ЈП Комунална хигиена-Скопје-Во текот на минатата недела се отстранети 850 кубни метри отпад од диви депонии
2ЈП Комунална хигиена-Скопје-Во текот на минатата недела се отстранети 850 кубни метри отпад од диви депонии
Веб ТВТаравари: Дали ќе има превремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измениFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНови возбудувања во Лигата на шампионите, Реал, Арсенал и Манчестер Сити пред сериозни предизвициНатпреварот во Мадрид е еден од најзначајните дуели во петтото коло од лигашката фаза, при што Реал влегува во пресметката со перфектен учинок по четири одиграни натпревари. Бодовите се многу поважни за ПСВ, бидејќи тие моментално се наоѓаат во долниот дел од табелата и мораат да ја подобрат својата позиција во трката за пласман во следната фаза. Во вторник се играат и неколку други исклучително интересни натпревари. Арсенал ќе ја пречека Борусија Дортмунд, додека Манчестер Сити ќе се соочи со Наполи. Посебно внимание привлекува и дуелот меѓу Галатасарај и Астон Вила, додека Порто гостува кај Феенорд, а Лајпциг ќе биде домаќин на Ленс. Распоред на натпревари – вторник, 24 ноември: 18:45 часот Бодо/Глимт – ЛАСК Галатасарај – Астон Вила 21:00 часот Арсенал – Борусија Дортмунд Комо – АЕК Атина Феенорд – Порто Манчестер Сити – Наполи Лајпциг – Ленс Реал Мадрид – ПСВ Слован Братислава – БетисТагови: Лига на шампионите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
МакедонијаЈП ПОЦ предупредува на лажни СМС-пораки и обиди за измамаЈП „Паркинзи на Општина Центар" ги предупредува граѓаните за појава на лажни СМС-пораки во кои непознати испраќачи го злоупотребуваат името на претпријатието.ЈП „Паркинзи на Општина Центар" ги предупредува граѓаните за појава на лажни СМС-пораки во кои непознати испраќачи го злоупотребуваат името на претпријатието, известувајќи за наводни неплатени обврски за паркирање и упатувајќи ги граѓаните на лажни интернет-страници за извршување уплата. Во пораките се наведуваат и закани за парични казни од најмалку 20.000 денари, како и за суспензија на регистрацијата на возилото доколку не се изврши плаќањето. Ја информираме јавноста дека овие СМС-пораки не се испратени од ЈП ПОЦ и дека станува збор за обид за интернет-измама (фишинг), преку злоупотреба на името на претпријатието. Апелираме до граѓаните да не одговараат на ваквите пораки, да не ги отвораат линковите содржани во нив, да не внесуваат лични податоци и податоци од платежни картички и да не вршат уплати преку овие линкови. Доколку граѓаните веќе внесле податоци од платежна картичка или извршиле уплата, потребно е веднаш да ја контактираат својата банка и да го пријават случајот во Министерството за внатрешни работи. За проверка на евентуални обврски за паркирање, ги повикуваме граѓаните да ги користат исклучиво официјалните канали на ЈП „Паркинзи на Општина Центар" – веб-страницата www.poc.mk, електронската адреса [email protected] или телефонските броеви 02/3212-488 и 02/3212-489. Апелираме до граѓаните на зголемена внимателност со цел да се спречат евентуални финансиски штети и злоупотреби на нивните лични податоци.Тагови: ЈП ПОЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Комунална хигиена-Скопје-Во текот на минатата недела се отстранети 850 кубни метри отпад од диви депонииВо текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3500 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.Во истиот период се отстранети 850 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 190 кубни метри отпад од диви депонии. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 20 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 14, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир. ЈП Комунална хигиена-Скопје континуирано реализира активности за одржување на јавната хигиена на скопските булевари и улици преку машинско миење со употреба на автоцистерни, што се одвива во доцните вечерни часови. Секојдневно, во три смени, се спроведува миење и метење и на плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев" и „Слобода", како и Старата скопска чаршија. Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје учествуваа и во акција за чистење на подвозникот на булеварот Гоце Делчев под стоковната куќа „Мост“, координирана од Градот Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter