одмор.

Сега таа сака да им помогне да го прошират семејството донирајќи им ги своите јајце-клетки. Како што изјави за магазинот „Клозер“, таа е задоволна што нејзиниот татко ја пронашол среќата со Скот.

"Ја сакам Валентин и сакам да ги донирам моите јајца, па тато и Скот да имаат повеќе деца. Не мислам дека тато навистина ја сака идејата бидејќи биолошки би бил дедо на тоа дете, додека Скот би бил негов татко, но јас сакам да им помогнам. Веќе си ги замрзнав своите јајца, така што тие само треба да се согласат со идејата “, рече таа.

Интересно е тоа што Сафран, Бери и Скот живеат во исто домаќинство, но и поранешниот сопруг на Бери и таткото на Сафран, Тони и децата Орландо (17), близнаците Џеспер и Далас (10) и бебето Валентина. Вилата од 6,6 милиони евра во која живеат има десет соби, така што дефинитивно има простор за секого, а Сафран тврди дека нема ништо чудно во тоа.

Таа додаде дека го запознала Скот кога имала 13 години, оделе кратко кога имала 18 години, брзо сфатиле дека нема хемија меѓу нив, а денес тој е еден од нејзините најдобри пријатели.

Бери и Тони (55) се првата британска геј двојка која има деца, близнаците Сафран и Аспен, кои се родени од сурогат мајка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп објави мапа на која Ормутскиот теснец е преименуван во „Трампов теснец“, Иран им нуди договор на САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на која Ормутскиот теснец е означен како „Трампов теснец“.. 

Трамп објави мапа на која Ормутскиот теснец е преименуван во „Трампов теснец“, Иран им нуди договор на САД

Мапата е објавена на „Трут Соушл“. Трамп претходно предложи теснeцот да биде преименуван по него, а исто така постојано ја изразуваше идејата тој воден пат да се прогласи за територија на САД.

Во меѓувреме, Иран им нуди договор на САД за повторно отворање на Ормускиот теснец во рок од седум дена. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека неговата земја им предложила договор на САД со кој би се овозможило повторно отворање на теснецот во рок од една недела.

Иако САД сè уште немаат дадено официјален одговор, весникот „Волстрит журнал“, повикувајќи се на американски функционери, објави дека американскиот претседател Доналд Трамп го отфрлил предлогот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лига на нации: Македонија вечерва против првиот фаворит Швајцарија

Македонија и Швајцарија вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го отвораат новиот циклус во Лигата на нации.

Лига на нации: Македонија вечерва против првиот фаворит Швајцарија

За првпат Македонија е дел од Б-сегментот, а во првиот напревар ќе се соочи со фаворитот во групата, во која се наоѓаат уште и Шкотска и Словенија.

Селекторот Гоце Седлоски очекува во овие натпревари репрезентацијата да покаже поголем карактер, отколку на последните четири натпревари, на кои немаше постигнато гол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Косово уапсен убиецот што застрела 26-годишик во Дуќанџик

Во Косово вчера бил уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во скопската населба Дуќанџик.

На Косово уапсен убиецот што застрела 26-годишик во Дуќанџик

Според информациите, тој бил уапсен од косовската полиција, во меѓународна акција за недозволена трговија со дрога на територија на Република Косово. За Кучи беше распишано централна и меѓународна потерница, а по вториот осомничен сè уште се трага.

Тешкиот инцидент се случи вечерта на 6 септември во Дуќанџик. Кучи заедно со И.С. се сомничи дека пукал кон група лица од мотоцикл во движење. Во престрелката животот го загуби 26-годишниот А.М., додека уште неколку лица беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер