Таравари: Четворица пациенти кои вчера се вратија од странство се во одлична состојба - Канал 5

Таравари: Четворица пациенти кои вчера се вратија од странство се во одлична состојба

Четворица пациенти кои вчера се вратија од Шпанија се испратени дома во одлична здравствена состојба, додека едниот пациент од Атина е задржан со цел да се утврди во целост неговата состојба.

Таравари: Четворица пациенти кои вчера се вратија од странство се во одлична состојба

Четворица пациенти кои вчера се вратија од Шпанија се испратени дома во одлична здравствена состојба, додека едниот пациент од Атина е задржан со цел да се утврди во целост неговата состојба, информираа денеска од Министерството за здравство на денешната прес-конференција.

-Кај нас беа двајца пациенти кои беа примени уште првиот и вториот ден беа стабилни, меѓутоа се уште не бевме до крај задоволни од испитувањата кои ги правевме. Вчера беа примени четворица пациенти кои се вратија од Шпанија веднаш беа опсервирани и проверени, сите добија одредена терапија. Денеска на визита повторно ги видовме земаве и токсиколошки и лабораториски анализи повторно сите наоди се во референтни вредности, пациентите се со стабилни клинички параметри и днеска и тие четвоца и тие двајца кои на почеткот ги примивме ги испративме дома во одиична здравствена сиостојба, информира доктор Чабишев.

На прес-конференцијата беше истакнато дека опекотините на пациентот од Атина биле целосно зараснати, но по направените токсиколошки лабораториски анализи било решено да остане пациентот.

Министерот Арбер Таравари посочи дека четворица пациенти остануваат критични, но дека генерално здравствената состојба на пациентите била добра.

-Вкупно во Скопје се лекуваат 24 пациенти. Во Клинички центар седум, во стара Градска болница шест и во Градска болница 8 септември осум пациенти, во приватните клиники три. Од вкупно 24 денеска девет ќе бидат испишани, тие се во добра стабилна остојба и може да продолжат со домашно лекување. Практично утре ќе имаме 15 пациенти од кои ќе видиме дали ќе има нови за испис вчера се вратија пациенти еден од Атина и четири од Шпанија. Вкупно надвор од државата се лекуваат 1 008. Денеска се најавени осум пациенти да се вратат. Двајца во Белгија, двајца во Австрија, двајца во Турција и двајца во Хрватска, практично утре ќе останеме со бројка 100, и еден пациент во Шведска е сместен во хотел, продолжува повремено да оди во болница додека го испишат и него. Имаме најави и за повеќе пациенти кои следниве денови ќе се враќат но ќе информираме за нив дополнително, рече тој.

Додаде дека генерално сите се во стабилна и добра состојба освен четворица пациенти кои беа критични. -Меѓутоа, кога велам критични денеска се малку подобро од што биле вчера, но се уште се во релатнивно тешка здравствена состојба, изјави Тараваи.

Директорката на пластична хирургија асмина Ѓоргиевска Павловска, информира дека вчера тим од клиниката бил во Кочани при што било утврдено дека има услови но нема доволно кадар.

-Видов дека има добри услови, но нема доволно кадар и материјали со тоа што заедно со Министерството ги правиме и тимовите кои би оделе таму за преврски и потребните материјали, рече таа.

Воедно испрати и апел да се внимава во однос на мелемите кои биле нудени по социјалните мрежи, бидјеќи не се знаело од какво потекло се и дали се стерилизирани.

Халанд повторно тренира со првиот тим

Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, се врати на тренинзите со првиот тим откако се закрепне од повредата на глуждот, објави денеска англискиот клуб.

Халанд повторно тренира со првиот тим

Дваесетичетиригодишниот Норвежанецот се повреди на 30 март во победата против Борнмут (2:1) во четвртфиналето од ФА Купот, а оттогаш тренира според индивидуална програма.

Халанд постигна 39 голови за клубот и репрезентацијата оваа сезона, а сè уште не е познато кога ќе се врати на теренот. /МИА

САД ја затвораат програмата на Пентагон за учество на жените во мировни мисии

 Пентагон ги сведува на минимум активностите во рамки на програмата „Жени, мир и безбедност“, пишува весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се извори од администрацијата. 

САД ја затвораат програмата на Пентагон за учество на жените во мировни мисии

Одлуката е донесена поради, како што се укажува „фокусирање на водење војна“ и долгогодишна критика од страна на военото раководство за прекумерната бирократска тежина на програмата.

Оваа програма е нова и развиена со учество на министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем и државниот секретар Марко Рубио, а со цел зајакнување на улогата на жените во спречување конфликти. Но, новиот министер за одрана, Пит Хегсет, ја окарактеризира како „феминистичка агенда поддржана од леви активисти“, со тврдење тврдејќи дека војската ја презира.

Од Белата куќа соопштија дека станува збор за „враќање на програмата на нејзините изворни цели“, и дека ќе бидат укинати деловите од агендата додадени за време на администрацијата на Џо Бајден.

Законот за оваа програма беше потпишан со цел да се зајакне стабилноста преку инклузивно учество на жените. Програмата претходно беше пофалена и од страна на Доналд Трамп како „важен чекор кон демократија“.

Јермак: Путин сака да ја замрзне војната, а не да ја заврши

Русија не бара мир, туку има намера да ја замрзне војната за да продолжи со агресијата во иднина, напиша шефот на кабинет на украинскиот претседател Андриј Јермак во авторски текст за весникот „Гардијан“.

Јермак: Путин сака да ја замрзне војната, а не да ја заврши

„Путин денеска се обложува на заморот на Западот. Тој сака да ја замрзне војната - а не да ја заврши. И затоа секое примирје без гаранции и правда само ќе отвори врата за нова агресија. Олеснувањето на санкциите, отстапките или преговорите според условите на Кремљ се стапица. Не можете истовремено да зборувате за мир и да се вооружувате за нов напад“, напиша Јермак, пренесува Укринформ.

Тој нагласи дека Путин не бара мир, туку одложување.

Според Јермак, повиците за прекин на огнот сега се исклучително корисни за Кремљ.

„Москва не ги промени своите цели. Напротив, Руската Федерација ги користи дипломатските преговори за да купи време, да се прегрупира, да ги заобиколи санкциите и да ја продолжи војната во време што ќе го избере“, нагласи тој.

Блискиот соработник на украинскиот претседател Володимир Зеленски нагласи дека единствениот пат кон мирот е да се поразат империјалните амбиции на Русија, а не да се легитимираат преку уште едно „привремено примирје“.

Пред два дена, рускиот претседател Владимир Путин објави примирје за периодот од 8 до 10 мај, кога Русија ќе ја прослави победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека нема потреба да се чека на 8 мај за да се заврши непријателството, бидејќи тоа може да се случи веднаш.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп сака траен прекин на огнот во Украина за да се запре крвопролевањето, потсетува Укринформ. /МИА

притисни ентер